Почнувајќи нешто пред пандемијата, па се’ до денес (што значи – цирка две години), одејќи или возејќи велосипед низ скопските улици ги забележував актуелните скопски графити и ги ставав на ФБ, каде наидуваа на прекрасни коментари – од политички до хумористични. Во овој текст ги собирам на едно место, фино надоврзувајќи се на претходните текстови на оваа тема.
Денеска од печат излезе преводот на најдобриот италијански роман во 2020 година. По издавањето на исто така романот-лауреат „Тивок хаос“ во 2016 година, кој наиде на одличен прием кај македонските читатели, ИЛИ-ИЛИ се одлучи да го издаде и актуелниот добитник на престижната италијанска книжевна награда „Стрега“, романот „Колибри“ од Сандро Веронези, во превод од италијански јазик на Анастасија Ѓурчинова.
Деновиве на домашната адреса конечно пристигна албумот „Debut“ на Бјорк, кој сакав и морав да го имам во мојата ЛП колекција, затоа што на прсти се бројат возбудливите соло артистки кои во деценииве наназад останаа доследни на својот израз и продолжија да блескаат како и на своите почетоци. А токму почетокот на исландската музичарка од 1993 година е еден од оние проблесоци со кои малку музичар(к)и можат да се пофалат. „Деби“ е фантастичен албум во секоја смисла кој не го згази времето, и кој звучо свежо и полетно и денес. Но, доколку ја погледнеме музичката приказна на Бјорк, овој албум е еден од неколкуте нејзини „дебија“ во кариерата. Затоа и насловот на текстот е „Дебито на Бјорк“, како општа одредница на секогаш новите и возбудливи почетоци во нејзината богата музичка кариера која трае веќе 40-тина години.
Од март 1993 година во прекрасниот Херцег нови се наоѓа најмалата книжарница во Европа, а можеби и во светот. Сместена само во 3.80м2, книжарницата „Мимоза“ нуди богат избор од квалитетна литература. Интересно, просторот е тесен, но истражувајќи по насловите на полиците, добивате чувство на големина, како да гледате кон морскиот хоризонт недалеку оттука.
Вообичаеното пакетче за најмладите за Нова година содржи многу блачко, по нешто солено, и евентуално, ако им текнало на производителите, сликовница или боенка, не дај боже книга. Еден познаник пред некој ден ми кажа дека годинава популарни биле термосите, и навистина, и ние добивме примерок во едно од пакетчињата. Ќе ни се најде, секако. Поместување од сето ова направи драгиот пријател Никола Стиков, кој преку неговата веб страница naukazadeca.mk не’ мотивираше да донираме и да ја поддржиме неговата иницијатива, вклучувајќи ја и фондацијата „Кантарот“, а за возврат добивме прекрасно пакетче кое содржи разни волшебни нешта за правење на четири научни експерименти. Совршено!
Вообичаено на 1 јануари сите се возбудени околу традиционалниот концерт на Виенската филхармонија, но денеска се селиме во соседниот град, каде во 2016 година во Националната концертна сала “Бела Барток” маестрален концерт одржа легендарниот американски џез пијанист Keith Jarett.
Редно е годината да ја заокружиме на позитивен начин, со гостување на едната половина од ИЛИ-ИЛИ во „Утринска на Телма“, по повод 200 наслов во едицијата ПРОаЗА. Во воведот од разговорот пријатно изненадување, со потсетување на едни не толку далечни времиња Голема благодарност до Марко, единствениот во македонскиот медиумски простор кој сметаше дека значајниот јубилеј на ИЛИ-ИЛИ треба да се одбележи со интервју, сето останато е копи-пејст варијанта
Пријатно бев изненаден кога пред некој ден холивудската академија за филм ги објави насловите кои влегоа во потесниот, претпоследен круг за документарен филм во трка за Оскарите, бидејќи меѓу нив се најде и последното остварување на Тод Хајнс посветено на моите музички херои Велвет андерграунд. Но, откако го изгледав филмот и кога подобро размислив, нема сомнение дека се’ што сними досега Тод Хајнс, а е поврзани со музиката, претставува вистинско ремек дело. Се сеќаваме на филмот „Velvet goldmine“ од 1998 година, во кој ни ги претставува многуте трансформации на камелеонот Дејвид Боуви, како и на „I’m not there“ девет години подоцна, во кој тоа го прави со Боб Дилан, игран од седум различни актер(к)и. Сепак, овој пат Хајнс го зема доку-жанрот за да ни ја раскаже приказната за, според многумина, најзначајниот бенд во современата музичка историја. Меѓу нив сум и јас, и безобразно ќе ја искористам оваа можност низ текстот да си ја претставам мојата колекција на плочи од њујоршките легенди 😉
Денеска во 12 часот присуствувавме на одличен новогодишен концерт за деца на македонската филхармонија насловен „Филхармонија патува во вселената”. На програмата беа „Планетите” на Густав Холст под диригенство на вонземјанинот Миле (Џијан Емин), надополнети со супер едукативните анимации на Емил Петров и Доријан Миловановиќ, и со Мартин Јорданоски како космонаутот Ратко кој прекрасно ги анимираше посетителите. Марс, секако, звучеше најмоќно. Убава увертира пред Новогодишните и Божиќните празници