Архива за категоријата: Мезанин

Мојата прва радиска музичка емисија беше „Анексија“ на Стотројка, која одеше од 1997 до 2003 година. По трансферот во Радио Равел, до 2009 година ја уредував и водев „Мезанин“. И ден-денес слушателите знаат да се/ме потсетат на ова радио-шоу, кое навистина го водев со срце. Од зачуваната архива на емисии може да се забележи во какви граници во тие години се движел мојот музички вкус. Башка, има и многу интересни интервјуа со домашни бендови како значајна музичка архива, а тука се и драгоцените извештаи од фестивалот „Егзит“ во 2008 година, каде настапија и Секс пистолс. Ѕирнете, случнете, истражете… во години кога класичните радио емисии на нашите радија речиси и да ги нема, „Мезанин“ може да ви претставува фино ретро слушателско искуство ;-)

The Stooges во „Мезанин“

Еве едно пост-фестивалско издание на емисијата, во кое слушаме музика од учесниците на деветтото издание на „Таксират“. Тука се Дени те чува, Рундек Карго оркестра, Лајбах…

Читај повеќе

„Дени те чува“ во Мезанин

Еден од најинтересните бендови во првата декада од новиот милениум на домашната сцена, „Дени те чува“, неколку пати беа гости во емисијата. Ова е во очи на излегувањето на новиот материјал. а се навраќаме и на нивниот настап во живо претходниот пат, кога снимивме неколку песни кои останаа во архивата на радиото.

Читај повеќе

„Смешинг пампкинс“ во Мезанин

Во последното ноемвриско издание во 2007 година, емисија посветена на мојот омилен чикашки бенд Смешинг пампкинс, по повод излегувањето на нивниот нов албум „Zeitgeist“, кој, секако, го слушаме во целост во вториот дел од емисијата.

Читај повеќе

„Мугер Фугер“ во Мезанин

Музиката на скопскиот бенд на Сецко е честа појава во магазинот. Овој пат го славиме нивното ново издание насловено „Luckiest woman“.

Читај повеќе

Tracey Thorn во „Мезанин“

Во Мезанин број 211, во фокус женските вокали на актуелната музичка сцена, а во целост го преслушуваме новиот соло албум на Трејси Торн, Out of the woods. Екс-вокалистката на Everything but the girl снимила прекрасно остварување, слушнете го 😉

Читај повеќе

Масив атак со филмска музика во „Мезанин“

Освен регуларните студиски и лајв албуми, британските трип-хоп херои снимаат и добра филмска музика 😉

Читај повеќе

Доцни ноќни приказни во „Мезанин“

Во ова октомвриско издание на меѓупросторот на Радио Равел, фокус на изборот на музика на компилацијата уредена од Нувел Ваг. Уживајте 😉

Читај повеќе

Пети Смит во „Мезанин“

Легендарната њујоршка панкерка Пети Смит издаде прекрасен албум со преработки на нејзини, но и наши омилени теми. Вечерва го преслушуваме во целост.

Читај повеќе