Архива за категоријата: Мезанин

Мојата прва радиска музичка емисија беше „Анексија“ на Стотројка, која одеше од 1997 до 2003 година. По трансферот во Радио Равел, до 2009 година ја уредував и водев „Мезанин“. И ден-денес слушателите знаат да се/ме потсетат на ова радио-шоу, кое навистина го водев со срце. Од зачуваната архива на емисии може да се забележи во какви граници во тие години се движел мојот музички вкус. Башка, има и многу интересни интервјуа со домашни бендови како значајна музичка архива, а тука се и драгоцените извештаи од фестивалот „Егзит“ во 2008 година, каде настапија и Секс пистолс. Ѕирнете, случнете, истражете… во години кога класичните радио емисии на нашите радија речиси и да ги нема, „Мезанин“ може да ви претставува фино ретро слушателско искуство ;-)

Рок хероини во „Мезанин“

Еден куп квалитетна музика во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел, со рок-хероини во фокусот. Уживајте!

Читај повеќе →

Bloc party во „Мезанин“

Новиот албум „Интимност“ на модерните британски херои Блок парти во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел.

Читај повеќе →

Jonathan Richman во „Мезанин“

Откачениот музички фрик со новиот материјал во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел. Да го славиме животот со сите негови подеми и падови! Блек ен вајт! Јин-Јанг!

Читај повеќе →

Bernays propaganda во „Мезанин“

Роденденски меѓупростор на Радио Равел, во кој мои и Ваши гости се Тина и Васко од најпотентниот македонски бенд Бернајс пропаганда.

Читај повеќе →

Lambchop во „Мезанин“

Курт Вагнер и неговите пријатели од бендот се вечерашни наши и Ваши херои во меѓупросторот на Радио Равел.

Читај повеќе →

American music club во „Мезанин“

Феноменалниот Марк Ајцел и пријателите од Сан Франциско, Ју-Ес-Еј, со нов материјал. Stay tuned 😉

Читај повеќе →