Архива за категоријата: Фестивали

Осврт кон случувањата на филмските фестивали кај нас, во регионот и низ светот.

Награди на „КинеНова“ 2018

Победници на „КинеНова“ 2018

Жирито во состав Зеки Демиркубуз (режисер, Турција), се одлучи да ги даде трите награди од меѓународната конкуренција на само еден филм, бидејќи потполно се истакна со својот храбар пристап во сите овие аспекти. За импресивниот кастинг, за големото артистично и длабоко вистинито раскажување, за емотивниот импакт, наградите за Најдобро Сценарио, Најдобра Режија и Најдобар Филм одат кај рускиот филм „Блискост“ на Кантемир Балагов.

Жирито исто така оддава Специјално Признание за иранскиот филм „Без датум и потпис“ на Вахид Џалилванд, за мајсторскиот и минималистичен начин на кој раскажува една комплексна животна приказна.

Читај повеќе

Бергман на „КинеНова“ 2018

Покрај изборот на филмовите во официјалната селекција, особена чест и задоволство ми беше кураторски да ги изберам филмовите од големиот Ингмар Бергман во рамките на „КинеНова“, со кои фестивалот се приклучи кон прославата „100 години од раѓањео на великанот“, која во 2018 се прославува насекаде низ светот. Голема благодарност до шведската амбасада која го поддржа овој проект и која се заблагодари што сосема поинаку пристапивме кон огромното филмско наследство кое магот го остави зад себе. Следи официјалниот текст во каталогот за „Бергман на КинеНова“ 😉

Читај повеќе

Селектираните филмови во официјалната селекција на „КинеНова“ 2018

На 3. издание на „КинеНова“ селектирав осум филмови во трка за наградите. Еве ги основните информации за овие исклучителни остварувања, секое автентично и квалитетно на свој начин 😉

01.

Луксембург, Белгија, Германија/2017/107’

Гутланд (Gutland)

сценарио и режија: Говинда ван Меле (Govinda van Maele)

консултант на сценарио: Разван Радулеску (RazvanRadulescu)

улоги: Фредерик Лау (Frederick Lau), Вики Крипс (Vicky Krieps), Марко Лоренцини (Marco Lorenzini), Пит Буковски (Pit Bukowski)

продуценти: Жил Шаниал (Gilles Chanial), Оливие Дибуа (Olivier Dubois), Мелани Блоксдорф (Melanie Blocksdorf), Феликс Блум (Felix Blum)

Синопсис

Во овој рурален трилер, еден странец наоѓа засолниште во мало луксембуршко село. Како со текот на времето се интегрира во заедницата, тој открива дека не е единствениот кој сака да го сокрие своето минато. На трагата на бруталниот реализам во современото кино, филмот на ван Меле е одличен одговор на култниот „Догвил“ на Ларс фон Трир.

Читај повеќе

Воведен текст за официјалната селекција на „КинеНова“ 2018

Во последниве години познатите режисерски имиња како да сакаат да не’ уверат дека како стареат, така се’ повеќе губат контакт со реалноста. Сведоци сме на еден куп остварувања во кои „бизарноста поради самата бизарност“ е во преден план, без никаков пардон кон публиката, која буквално треба да го истрпи нивното „авторско онанирање“ на големото платно. Да не наведувам имиња, но навистина е разочарувачки кога еден филмаџија, кој толку си го почитувал во минатото,  одеднаш направил „пакт со ѓаволот“, почнувајќи да ни сервира разно-разни будалаштини, за кои ниту самиот тој не е сигурен за што (и кому му) служат.

Затоа, во последнава деценија новата енергија во филмот ја пронаоѓам во свежите сили на светската кинематографска мапа, во дебитантите, кои со своите први или втори остварувања знаат што сакаат, и иако почетници, на најдобар можен начин ги пренесуваат емоциите до нас, гледачите. Вообичаено тоа се мали приказни, односно, приказни за, условно, „малите“ луѓе, но со голем емотивен набој при претставувањето на нивните животни искушенија. На оваа линија се обидува да функционира и новиот скопски филмски фестивал „Киненова“, кој со две изданија зад себе сесрдно им отвора простор токму на новите филмски автори, кои штотуку треба да го дадат најдоброто од себе.

Читај повеќе

71. Венециска Мостра во „Филмополис“ 498

Со големо задоволство ја посетив магичната Венеција која ми послужи како одлична сценографија за најавување на содржините на актуелното издание на најстариот филмски фестивал во светот, Венециската „Мостра“.

Читај повеќе

4. Ехо фестивал во „Филмополис“ 459

Се’ за новото, четврто издание на фестивалот на планински филм од интервјуто со Александар Зарапчиев во новото издание на филмскиот магазин на ТВ Телма.

Читај повеќе

„Балканот не е мртов“ во „Филмополис“ 458

Конечно, кино премиера на „Балканот не е мртов“ на режисерот Александар Поповски. Разговор со продуцентот, актерите…

Читај повеќе

Изабел Ипер во „Филмополис“ 455

Фокус на животот и делото на единствената Французинка, една од најдобрите европски актерки во последниве пар декади, со која имав чест да помуабетам за време на нејзиното гостување на битолскиот фестивал.

Читај повеќе

34. ИФФК „Браќа Манаки“ во „Филмополис“ 454

Случувањата на 34 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола во новото издание на филмскиот магазин на ТВ Телма.

Читај повеќе

Стартот на 34. Браќа Манаки во „Филмополис“ 453

Отворањето на 34 издание на „Браќа Манаки“, годинашните лауреати + премиера на македонскиот филм „Соба со пијано“ во новото издание на магазинот.

Читај повеќе