Авторска архива: Игор Анѓелков

„Скопски дамари“ од Благоја Иванов, предговор

„Некои лица, некои предмети, некои предели се јавуваат во сеќавањето како светли траги во примракот за да не’ потсетуваат на времето фатено во мрежата на старите улици, исчезнати меѓу новите бетонски блокови на сегашноста. Со глув ѕвон одѕвонуваат старите имиња, исчезнуваат тие заедно со старите предели. И само сеќавањето понекогаш ги спасува од суровоста на заборавот, за да ни се вратат несмело, небаре се сеништа што тешко ја поднесуваат дневната светлина. Па така, старите предели се губат полека и засекогаш, заедно со старите имиња. Потонуваат тие во длабините на заборавот и во вировите на секојдневноста, како бродови со драгоцен товар што залудно го очекуваат случајот да ги отпрета од немирното дно на водата“.

Читај повеќе

„Смоква“ од Горан Војновиќ

„Смоква“ е досега најкомплексниот и најзрел роман на Војновиќ, значително поинтимен, фокусиран на судбината на три генерации од едно семејство, битно обележан со некогашната заедничка држава и со нејзиниот распад. Како и сите претходни романи, така и овој ги надминува границите на матичната словенечка книжевност, првенствено поради темите со кои се занимава, поради јазикот со кој се служи и поради сместеноста на фабулата, но и поради преокупацијата со прашањето на идентитетот и на неговото создавање.

Читај повеќе

Салвадор Дали во Париз

Секако дека најдобар начин за запознавање одблизу на Надреализмот е посетата на „Театарот-музеј Дали“ во Фигуерес, Каталонија, меката за љубителите на откачената уметност на големиот Салвадор, но и неговата париска приказна не е за потценување. Иако скриен во пазувите на Монмартр, музејот „Espace Dali“ претставува врвно доживување за секој посетител, затоа што на едно место може да се видат дури 300 експонати од овој славен уметник, еден од најпознатите во минатиот, 20-ти век.

Читај повеќе

Сјаење во улицата на брестовите

Историја на филмскиот жанр – ХОРОР

Приказните за вестернот, мјузиклот, научната фантастика, рокументарците  и воениот филм се веќе зад нас, а следниот жанровски предизвик пред нас е хоророт. Можеби овој
жанр не остави значајни дела за паметење „на прва топка“ во филмската историја, но кога ќе се сумираат резултатите, секако дека неизбежна филмска лектира за сите вљубеници во седмата уметност претставуваат еден „Психо“ на Хичкок, „Егзорцист“ на Фридкин или „Сјаење“ на Кјубрик, да речеме. Но, одиме по ред

Читај повеќе

„LP fight“: John Coltrane vs New order

Човек во вакви стегнати времиња треба да си го направи кеифот, нели, бидејќи само тоа и останува. Затоа викендов се подновив со две плочи 😊

Читај повеќе

Песни 1 – Чарлс Буковски

Чарлс Буковски беше еден и единствен, автентичен глас на маргинална Америка. Многумина за време на неговиот живот и после неговата смрт се обидуваа да го копираат, но не успеаја во намерата. Неговите песни се лек во времиња како овие, кога човештвото не знае што да прави со себе. Впрочем, песните на Буковски функционираат во секое време-невреме. Затоа е добро да се има колекција од неговата поезија, на која во секој момент можеш да се потпреш. 

Читај повеќе

Кон „Шрапнел“ од Игор Анѓелков

пишува: Лидија Димковска

Најновиот роман на Игор Анѓелков, „Шрапнел“ (Или-Или, Скопје, 2020), се чита во еден здив од неколку часа и како што ми се допадна мене мислам дека ќе им се допадне на многумина читатели. Во романот две приказни течат најпрво одделно,  како разговор помеѓу двајца писатели кои се подготвуваат секој да го напише својот роман, а потоа со договор помеѓу нив, се слеваат во една приказна во која, сепак, ги зачувуваат своите автентични карактеристики.

Читај повеќе

(Во) Главата на Кафка

Книжевен туризам! Колку тоа интересно звучи, особено доколку добро е осмислен, бидејќи дел од туристите не се секогаш заинтересирани да ги посетат само оние, најизвиканите места во понудата, туку сакаат да видат и нешто друго, поинакво. За мене првата асоцијација на Прага отсекогаш била Франц Кафка. Познавајќи го неговото книжевно дело, сигурен сум дека тој се превртува во гробот знаејќи на каков комерцијален начин се „користи“ неговата оставина. Но, живееме во 21 век, каде „се’ е дозволено“ и „се’ мора да помине“.


Читај повеќе

Трансформацијата на кроткиот човек Игор Анѓелков

Во време кога сите сме преокупирани со ситуацијата во која нашите генерации за прв пат се соочуваат со пандемија од ваков вид, романот „Шрапнел“ мудро продолжува да живее меѓу читателите. Впрочем, кога книгата ќе излезе од печат, таа веќе не му припаѓа на писателот, туку на читателите. А д-р Тони Ќосев е еден од нив. Ценет професионалец во Струмица и околината, љубител на уметностите, и пред се’, пасиониран читател. Токму затоа се драгоцени ваквите импресии. Текстот го добив на мејл, и по телефонскиот разговор во кој со д-р Ќосев убаво си поприкажавме, добив дозвола да го објавам и овде

Читај повеќе

Фрида Кало – болка, страст, љубов

За да го одбележи 111 роденден на една од најзначајните жени-уметници во 20 век, „Унгарскиот национален музеј-галерија на убави уметности“ во 2018 година (07 јули – 04 ноември) ја приреди изложбата на селектирани дела од Фрида Кало, според написите, можеби најдобрата и најкомплетна досега на европско тло. Повеќето од изложените дела пристигнаа од Музејот „Долорес Олмедо“ во Мексико сити, а покрај нив имаше и објекти од Етнографскиот музеј во Будимпешта во контекст на животот на Фрида, алудирајќи на мексиканската историја, култура и традиција.

Читај повеќе