Архива за категоријата: Мезанин

Мојата прва радиска музичка емисија беше „Анексија“ на Стотројка, која одеше од 1997 до 2003 година. По трансферот во Радио Равел, до 2009 година ја уредував и водев „Мезанин“. И ден-денес слушателите знаат да се/ме потсетат на ова радио-шоу, кое навистина го водев со срце. Од зачуваната архива на емисии може да се забележи во какви граници во тие години се движел мојот музички вкус. Башка, има и многу интересни интервјуа со домашни бендови како значајна музичка архива, а тука се и драгоцените извештаи од фестивалот „Егзит“ во 2008 година, каде настапија и Секс пистолс. Ѕирнете, случнете, истражете… во години кога класичните радио емисии на нашите радија речиси и да ги нема, „Мезанин“ може да ви претставува фино ретро слушателско искуство ;-)

Беи д фиш во „Мезанин“

Во меѓупросторот на Радио Равел, конечно, по многу музицирање во живо, деби албумот „Look up“ на Беи д фиш. Гостин: Огнен Анастасовски. И генерално, македонско издание на магазинот.

Читај повеќе

ЛП издание на „Мезанин“

ЛП издание во меѓупросторот на Радио Равел. Слушаме музика од плочи од екс-ЈУ и светската музичка сцена. Доријан Греј, Боје, Д Џем, Миранда секс гарден, Рамонс, Токин хедс, Дејви Боуви, Рејдиохед… Убавини!

Читај повеќе

Stuart Staples во „Мезанин“

Во 181 издание на меѓупросторот на Радио Равел, фокус врз соло албумите на Стјуарт Стејплс, препознатливиот вокал на „Тиндерстикс“. Загревање со Том Вејтс и Ник Кејв.

Читај повеќе

Дејвид Гилмур во „Мезанин“

Во 180-иот меѓупростор на Радио Равел, фокус врз новиот соло-албум на Дејвид Гилмур (Пинк Флојд).

Читај повеќе

„Phoenix“ во Мезанин

Во 179 издание на меѓупросторот на Радио Равел, фокус врз францускиот инди-бенд PHOENIX, имаат одличен албум!!! Загревање со Лемонхедс, Едиторс…

Читај повеќе

Најдоброто на МКД музичка сцена во 2006 според „Мезанин“

По прегледот на најдоброто на светската музичка сцена во минатата година, овој пат емисија за најдобрите македонски музики за 2006 според „Мезанин“.

Читај повеќе

Најдоброто од 2006 според „Мезанин“

Во 177 издание на магазинот, прво во 2007 година, преглед на музиките кои не’ фасцинираа во претходната година. Stay tuned 😉

Читај повеќе

Captain Beefheart во „Мезанин“

Во 176 издание на меѓупросторот на Радио Равел, во фокус најзначајниот и највлијателен албум според гласањето на музичките критичари – Trout Mask Replica (1969) на Captain Beefheart. Чудаци!!!

Читај повеќе

„Баланеску квартет“ во Мезанин

Во 175 издание на меѓупросторот на Радио Равел, музика од маестро Александер Баланеску и неговиот квартет, надополнети со други музички убавини.

Читај повеќе

„Лемонхедс“ во Мезанин

Во 174 издание на меѓупросторот на Радио Равел, фокус врз новиот албум на бостонските херои Лемохедс, по дури десетгодишна пауза. Во меѓувреме, фин вовед со музики од неколку значајни бендови од американската сцена.

Читај повеќе