Архива за категоријата: МЕЗАНИН

Мојата прва радиска музичка емисија беше „Анексија“ на Стотројка, која одеше од 1997 до 2003 година. По трансферот во Радио Равел, до 2009 година ја уредував и водев „Мезанин“. И ден-денес слушателите знаат да се/ме потсетат на ова радио-шоу, кое навистина го водев со срце. Од зачуваната архива на емисии може да се забележи во какви граници во тие години се движел мојот музички вкус. Башка, има и многу интересни интервјуа со домашни бендови како значајна музичка архива, а тука се и драгоцените извештаи од фестивалот „Егзит“ во 2008 година, каде настапија и Секс пистолс. Ѕирнете, случнете, истражете… во години кога класичните радио емисии на нашите радија речиси и да ги нема, „Мезанин“ може да ви претставува фино ретро слушателско искуство ;-)

The Orb во „Мезанин“

Од кога не сме ги слушале музиките на д-р Алекс Патерсон. Еве го вечерва во целост неговиот нов проект насловен како и неговата музика, „The Dream“.

Читај повеќе

Дарквуд даб во „Мезанин“

Актуелниот албум „Јединство“ на белграѓаните Дарквуд даб! Но, пред тоа, загревање со актуелни музики од Македонија и Балканот. Тјун ин!

Читај повеќе

Најдоброто во 2008 според „Мезанин“

Во последното издание за 2008 година на меѓупросторот на Радио Равел, преглед на најдоброто во тековната година.

Читај повеќе