Архива за категоријата: Моите книги

Моите книги низ краток синопсис, извадоци и рецензии за нив, вклучувајќи ја и првата, самиздат книга од средината на 90-те ;-)

Секое издишување како еден стих

Ноември е книжуле што мириса на љубов, во секоја нејзина форма и проформа, со вкус и мирис на пита од тиква, печени костени, џем од кајсија… Иако има мешовита структура, на секоја страница и низ секој стих тлее отелотворувачка атмосфера. Ни дал, поетот дебитант на педесет плус, парче од себе, впрочем како би го потврдил својот авторски печат, ако не си ја разголи душата?!

Читај повеќе

Најважната дефиниција за поезијата

“Игор во своите стихови ја вметнал најважната дефиниција за поезијата: „и знам дека едноставните стихови се помоќни од сите други зборови“.

И сликите во кои можеме да се препознаеме, како оние во „Шума“, но и оние непознатите сонливи, како во „Бамји“ (во кои исто така можеме да се препознаеме дури и кога ни се незнајни), и тие се чувствуваат како блиски, а повторувањето на стиховите не претендираат да звучат како барање потврда, туку раѓаат ритмика.

Читај повеќе

„Ноември“

„Не верувам во поезија која мириса на лаванда и лаги дека се’ ќе биде в ред. Поезијата што ја сакам се пие од валкани чаши. Рацете ти треперат, вриштат во празнината, а внатре има бучава која не можеш да ja поднесеш. Вистинската поезија не расте од светлината. Таа излегува од темнината на вашите коски, и подлабока е од улиците по кои некогаш сте оделе. Не прашувај се дали си добар, туку дали си искрен. И тоа е сосема доволно“. Дарко Митровиќ

Читај повеќе

Ревија на Македонскиот ПЕН-центар за 2025 година/The Macedonian P.E.N. Review 2025

Деновиве од печат излезе годишниот број на Ревијата на Македонскиот ПЕН-центар за 2025 година. Низ богати содржини се претставуваат активностите на ПЕН-центарот во тековната година, со фокус на интернационалната јунска конференција во Охрид, но и со многу текстови од членовите на ПЕН, со простор за претставување и на новите имиња во македонската секција на оваа значајна интернационална асоцијација со 104-годишна традиција на постоење и делување. Се радувам и благодарен сум на колегите во редакцијата што моите ракописи во различни жанрови, како нов член од минатата година, се застапени во ревијата на ПЕН-центарот.

Читај повеќе

„Ноември“ во „Културен печат“

Насловната фотографија на овој пост е на Никола Пијанманов, авторот на корицата на стихозбирката, направена во природeн амбиент, на чист воздух и со силни есенски бои, на извориштето на инспирацијата. А вредниот Тони Димков, се разбира, „постоењето“ на книгата ревносно го одбележи во почитуваниот „Културен печат“, во викенд бројот на „Слободен печат“ од 15-16 ноември.

Читај повеќе

„Авторот и градот. Игор Анѓелков и Скопје“

пишува: Мерсиха Исмајлоска

„Во Скопје има еден човек. Работи во книжарница близу улицата на липите. Тој човек напиша книга со наслов „Ветрилиште“ и во неа ги има и липите и Скопје, но тоа Скопје е Скопје небаре во владеење на античкиот бог Хад.

Читај повеќе

„Ноември“… збор ил два…

Денеска од печат излезе мојата прва стихозбирка насловена “Ноември”. Месецот кој е меѓник меѓу присутната есен и надоаѓачката зима, исполнет со меланхолија. А ако нема добра доза на меланхолија – нема ниту добра поезија.

Се радувам што по минатогодишното објавување на романот “Ветрилиште” на истиот, роденденски датум, повторно честам книга. Во продолжение следи потребата да објаснам зошто се одлучив да станам поет на „50+“ 🙂

Читај повеќе

Портрет во Струмица

„Има една вредна група на уметници во Струмица кои гравитираат околу ликовната уметност, книжевноста, театарот, филмот, музиката… и постојано создаваат нови перспективи преку настаните, изданијата, претставите… на тој начин одржувајќи го здрав духот на градот. Имам неверојатна среќа што моите книги и текстови им се допаѓаат. Во среда, на 17 септември, ќе се обидеме да направиме синергија меѓу присутното и возможното, создавајќи убав темел за понатамошни дружби и соработки“.

Ова беше најавата за настанот „Портрет на Игор Анѓелков“ во организација на „Здружението за култура – Транзен“, а во продолжение одиме со пост фестум доживувањата од Југот 😉

Читај повеќе

КОТАТА 2023

Кон романот „Ветрилиште“ од Игор Анѓелков

пишува: Ана Витанова-Рингачева

„Ако Ван Гог не продал ни пет слики, ако не се знае Моцартовиот гроб, ако Хомер пеел за смртта на Хектор за еден пехар вино, кој е тој човек што би можел да каже за себе дека заслужил некоја награда и кој би смеел да ликува поради неа?“ (М. Маџунков)

Во светот на уметниците постои еден парадокс. Тие си пречат еден на друг. Тие се закана еден за друг. Уметноста е заедничкиот дом за сите. Општеството со вискоизградена самосвест за важноста на културата, го чува тој дом, го реставрира и ги заменува расипаните светилки, за да не остане во мрак и незабележан за минувачите. Но и мета за ограбувачите. Земајќи го в раце „Ветрилиште“, најновиот роман на Игор Анѓелков, на корицата забележав светилник. Од асоцијациите што надоаѓаа, првата беше за светилникот како најосамената градба поставена на стрмна карпа, високо над морето. Силно удиран од ветровите таму горе, не престанува да им биде патоказ на бродовите и нивните патници. Оттаму погледот има далечен досег.

Читај повеќе

Беџ, ЦД, фотографија

Буричкајќи низ домашната библиотека, деновиве пронајдов три драгоцености. Имено, за првите три прозни изданија, практикував секој читател, освен приказните, да добие и нешто плус.

Читај повеќе