Премиерата на деби филмот на Сашо Павловски и церемонијата на Оскарите во вечерашниот филмски магазин на ТВ Телма.
Читај повеќеАрхива за категоријата: Филм
Интервју со Марија Џиџева и дел од екипата на омнибусот „НЕКОИ ПОИНАКВИ ПРИКАЗНИ“
Џиџева во своето портфолио има многу повеќе документарни од играни проекти, со кои неретко добиваше и награди на фестивалите, кои благовремено, низ разговор ги покривавме и во магазинот. За „Списокот на Тони Манџа“ и наградата на Блекбокс фестивалот во Берлин, со авторката зборувавме во „Филмополис“ број 32, а премиерата за битолските ергени во потрага по руски жени во „Барајќи ја среќата“ ја покривме во „Филмополис“ број 454. Џиџева рамноправно влегува во овој преглед, пред сè поради прекрасниот проект чиј составен дел беше и таа. Станува збор за остварување што својата премиера во Македонија ја доживеа на фестивалот „Браќа Манаки“, но ние разговорот со Џиџева го направивме следната пролет, кога филмот ја имаше својата кинопремиера во Кинотеката на Македонија. „Некои поинакви приказни“ е омнибус составен од пет приказни режирани од пет режисерки, кои доаѓаат од петте новонастанати држави од поранешна Југославија. Деловите едноставно насловени словенечка, хрватска, босанска, српска и македонска приказна ги потпишаа младите авторки Хана Слак, Ивона Јука, Инес Тановиќ, Ана Марија Роси, и секако, Марија Џиџева, која беше особено возбудена поради домашната премиера на филмот.
Милчо Манчевски во „Филмополис“ 323
Интервју со сценаристот и режисер Милчо Манчевски по повод премиерата на неговото ново остварување „Мајки“.
Читај повеќеСо чесна манипулација до посакуваната реална илузија
Кон „Мајки“ (MOTHERS, 123 мин.) на Милчо Манчевски
улоги: Ана Стојановска, Владимир Јачев, Димитар Ѓорѓиевски, Салаетин Билал, Ратка Радмановиќ, Емилија Стојковска, Милијана Богдановска, Диме Илиев, Марин Поп Панкова, Горан Трифуновски, Петар Мирчевски
За разлика од претходните случаи, кога паузите меѓу снимањето и премиерите на филмовите „Пред дождот“ (1994), „Прашина“ (2001) и „Сенки“ (2007) беа и повеќе од доволни за да се фрли критички поглед врз задоволството или незадоволството од сработеното, овој пат режисерот Милчо Манчевски релативно бргу повторно ги засука ракавите и влезе во филмскиот ринг, за кратко време подарувајќи ни го неговото четврто долгометражно остварување. Овој проект започна со реализација носејќи го работниот наслов „Како бебе“, за на крајот да финишира како „Мајки“, така заокружувајќи го јасниот авторски концепт во кој, иако приказните што ги раскажува содржат многу потслоеви, сепак, краткиот и впечатлив наслов ја дава онаа основна рамка на самите филмови. Читај повеќе
REVIEW: Milčo Mančevski’s MOTHERS (МАЈКИ)
With Honest Manipulation to the Desired Real Illusion
Unlike the previous instances, when the time period between shooting and premiere for the films Before the Rain (1994), Dust (2001) and Shadows (2007) was more than enough to cast a critical eye on the (dis)pleasure with the product, this time the director Milčo Mančevski relatively quickly got down to business and entered the filmmaking ring, giving us his fourth feature-length creation shortly afterwards. This project was initiated under the working title of Како бебе (Like a Baby) and ended up entitled Mothers, thereby going full circle on the clear authorial concept in which, even though the stories he tells contain numerous layers, still, the brief, clear and impressive title gives the main thread and framework in the films themselves.
Интервју со Митко Панов, „ВОЈНАТА ЗАВРШИ“
2010 година исто така беше интересна на филмски план кај нас, бидејќи се случија премиерите на три сосема различни филмски остварувања. Едната од нив е премиерата на малиот-голем прв долгометражен игран филм на режисерот Митко Панов, „Војната заврши“ во киното „Рамстор“. Неколку денови пред тоа, на 27 октомври, светскиот ден на заштита на аудиовизуелното наследство, режисерот ги подари 35мм копии од својот наградуван краток филм „Ливада“ на Кинотеката на Македонија, како симболичен потег за кревање на свеста и кај другите филмски автори, дека Кинотеката е единственото место каде што негативите и треба да се депонираат и чуваат. Со краток прилог за овој настан и го започнавме магазинот, во кој скромниот Панов од еден сосема поинаков агол ни зборуваше за филмот и за идеите што го преокупираат, сакајќи да ги преточи во подвижни слики и да ѝ ги подари на публиката.
Дерил Хана, интервју/омаж
Иако имаше закажана средба со новинарите во Домот на културата, на која критичарката од „Вараети“ како модератор нè прошета низ кариерата на Дерил Хана, сепак само час и половина пред тоа „Филмополис“ доби ексклузивна можност да направи 15-минутно интервју со американската актерка, која во последниве 30 години создаде завидна филмска кариера. Времето беше кратко за сè што сакавме да ја прашаме, но решивме да почнеме од почетокот. Малкумина знаат дека таа од мали години била несудена балерина. Прашањето ѝ беше многу драго.
Митко Панов во „Филмополис“ 320
„Лудиот Макс“ во казахстанските степи
Прекрасниот филм „Тулпан“ е одличен пример како една убава идеја со помош на осум продукциски куќи од пет различни европски држави може да се претвори во успешен проект. Сите почести одат на адресата на авторот Сергеј Дворцевој, кој конечно, по неколку обиди во доку жанрот сликајќи го животот во казахстанските степи („Степа“ (1992) и „Рај“ (1993)) успеа својата внатрешна потреба да ја претвори во особена и автентична приказна и на големиот екран.
Читај повеќеИнтервју со Милчо Манчевски, „МАЈКИ“
По „Сенки“, Милчо во топ-форма! Премиерата на „Мајки“, кој прво имаше работен наслов „Како бебе“, се случи на новото издание на „Браќа Манаки“, каде што на отворањето ми се чини дека на повеќето од луѓето по проекцијата им се вртеше во стомакот, вклучувајќи ме и мене. Тоа чувство ми траеше и во текот на ноќта и не ми даваше мирно да заспијам, за сабајлето со колегите низ утринско кафе постојано да зборуваме за филмот и да го гледаме од различни аспекти, кој од кој повозбудлив. А Манчевски вечерта на отворањето, по проекцијата на „Мајки“, ноншалантно, во блуза со огромен Хомер Симпсон на неа, како да сакаше да ни ги види лицата и слатко да ни се насмее во очи. Филмот потоа почна да се прикажува и на редовниот репертоар во домашните кина, односно онаму каде што има барем минимални услови да се прикажува, како што Манчевски го започна интервјуто. „Мајки“ во киното „Милениум“ прво се прикажуваше само во терминот од 17.30 поради претставите на тогаш актуелниот „Синедејс“, но потоа остана на репертоарот уште најмалку еден месец. Јас одвај чекав да го направам интервјуто со Милчо, зашто директно сакав да го прашам многу нешта, кои по проекцијата и понатаму ме копкаа.