Сета оваа актуелна ситуација со (само)изолацијата, и следствено на тоа, со дехуманизацијата до одреден степен, ме потсети да се навратам на делата на еден прекрасен уметник, во чии слики се вљубив уште веднаш, по првата средба со нив во едно од оние специјализирани изданија на „Taschen“. Од сета понуда што ја имав пред себе во книжарницата во тој момент (Пикасо, Дали, Ван Гог, Моне, Мане…), највеќе ме привлече насловната на која беше претставен детал од сликата „Nighthawks“, или, во слободен превод, „Ноќни птици“, која зрачеше со својата сугестивност и магичност. И уште подобро што името на уметникот Едвард Хопер во тој момент за мене беше сосема непознато, бидејќи значеше дека пред мене е уште еден уметнички свет за откривање, кој набргу потоа ми стана и еден од омилените во историјата на сликарството.
Авторска архива: Игор Анѓелков
Кон „Втора младост, трета светска војна“ на Бернајс пропаганда
На 04 септември минатата година излезе петтото студиско издание на Бернајс пропаганда насловено „Втора младост, трета светска војна“. Оттогаш помина доволно време за овој албум да се преслуша, да се пропушти низ филтрите, и на крајот, како феникс од пепелта да изнедрат зборови со кои ќе се опише она што оваа дружина им го пренесува на своите слушатели и фанови.
За „Читачот“ и љубовта на прв поглед меѓу Б. Шлинк и ИЛИ-ИЛИ
Оваа година ИЛИ-ИЛИ го слави своето полнолетство – 18 години од постоењето. Одбележувањето на влегувањето во „зрело доба“ ќе се случи наесен, кога низ промоции на нови иданија од македонски автори, но и гостувања на писатели од регионот, ќе се обидеме да оставиме печат врз случувањата на домашната културна сцена. Сето ова беше инспирација да се потсетиме на првото издание на ИЛИ-ИЛИ, она со кое започна популарната едиција „ПРОаЗА“, која во моментов брои 181 книга, а на пат е веќе и следната. Секако, станува збор за преводот на култниот роман „Читачот“ на германскиот автор Бернхард Шлинк, кој уште на почетокот наиде на одличен прием кај читателите, за во годините потоа да доживее уште неколку (ре)изданија.
Кинематичен кадар во темнината
Историја на филмскиот жанр – ТРИЛЕР
Со приказната за најкомплексниот меѓу филмските жанрови, трилерот, го продолжуваме нашето филмско-текстуално патување. Се работи за главните жанровски одредници во филмската историја, чијашто моќ во претходните сто и кусур години регрутираше армија од обожавачи на седмата уметност, според многумина, сè уште најсилниот медиум што постоел досега. Во последната епизода следи – хорор жанрот. Останете вклучени 😉
„Однадвор и однатре“ од Никола Бувје
Оваа недела од печат излезе новата книга од работилницата на ИЛИ-ИЛИ во едицијата „Поеза“. По одличната стихозбирка „Средни години“ од Алеш Мустар, ова е вториот превод во нашата поетска едиција, овој пат од француски јазик, благодарение на студентките од четврта година по француски јазик и книжевност, Ивана Ѓуреска и Рина Јанкуловска, кои под менторство на проф. д-р Ирина Бабамова ги преведоа песните од познатиот патописец и поет Никола Бувје, во двојазичната збирка насловена „Однадвор и однатре (Le Dehors et le Dedans)“.
Кон „Бунтовник во ‘ржта“ на Дени Стронг
Деновиве се има повеќе време да се прочита и да се погледне сето она што во изминатиот период било на stand by, па така му дојде редот и на „Бунтовник во ‘ржта“, кој веќе подолг период „плачеше“ да биде ѕирнат. Филмот кој својата премеира ја имаше на „Санденс“ фестивалот пред три години одамна сакав да го гледам и анализирам затоа што претставува биографска сторија за мојата книжевна љубов од младешките денови, Џером Д. Селинџер. Животот на иконата на американската литература во 20 век и ден-денес претставува своевидна мистерија за многумина, па затоа предизвикот беше уште поголем, иако филмовите не секогаш длабоко навлегуваат во интимата на личностите со кои се занимаваат. Но, во случајов, за среќа, воопшто не е така, напротив.
Кон „Песот со тажен поглед“ од Оливера Николова, („Роман на годината“ 2019)
Во жестока конкуренција составена од 38 наслови (една од најплодните романескни години во македонската книжевност во последнава деценија), Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ во петокот на конференција за новинарите го објави името на победникот. Куриозитетот вели дека Оливера Николова конечно го скрши мразот и за ПРВ пат во 21-годишната историја на наградата, по ВТОР пат ја доби престижната титула „Роман на годината“.
Букбокс читанка за „Шрапнел“
„Знам дека ми ги читаше претходните книги, некои ти се допаднаа повеќе, некои помалку, но оваа, по седум години пауза, сметам дека ми е поместување од досегашната издадена проза.“
пишува: Илина Јакимовска
Книжарница „Shakespeare and Company“ во Париз
Една од неодминливите дестинации за пријатно поминати моменти во Париз дефинитивно е книжарницата „Шекспир енд компани“. Иако во градот на светлината има безброј книжарници кои ве привлекуваат да ги посетите, сепак оваа е со посебен шарм поради својот богат историјат. „Шекспир енд компани“ се наоѓа од другата страна на брегот на Сена, отспротива славната „Богородична црква“, и нема шанси да ја одминете. Ова место со постојана динамика секојдневно е посетено од стотици туристи кои поминуваат по половина час, еден час, а некогаш и многу повеќе, читајќи книги и дружејќи се со љубители на пишаниот збор од целиот свет.
„Се мислам да ставам крај“ од Ијан Рид
На популарниот канадски писател Ијан Рид и на неговиот одличен роман „Се мислам да ставам крај“ им се погоди таа среќа-несреќа да се појават на македонски јазик токму во време кога стапи во сила препораката за карантин во следните две недели. Но тоа не не’ спречува со гордост да го објавиме неговото излегување од печат токму денес, симболично надевајќи се дека средата ќе биде среќен ден за оваа книга и дека истата ќе наиде на добар прием кај читателите. А во тоа сме потполно сигурни затоа што овој роман, кој е 180 издание во „ПРОаЗА“, се разликува од другите книги во едицијата бидејќи се работи за полнокрвен трилер, со сите карактеристики на овој популарен книжевен жанр, чиј потенцијал го препозна и Чарли Кауфман и според него сними истоимен филм за Нетфликс, чија премиера ќе се случи во текот на годинава.