Најдоброто од стариот континент годинава на настан во Барселона + останати актуелни филмски содржини во новото издание на магазинот на ТВ Телма.
Читај повеќеАрхива за категоријата: Филм
Нашиот филм го чекаат зрели времиња
ТЕЛЕВИЗИЈА, Игор Анѓелков
Секој понеделник од 21 часот на ТВ Телма, сите љубители на филмот можат да уживаат во емисијата „Филмополис“ и да се информираат за најинтересните збиднувања од светот на филмот. Авторот на емисијата, Игор Анѓелков, е активен и на други полиња. Тој е радиоводител на Радио Равел, а дел е и од книжарницата „ИЛИ-ИЛИ“. Тој има и неверојатна смисла за хумор…
БАФТА во „Филмополис“ 52
Британските филмски награди + еден куп филмски новитети во новото издание на магазинот на ТВ Телма.
Читај повеќеИнтервју со Антонио Митриќески, „КАКО ЛОШ СОН“
По официјалната светска премиера на фестивалот во Монтреал во 2003 година и едногодишната одисеја по другите светски фестивали, „Како лош сон“ на Митриќески конечно есента 2004 година ја доживеа и својата скопска кинопремиера, по што следуваше и интервју во магазинот. И за да нема забуни, токму поради времето во кое е правено интервјуто, филмот во оваа книга влезе во поглавјето „2004“, иако официјалниот продукциски датум на реализација е 2003 година.
Интервју со Иво Трајков, „ГОЛЕМАТА ВОДА“
Македонскиот режисер со чешко педигре, Иво Трајков, беше еден од првите кој го откри филмскиот потенцијал на Хамзи-пашините конаци во Бардовци за снимање на поголемиот дел од сцените во филмот „Големата вода“. За таа цел беа ангажирани многу локални натуршчици, особено од помладата генерација, поради потребата за снимање масовни сцени, кои во рамките на стариот турски конак и тоа како добија на автентичност.
Интервју со Дарко Митревски, „БАЛ-КАН-КАН“
Голема прашина се крена околу снимањето на новиот филм на Дарко Митревски, кој неколку недели со својата екипа ги анимираше жителите на скопските маала, снимајќи сцени во кои претежно Сека Саблиќ на сет глас требаше да вика: „Џангооооооо“. Паметам дека Митревски беше (и остана) еден од ретките филмаџии, кој 15 минути пред закажаниот термин дојде во Телма и пријатно ме изненади со неговата професионалност, која сепак направи воздржаноста кај него да остане до крајот од интервјуто, не дозволувајќи му духовито да се расприкаже како што само тој знае и умее.
Во светот на виртуелното
Со маркетиншкиот потег на продуцентите на „Матрикс“ третото и последно продолжение истовремено да го прикажат во стотици градови ширум светот, вклучувајќи го и Скопје, глобализацијата не само што зема се’ поголем замав и ја разработува машинеријата, туку се обидува и да ни го наметне својот ритам на егзистирање. Но, по гледањето на филмот, сепак сфаќаме дека трилогијата во филмската терминологија означува заокружување на успешниот почеток, а останатото понатаму е само машина за правење на пари, матрица многу пати апсолвирана досега.
Читај повеќеФилм што се шлепува на стара слава
Пет години беа потребни да се расипе впечатокот и да се упропасти една интересна идеја, која во времето кога се појави, претставуваше вистинско освежување. Филмот „Такси“ кој се најавуваше како ново остварување под покровителство на продуцентската куќа на големиот Лик Бесон, во 1998 година не само што беше најуспешна француска комедија, туку успеа да ги поднасмее и студените Британци, нарцисоидните Американци и останатата публика ширум светот. Французите уште еднаш покажаа дека нивната кинематографија во последните десет години и тоа како е витална, произведувајќи филмови и со уметнички и со комерцијален карактер, за момент засенувајќи ја доминацијата на Холивуд.
Читај повеќеУрнебесна комедија со одлични актери
Легендарниот комичар Џери Луис веќе десетина години има свој достоен наследник во Канаѓанецот Џим Кери. По толку многу гримаси и успеси, почнувајќи од 1994 со „Глупавиот и поглупавиот“ и „Ејс Вентура – детективот за миленичиња“, тешко дека титулата на Кери како најпопуларен комичар на светот ќе биде загрозена од некого во догледно време. По излетите во неколку „сериозни“ улоги во филмови како „Шоуто на Труман“ (1998) и „Човек на месечината“ (1999), комичарот повторно соработува со режисерот Том Шедијак, со кого го снимија мега-успешниот „Лажго, лажго“ пред шест години. Иако приказната за бескрупулозниот адвокат кој одеднаш „се разболува“ од зборување на вистината изгледаше поразиграно и покомпактно, и нивното ново чедо, „Семоќниот Брус“, е комедија која наиде на одлични критики и реакции, и дефинитивно е еден од најкоментираните и најгледаните филмови во годинава што изминува.
Читај повеќеНедоизградени филмски ликови
Вклучувајќи го и последниот филм на режисерот Дејвид Твој, „Под површината“, во последниве три години Холивуд не’ опседна со исто толку, помалку или повеќе, успешни „подводни“ филмови. Се’ започна со раскошната екранизација на класичната приказна на Жил Верн за капетан Немо и неговиот Наутилус во далечната 1954 година, прекрасната Дизни продукција „20 илјади милји под морето“, за да продолжи со „Подморница“ (1981) на Германецот Волфганг Петерсен, во кој се прикажува тешкиот живот на германската посада во Втората светска војна, зачинета со црн хумор и фантастична музика, како и со „Црвениот октомври“ девет години подоцна, првиот од серијата филмови според романите на Том Кленси за херојот Џек Рајан (Алек Болдвин).
Читај повеќе