Авторска архива: Игор Анѓелков

„Евтина имитација“ на Џон Кејџ

Во животот постојат нешта кои не се забораваат. Пред 30 години имав чест да преведам и приредам еден поголем текст за Џон Кејџ, еден од најпочитуваните авангардни композитори во минатиот век, оној чија легендарна композиција „4 минути и 33 секунди“ се состои само од тишина за време на која и пијанистот и публиката го доживуваат делото на лице место додека молчат, така докажувајќи дека самоконтролата и пред се’ тој чудесен звук на тишината се оние нешта што ќе го спасат светот. Три децении подоцна случајно наидувам на винилно реиздание на еден негов легендарен албум, и иако во моментот ги трошев последните пари од месечниот буџет, сепак се договорив сам со себе дека ова ремек-дело мора под итно да стане дел од скромната домашна колекција, токму поради некогашната љубов кон неговиот автор.

Читај повеќе

Кон романот „Ветрилиште“

пишува: Благородна Димовска-Буџакоска

Кукурииикууу! Го најавува петелот новиот ден, а во тој ден јас го запознав Борис Писателот кој ме освои на првата страница за да ме воодушевува се’ до последната. Борис е веќе на прагот на седмата деценија од својот живот, писател непрепознаен, неафирмиран, и никогаш не добил награда за своите романи, се’ до овој ден за кој ни пишува Анѓелков. Конечно Писателот ќе си го добие заслуженото, наградата за неговиот труд, тоа што му следува. И така ние како читатели тргнуваме да го изодиме патот заедно со Борис во овој за него најважен ден заедно да ја земеме наградата, од рано наутро се’ до вечерта. Дејството на овој роман временски толку и трае, само 16 часа…

Читај повеќе

„Амфора“ од Луиџи Пирандело

Деновиве од печат излезе новата збирка од мајсторот за пишување раскази, Луиџи Пирандело. По „Гол живот“, ИЛИ-ИЛИ со уште една прекрасна книга за македонските читатели од класикот на италијанската литература, во превод на Катерина Сотирова.

Читај повеќе

За „Ветрилиште“ на ТВ Алфа

Објвувањето на една книга поминува речиси незабележително на домашните телевизии, затоа пријатно ме изненади желбата на ТВ Алфа да направиме прилог за новиот роман „Ветрилиште“. Значи, во морето јавувања од загрижени пензионери за status quo состојбата во нашата земја, во „Утринската програма“ имало простор и за книжевноста. Убаво.

Читај повеќе

Fu.king = Fugging

По вековно исмејување, градот „Фу*кинг“ во Австрија конечно го смени името во „Фугинг“. Со години, ова гратче беше тема за потсмевање и правење шеги. Работата отиде дотаму што туристите им ги крадеа знаците, а шегобијците правеа разни ѓурултии како во епизодите на серијалот „Панк’д“.

Читај повеќе

35. издание на филмскиот фестивал во Љубљана

Ноември е месецот кога словенечката метропола танцува во ритамот на филмот. Колегата Симон Попек и неговата екипа долги години се трудат Љубљана за време на фестивалот да го добие најдоброто од тековната европска и светска кинематографија, и судејќи според понудата, повторно успеваат во тоа. Од 13 до 24 ноември сите филмофили можат да уживаат во програмата поделена во неколку секции, која од која попровокитвна и повозбудлива. Во продолжение правиме краток хајлајт на понудата 😉

Читај повеќе

Гостување во радио емисијата „Македониум“ на РТВ „Војводина“

Вчера, на 80-годишнината од ослободувањето на Скопје, на покана на Јулијана Милутиновиќ гостував во третата програма на медиумскиот сервис на Радио-Телевизија „Војводина“. Eмисијата „Македониум“, која водителката ја уредува од далечната 2007 година, се емитува на македонски јазик секоја среда околу 14 часот. Јуле, која ја знаете и од ди-џеј подиумите во изминатите две декади, ми постави супер прашања, избра супер музика, и чинам дека испадна едно интересно парче од 30 минути вредно за внимание. Повод беше излегувањето на мојот нов роман „Ветрилиште“. Еј да, повторно сум на радио, мојата прва медиумска љубов 🙂

Читај повеќе

Слободно Скопје

На денешен ден пред 80 години нашето Скопје беше ослободено од клетите окупатори, по што градот плански се развиваше во современа метропола, во која и денес живееме, твориме, пееме и се смееме – доколку на работите гледаме од позитивната страна. Оние од другата страна на огледалото се повеќе на број, но денес не е моментот за потенцирање на поинаквиот вид на урбана окупација со која се соочуваме, почнувајќи од градежната мафија, па се’ понатаму. Да се вратиме на темата. Како потсетување на тие бурни денови при крајот на Втората светска војна, во прилог еден историски артефакт изложен во постојаната поставка во Музејот на град Скопје на старата железничка станица, прогласот со кој се објавува дека Скопје е ослободено од страна на 42-та македонска дивизија и останатите организирани воени единици.

Читај повеќе

Да се биде Џон Малкович 2

Многу ме израдува веста кога прочитав дека Спајк Џонз и Чарли Кауфман по 25 години седнале на астал, решени да снимат продолжение на филмот „Да се биде Џон Малкович“. Фантастичната драма-комедија од 1999 година беше вистински погодок, и се’ ми се чини дека оттогаш не се појавило вакво сценарио во Холивуд, кое и покрај скептицизмот, помина одлично и кај критичарите и меѓу филмофилите. Ова беше прв целовечерен филм за тандемот сценарист-режисер, кој по овој проект сними еден куп квалитетни остварувања, кои секогаш се очекуваа со возбуда: „Адаптација“, „Онаму каде што се дивите нешта“, „Нејзе“… (Џонз); „Исповед на опасниот ум“, „Вечното сонце на беспрекорниот ум“, „Се мислам да ставам крај“… (Кауфман). Но, за жал, со новиот проект не тече сe’ подмачкано како што треба 🙁

Читај повеќе

„Ветрилиште“, медиумско пакетче

Деновиве излегувањето од печат на новиот роман „Ветрилиште“ беше проследено и во домашните медиуми. Еве едно мало медиумско информативно пакетче кое стартува со објавата во „Културен печат“ на почитуваниот Тони Димков 😉

Читај повеќе