Случувањата на новото издание на Скопскиот филмски фестивал, каде може да проследиме прегледн ан „Истерн“ жанрот, како и оние на Државниот фестивал на непрофесионален филм, вечерва во новото издание на магазинот.

Случувањата на новото издание на Скопскиот филмски фестивал, каде може да проследиме прегледн ан „Истерн“ жанрот, како и оние на Државниот фестивал на непрофесионален филм, вечерва во новото издание на магазинот.

Во главните улоги: Атанас Георгиев („Плати и жени“), Евгенија Теодосиевска, Иван Ивановски, Иво Антов…

Сè започна од прекрасните инсерти што ги добив, со музика од сугестивните „Ентони енд д Џонсон“. За жал, на крајот не успеале да ги добијат правата за користењето на музиката, и истите сцени изгледаа сосема различно во рамките на филмот. Нејсе. По повод светската претпремиера на филмот, во КИЦ во Скопје прес-конференција за новинарите, која ја покривме во „Филмополис“ број 225, и на која беа присутни, покрај Иво Трајков и Верица Недевска-Трајкова, и тогашниот директор на Филмскиот фонд, Дејан Илиев, кој нагласи дека стратегијата е поддржување условно мали филмови со големо срце, алудирајќи на буџетот од 650 илјади евра со кои беше снимен филмот на Трајков. На пресот во Скопје присуствуваше и дел од чешката екипа во филмот: Јиржи Конечни – продуцент, Давид Швехлих – актер, и Клаус Фуксјегер – кинематографер од Австрија. По половина година, официјална кинопремиера на 12. издание на Скопскиот филмски фестивал, кој по кризата што го зафати, се бараше себеси, сместувајќи се моментно во Кинотеката на Македонија. Еве го и официјалниот кавер на таа фестивалска премиерна вечер на „Созерцание“ (или „Патот на Јозеф“, за оние што заборавија) во „Филмополис“ 251.
Откако навлезе во осмата декада од својот живот, еден од најпознатите жители на Големото јаболко, Вуди Ален, откри дека освен границите на Њујорк, на планетата Земја постојат и други градови и држави вредни за почит и уживање. Луцидниот интелектуалец кој го мрази Холивуд исто толку колку што овој не го поднесува него (да, да, љубовта е взаемна!), конечно призна дека во Европа отсекогаш имал многу повеќе почитувачи на неговата уметност отколку во матичната земја. Затоа последните неколку негови проекти ги сними токму на Стариот континент.

На Скопскиот филмски фестивал има еден интересен конкурс за едноминутни филмови, на кој се пријавуваат многу автори со своите филмски визии. Вечерашниот магазин е комплетно посветен на овие инстант остварувања, меѓу кои има од се’ по нешто и за секого по нешто. Ѕирнете 😉

Фокус врз работата на великанот Оливер Стоун, но и други интересни содржини поврзани со седмата уметност во вечерашниот филмски магазин на ТВ Телма.

Славниот чешки режисер беше гостин во Кинотеката на Македонија, вечерва во фокус и во нашиот и Ваш филмски магазин на ТВ Телма.

Најфилмскиот жанр во историјата отсекогаш имал сили за обнова, за читање на нов начин на приказните кои ги сакаат сите генерации. Речиси во секоја декада имаме филмаџии, нови или стари волци, кои сакаат да остават печат во најценетиот филмски жанр, пркосејќи им на легендарните наслови на Цинеман, Хокс, Форд и останатите мајстори од златната ера на Вестернот. Тоа се случува и во последниве години, кога сме сведоци на ревитализација на епските сцени од Дивиот Запад, на задоволство на филмофилите ширум светот.

Премиерата на најновиот филм на Киро Урдин, насловен „Вода и оган“, во кој станува збор за човекот како врховно мислечко битие кое милиони години ја ползува земјата доведувајќи ја до деструкција, се одржa во киното „Фросина“. Базирајќи се врз претходните искуства на авторот со мега проектот „Планетариум“, кој беше сниман долги години низ целиот свет, и уште толку долги години промовиран во земјава и во странство по различни поводи, ова е само капка во морето од животот на овој филм, чие битисување на екраните штотуку претстои. „Вода и оган“ е документарен филм кој излегува од општите постулати на жанрот и се движи по свои сопствени насоки. Впрочем како што вели самиот Урдин, тој како автор, во било кој медиум, секогаш се обидува да работи слободно, непретенциозно и без наметнати правила.
Читај повеќе
Том Тиквер, Клинт Иствуд и Џеки Чен во главните улоги во вечерашниот магазин. Но најпрво, за случувањата и ревиите во нашата Кинотека.
