Архива за категоријата: Филм

Филмската критика кај нас не функционира како што би требало, но се обидувам сето тоа да изгледа пристојно, будно следејќи и пишувајќи за случувањата во македонската кинематографија, но и пошироко. Во оваа рубрика со неколку подрубрики ќе прочитате се’ што успеав да проследам во изминатите две декади, откако ја следам Седмата уметност, со напомена дека најголемиот дел од текстовите се интегрален дел од моите две филмски книги, „Филм.мкд“ и „Филмски град“, а дел од нив се објавувани и на веб страните kritika.mk, kinoteka.mk и сл.

71. Венециска Мостра во „Филмополис“ 498

Со големо задоволство ја посетив магичната Венеција која ми послужи како одлична сценографија за најавување на содржините на актуелното издание на најстариот филмски фестивал во светот, Венециската „Мостра“.

Читај повеќе

Лауреати на 71 Венециска Мостра

Носителите на „лавовите“ на 71 издание на филмскиот фестивал во Венеција.

Читај повеќе

Номад во светот на Орвел

На патувањето во Венеција, градот на инспирации и илузии, во која беше актуелно 71. издание на венециската „Мостра“, најмногу се израдував поради можноста за посета на куќата-музеј посветена на Корто Малтезе, стрип-херојот на Хуго Прат, кој во овој контролиран свет во кој од секој агол нè набљудува Големиот брат, тој остана единствениот романтичен карактер преку чиишто авантури низ стрипот и филмските и ТВ-екранизации можеме да се потсетите на еден далечен и невин свет, во кој човечката доблест сè уште беше ценета.

Читај повеќе

Отворање на 71 Венециска Мостра

Преглед на она што ги очекува филмофилите на новото издание на најстариот филмски фестивал во светот.

Читај повеќе

75 роденден на Бетмен на „КомиКон“

Еден од омилените суперхерои слави роденден на новото издание на светски популарниот „КомиКон“ фестивал.

Читај повеќе

Реобединување на Монтипајтоновците

По 40 и кусур години, легендарните Монтипајтоновци се реобединија и настапуваат во живо, можеби и за последен пат.

Читај повеќе

Животот (не) е топка

ФУДБАЛ НА ГОЛЕМОТО ПЛАТНО

Отсекогаш Светското првенство во фудбал било и ќе биде настан број еден во тековната година. Неговата планетарна популарност оваа година умешно ја искористија и филмаџиите за да ги „протнат“ своите приказни до колку што е можно поширок круг на публика. И ако за филмот „Обединети страсти“ може да се посомневаме дека е „нарачан“ проект, тогаш документарецот „Ова не е топка“ ни ги проширува видиците во однос на „најважната споредна работа на светот“  Читај повеќе