Архива за категоријата: Мезанин

Мојата прва радиска музичка емисија беше „Анексија“ на Стотројка, која одеше од 1997 до 2003 година. По трансферот во Радио Равел, до 2009 година ја уредував и водев „Мезанин“. И ден-денес слушателите знаат да се/ме потсетат на ова радио-шоу, кое навистина го водев со срце. Од зачуваната архива на емисии може да се забележи во какви граници во тие години се движел мојот музички вкус. Башка, има и многу интересни интервјуа со домашни бендови како значајна музичка архива, а тука се и драгоцените извештаи од фестивалот „Егзит“ во 2008 година, каде настапија и Секс пистолс. Ѕирнете, случнете, истражете… во години кога класичните радио емисии на нашите радија речиси и да ги нема, „Мезанин“ може да ви претставува фино ретро слушателско искуство ;-)

Primal scream во „Мезанин“

Вечерашни наши херои, Британците „Прајмал скрим“, кои ќе ни раскажат за „прекрасната иднина“ која следи.

Читај повеќе

Џулиет Луис во „Мезанин“

Славната американска актерка има и одлична музичка кариера, вечерва ја слушаме со нејзиниот бенд The Licks. Загревање со музика на жени на работ од нервниот слом 😉

Читај повеќе

Љупа Ангелов во „Мезанин“

На почетокот од новата сезона на меѓупросторот на Радио Равел, интервју со дечкото што го направи хитот за оваа година. Стартуваме!

Читај повеќе

Интервју со Влатко Стефановски на Равел

По повод излегувањето на новиот албум на неговото трио, го угостивме Влатко во „Извесен поглед“ на Радио Равел и си направивме квалитетен муабет.

Читај повеќе

Мезанин на EXIT 2008, специјално издание

Петтата сезона на „Мезанин“ на Радио Равел заврши во јуни, но од 10 до 13 јули гостувавме на деветтото издание на „Егзит“ фестивалот во Нови Сад, и секојдневно, во дневните емисии од културата, известувавме за импресиите од музичките вечери на Петроварадинската тврдина. Во зависност кој беше на смена во радио, Шиљо, Ненад, Џони, Петар, Силвана… правевме муабет за случувањата на „Егзит“, а потоа сето тоа, во специјална емисија на „Мезанин“ емитувана на 16 јули, го спакувавме со мајстор Борче Величков во едно пријатно двочасовно шоу. На овој настан, меѓу другото, ми се исполни и една голема желба, да ги гледам Секс пистолс во живо. Старци, старци, ама, и покрај килажата, направија добра свирка.

Читај повеќе

Tindersticks во „Мезанин“

Во 250 издание на меѓупросторот на Радио Равел, „Бајк“ на Пинк Флојд како годишница од крадењето на мојот точка пред радиото во Тафталиџе. Во фокус – новиот албум на Тиндерстикс.

Читај повеќе

Скарлет Јохансон и битолското лоби во „Мезанин“

Освен што е многу привлечна, таа знае и да одлично да пее. Скарлетка вечерва им парира на Битолчаните „Фолтин“ и „Три минути на дождот“. Лудило!!!

Читај повеќе

EXIT во „Мезанин“

Гласноговорникот на Југотон, Владимир Лазоровски Адо, ќе ни раскаже за годинашниот фестивал „Егзит“ во Нови сад, кој во целост ќе го проследи и екипата на Радио Равел.

Читај повеќе