Деновиве во киното “Рамстор” во Скопје домашната публика може да го погледне целовечерното авторско дебитантско остварување на Кирил Трајковски едноставно насловено како и името на главниот лик во филмот, Максим, игран токму од неговиот автор. Најавата во која се вели дека филмот е “приказна за дете кое подлегнува на љубопитноста и заглавува со порок што го прогонува низ остатокот од животот”, снимана во дури три држави: Македонија, Бугарија и Индија (!), а и самиот факт што сценаристот и режисер ја толкува главната ролја во него, навестуваа интересни час и половина проекција. Впрочем, one man show филмските проекти кај нас станаа секојдневие, бидејќи режисерите се и сценаристи и (ко)продуценти на филмовите (за полесно да се препознае каде завршуваат добиените пари), но реткост е кога некој филмаџија ја толкува и главната ролја во сопствениот филм. Сепак, желбата на Кирил Трајковски да покаже што се знае и умее во филмската уметност можеме да ја протолкуваме само како почетничка грешка, која се надеваме дека натаму нема да ја повтори. Едноставно, така си замислил дека треба да изгледа еден филм, и така и го истуркал до крај. Но, сево ова не значи дека додека го гледав филмот во полупразната сала на вториот ден од прикажувањето на “Максим”, не се забавував. Напротив. На почетокот мислев дека се работи за некоја шега која набргу ќе заврши, меѓутоа, потоа, од сцена во сцена, изненадувањата беа се поголеми и понеобични, што ме стави во една прилично опуштена позиција на кино-гледач, кој откако сфатил како не треба да се прави еден целовечерен филм, ништо друго и не му преостанува освен со блага насмевка да ги проследи случувањата на платното до крај.
Архива за категоријата: Филм
„Жената што си ги избриша солзите“ во „Филмополис“ 392
Кон „Жената што си ги избриша солзите“ на Теона Митевска
Кога во 2009 година култната шпанска актерка Викторија Абрил, на покана на тогаш новата директорка Лабина Митевска, со своето луцидно присуство го освежи фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола, сосема логично беше да се очекува некогашната Алмодоварова муза да стане дел од некој нов проект на продукцијата „Сестри и брат Митевски“. Нејзиното прифаќање на главната ролја во новиот филм на Теона Митевска суптилно влијаело и врз самата авторка, па така гледаме шпица што по сензибилитет многу наликува на проектите на шпанскиот маестро, но и елементите од кои е составена самата приказна: (анти)хероини, (само)убиство, инцест, одмазда… се дел од фолклорот на Педро, кој во последниве две декади сними некои од највозбудливите парчиња во европската кинематографија. Читај повеќе
REVIEW: THE WOMAN WHO BRUSHED OFF HER TEARS
When in 2009, invited by the then-new director Labina Mitevska, the cult Spanish actress Victoria Abril reinvigorated the Brothers Manaki Festival in Bitola with her lucid presence, it was to be expected that Almodovar’s former muse would become part of a project by Sisters and Brother Mitevski Production. Her acceptance of the lead role in Teona Mitevska’s new film subtly influenced the author herself, so that we see opening credits that in their sensibility very much resemble the Spanish master’s projects, and even the elements forming part of the story itself—(anti)heroines, homicide, suicide, incest, revenge—are all part of the folklore of Pedro, who has made some of the most exciting pieces of European cinema in the last two decades.
It is precisely the cinema of the old continent—if we attempt to generalise and place it all in the same folder, even though it has a whole wealth of diversity—that provoked Teona Mitevska, who obviously decided to approach the desired European standards with her third feature-length creation and make a film that resembles all that we have seen in the abovementioned Spanish, but also in the French, German, Belgian, or Austrian schools of cinema. After searching for the primal authorial scream within in her confusing debut How I Killed a Saint (Како убив светец, 2004) and the superficial touching upon certain sensitive subjects in I Am from Titov Veles (Јас сум од Титов Велес, 2007), in her third attempt Mitevska finally realises her intention successfully, making a ‘pure’ film in which a number of well-crafted solutions are executed quite well and do form part of that European tradition.
Кон „Скопје ремикс“ (2012)
Во далечната 1993 година тогашните ФДУ-пулени Дарко Митревски, Александар Поповски и Срѓан Јаниќијевиќ добија прекрасна шанса да го снимат своето филмско деби во рамките на тазе независна Македонија. „Светло сиво“ беше прв експериментален проект од таков вид во домашната кинематографија, омнибус составен од три кратки филмови, секој од нив прикажувајќи го посебниот сензибилитет на потпишаниот автор. Речиси дваесет години подоцна сме сведоци на сличен проект, но сепак далеку покомплексен од претходникот, бидејќи „Скопје ремикс“ е омнибус составен од девет приказни, десет режисери, и она најспецифичното и најсублиминалното, сите тие раскажуваат стории за еден единствен град – Скопје.
„Скопје ремикс“ во „Филмополис“ 388
Премиерата на омнибусот посветен на Скопје во 388 издание на магазинот.
Читај повеќеИнтервју со екипата на омнибусот „СКОПЈЕ РЕМИКС“
Првата македонска премиера во 2012 година се случи пролетта, симболично најавувајќи младешки филмски ветришта и во македонскиот филм. Имено, „Скопје ремикс“ (почетно „Д Скопје“) е филм што на едно место собра сè што е квалитетно и просперитетно во домашната филмска уметност, давајќи им можност на многу имиња кои, ако веќе немаат свој прв целовечерен филм, тогаш барем со еден свој краток проект да бидат дел од едно македонско целовечерно остварување. Филмот се снимаше долго, и околу него кружеа многу приказни, кои одеа дотаму дека поради идејно разидување, многумина од авторите, во моменти на нетолеранција, посегнувале по не баш популарни мерки за смирување на страстите (дипломатски кажано). Но, на крајот излезе еден симпатичен продукт што „Филмополис“ сесрдно го поддржа, бидејќи сметавме дека ваквите проекти се реткост, се случуваат генерациски еднаш и којзнае кога потоа, и затоа, и покрај сите слабости за кои се свесни и самите автори, безрезервно треба да се поддржат. На премиерата во киното „Милениум“ имав среќа (и време) паралелно да интервјуирам седум од десетте автори, во следната емисија гостин во студиото ми беше Вардан Тозија по повод неговиот филм „Свиркачот“ што најмногу ми се допадна, а со Ѓорче Ставревски и Синиша Евтимов едноставно се разминавме. Но, Евтимов и онака многу повеќе е театарски отколку филмски режисер, додека во „Филмополис“ број 277 бевме на снимањето на делот што Ставревски го снимаше кај Градска болница, со Ангелов како скитник кој бара отпушок повеќе пред зградата. На крајот, ми се чини дека со прилогот ја доловивме целосната слика за овој проект-манифест на филмаџиите што (ќе) ја сочинуваат иднината на македонската кинематографија.
Актерка со светла иднина
Интервју со Наташа Петровиќ, актерка
Со дебитантската главна улога во ирско-македонската копродукција “Како да ме нема” на режисерката Хуанита Вилсон, таа окажа дека е една од најталентираните актерки на нејзината генерација. Впрочем, толку рано да се влезе меѓу десетте најнадежни европски актер(к)и и не е мала работа. Во меѓувреме, до следниот филмски предизвик, таа го живее, учи и впива театарот во симпатичниот проект “Театра”. Дами и господа, запознајте ја одблиску Наташа Петровиќ Читај повеќе
Стефан Сидовски во „Филмополис“ 380
Со голема чест и задоволство го најавувам гостувањето на мајсторот на непрофесионалниот филм, кој, интересно, по долги години зад камерата, го сними својот прв професионален филм. Покрај Сидо, гостин во магазинот е и продуцентот на „Образ“ Александар Зиков.
Санденс 2011 во „Филмополис“ 379
Стартуваме со номинациите за Оскар, а потоа комплетно се посветуваме на актуелното издание на најзначајниот фестивал на независни филмови во светот, Санденс во Парк сити, Јута.
Читај повеќе