Маестралната визуелна урбана бајка „Град на гревот“ на холивудскиот вундеркинд Роберт Родригез и одличната улога на Мики Рурк беа причина малку да се навратиме на сјајните моменти од кариерата на славниот боксер-актер.
Читај повеќеАрхива за категоријата: Филм
Кон „Скриено“ на Михаел Ханеке
Малкумина европски режисери можат да се пофалат со конзистентност во својата работа. Еден од нив доаѓа од земја со мала кинематографска традиција, Австрија, но со текот на годините стекна култен статус кај голем круг филмофили кои преферираат вистинско кинематско искуство, а не евтини холивудски лимонади. Михаел Ханеке зад себе има веќе девет целовечерни филмови, вклучувајќи го и актуелниот насловен „Скриено“, кој својата промоција ја доживеа во Кан.
Читај повеќеКристијан Бергер: Нов предизвик со секој нов проект
На мое големо задоволство, на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ во Битола имав чест да се сретнам и да поразговарам со Кристијан Бергер (Christian Berger), снимателот на неколку фантастични европски филмски остварувања. Неговиот благороден карактер ми овозможи фино да се опуштам и со него да промуабетам за многу нешта кои ме интересираа, особено за неговата соработка со култниот режисер Михаел Ханеке (Michael Haneke)
Читај повеќеЏим Џармуш: Љубов кон филмот според сопствени правила на игра
Почудно од рајот
Иако се работи за мала, одбрана публика која едноставно ги обожава филмовите на Џим Џармуш, сепак, неговото влијание врз новата генерација на американски независни режисери е несомнено големо. Со тоа се создава еден голем круг на филмофили кои својот светоглед го формираат и милуваат да го негуваат според сопствени правила на игра, токму оние истите според кои самиот Џармуш се раководи целиот свој живот. Рокер во душа, а режисер по вокација, овој автор на прекрасни, условно „малечки“ филмови, сите овие 25 години наназад остави силен печат во независниот филм, успевајќи да им одолее на разните компромиси со продуцентите, кои сакаат да го имаат, и вообичаено го имаат последниот збор.
Читај повеќеКон „Последни денови“ на Гас ван Сант
Оваа година официјалната селекција на Канскиот филмски фестивал беше составена со филмови од првата светска лига на режисери: Кроненберг, Вендерс, Џармуш, Ханеке… Меѓутоа, како вистински херој, на голема врата, се очекуваше присуството на американскиот инди режсер Гас ван Сант, кој само пред две години ја доби Златната палма за прекрасниот „Слон“. Ван Сант на Кроазета се појави со заслужени фанфари вклучувајќи ја целата екипа на новиот филм зад себе. Меѓу нив и брачниот двоец на култниот бенд Соник јут, Ким Гордон, која има слатко, петминутно парче во филмот, и Трстон Мур, добриот пријател на Курт Кобеин, кој во проектот фигурира како консултант.
Читај повеќеРазговор со Сергеј Станојковски, „КОНТАКТ“
„Контакт“ на Сергеј Станојковски го следевме уште од неговиот зачеток. Првата клапа се случи на 8 ноември, а последната на 18 декември 2004 година. Се снимаше на локации во Скопје и околината. Сè тоа беше во ред, освен приказната за Сергеј Станојковски, кој беше тотална непознаница за пошироката македонска јавност. Човекот што студирал камера на филмската академија во Загреб, па се префрлил на документарен филм и режија на славната ФАМУ во Прага, доби шанса да го сними своето прво целовечерно остварување со тежината на фактот дека неговиот филм е прв од Македонија што доби поддршка од европската Еуроимаж, сон на секој европски филмаџија. Продуцент од германска страна беше Марчело Бусе, а од македонска Томи Салковски.
Антонио Митриќески во „Филмополис“ 46
Интервју со македонскиот режисер за неговото второ остварување „Како лош сон“, плус останати актуелни филмски содржини.
Кон „Скршени цвеќиња“ на Џим Џармуш
Вообичаената практика на Џим Џармуш во неговата филмска кариера е да снима филмови со пауза од три до четири години. Откако во претходните две децении докажа дека е автентичен автор пар-екселанс, тој најавува дека следните години ќе снима многу повеќе наслови и многу побргу од вообичаеното. Сите ние искрено се надеваме на тоа, а „Скршени цвеќиња“ е само едно мало навестување на таквата намера и концепција.
Читај повеќеХајлајт на 2004 година во македонската кинематографија во „Филмополис“ 54
Кон „КАКО УБИВ СВЕТЕЦ“ на Теона Митевска
За жал, филмот на Митевска е единствениот македонски филм за кој не успеав да интервјуирам барем еден од авторите на филмот или членовите на екипата. Подоцна, кога кинематограферот Ален Маркоен ќе биде гостин на фестивалот „Браќа Манаки“ (оној контроверзниот, што се одржа во Скопје) го прашав за искуството од снимањето во Македонија, но тој не кажа ништо особено што би можело да влезе како импресија и која вреди да се спомене и запише.