Архива за категоријата: Мезанин

Мојата прва радиска музичка емисија беше „Анексија“ на Стотројка, која одеше од 1997 до 2003 година. По трансферот во Радио Равел, до 2009 година ја уредував и водев „Мезанин“. И ден-денес слушателите знаат да се/ме потсетат на ова радио-шоу, кое навистина го водев со срце. Од зачуваната архива на емисии може да се забележи во какви граници во тие години се движел мојот музички вкус. Башка, има и многу интересни интервјуа со домашни бендови како значајна музичка архива, а тука се и драгоцените извештаи од фестивалот „Егзит“ во 2008 година, каде настапија и Секс пистолс. Ѕирнете, случнете, истражете… во години кога класичните радио емисии на нашите радија речиси и да ги нема, „Мезанин“ може да ви претставува фино ретро слушателско искуство ;-)

Silver jews и Hot chip во „Мезанин“

Во 228 издание на меѓупросторот на Радио Равел, фокус врз музиките на инди-рок бендот Silver jews и New disco атракцијата Hot chip.

Читај повеќе →

Лајбах и Андерворлд во „Мезанин“

Во оваа емисија фокус врз два актуелни албуми: музичкото крило на „Neue Slowenische kunst“, секогаш контроверзните Лајбах со актуелниот албум „Volk“, како и перјаницата на британската електронска сцена, Underworld, со одличниот „Oblivion with bells“, одличен камбек по петгодишна пауза.

Читај повеќе →

NIN, Arctic monkeys & Interpole во „Мезанин“

Најн инч неилс во меѓупросторот на Радио Равел, но прво загревање со Арктик манкис и Интерпол, но и со Бет Гибонс. Уф!

Читај повеќе →

Beth Gibbons во „Мезанин“

Во 222 издание на меѓупросторот на Радио Равел, во фокус два одлични женски вокали + старото будаличиште Френк Блек, кој има нов материјал.

Читај повеќе →

Актуелните скопски блогери во „Мезанин“

Вечерва нетипично издание на меѓупросторот на Радио Равел, фокус на актуелните цареви на интернет мрежата, кои, меѓу другото, слушаат и добра музика.

Читај повеќе →

Рејдиохед и Пи-Џеј Харви во „Мезанин“

Потентниот британски бенд Рејдиохед со новиот албум In rainbows во меѓупросторот на Радио Равел. Но предност и’ даваме на рокенрол дамата Пи-Џеј Харви. Уживајте.

Читај повеќе →

Македонска музичка сцена 2007 во „Мезанин“

Во 217 издание на меѓупросторот на Радио Равел, музики од македонската музичка сцена во 2007 година: Беи д фиш, Пиколомини, Мугер Фугер, Дени те чува, Бадмингтонс…

Читај повеќе →

„Нувел ваг“ во Мезанин

Во ова издание на меѓупросторот на Радио равел, француската кавер-атракција „Нувел ваг“ со снимки од нивниот настап во Универзалната сала во Скопје, но и низ компилации по нивен избор.

Читај повеќе →