Еве едно пост-фестивалско издание на емисијата, во кое слушаме музика од учесниците на деветтото издание на „Таксират“. Тука се Дени те чува, Рундек Карго оркестра, Лајбах…

Еве едно пост-фестивалско издание на емисијата, во кое слушаме музика од учесниците на деветтото издание на „Таксират“. Тука се Дени те чува, Рундек Карго оркестра, Лајбах…

По распаѓањето на Советскиот сојуз, дотогаш моќната кинематографија, како спротивност на западната во секоја смисла, почна да се губи од сцената, пред да се појават неколку квалитетни режисерски имиња кои на рускиот филм му дадоа нов, свеж здив. Предводник на новата генерација руско кино дефинитивно е Александар Сокуров, чии прекрасни остварувања имаме можност да ги видиме, пред се’, на домашните филмски фестивали (во Скопје и Битола), а во последниов случај со „Александра“ и на „Синедејс“.

Еден од најинтересните бендови во првата декада од новиот милениум на домашната сцена, „Дени те чува“, неколку пати беа гости во емисијата. Ова е во очи на излегувањето на новиот материјал. а се навраќаме и на нивниот настап во живо претходниот пат, кога снимивме неколку песни кои останаа во архивата на радиото.

Рецепт за успешна кинематографија: Романската кинематографија во последниве години ја доживува својата филмска ренесанса, со што стана најактуелна на Балканот

Во последното ноемвриско издание во 2007 година, емисија посветена на мојот омилен чикашки бенд Смешинг пампкинс, по повод излегувањето на нивниот нов албум „Zeitgeist“, кој, секако, го слушаме во целост во вториот дел од емисијата.

Кон „Сенки“ (SHADOWS, 107 мин.) на Милчо Манчевски
улоги: Борче Начев, Весна Станоевска, Сабина ајрула, Филарета Здравковиќ, Диме Илиев, Салаетин Билал, Ратка Радмановиќ
Читај повеќе
Музиката на скопскиот бенд на Сецко е честа појава во магазинот. Овој пат го славиме нивното ново издание насловено „Luckiest woman“.

Во Мезанин број 211, во фокус женските вокали на актуелната музичка сцена, а во целост го преслушуваме новиот соло албум на Трејси Торн, Out of the woods. Екс-вокалистката на Everything but the girl снимила прекрасно остварување, слушнете го 😉

По тринаесет години чекање, на повидок е снимање на биографски филм за животот и делото на Курт Кобеин, лидерот на легендарниот гранџ-бенд Нирвана

Сцена прва: конференција за новинарите во хотелот „Александар палас“. Најавата е бомбастична – композитор на музиката во новиот филм на Милчо Манчевски ќе биде големиот Збигњев Прајснер, авторот, меѓу другото, на музиката за филмовите на великанот Кшиштоф Кишловски. По прекрасното интервју со мајсторот на нотите, одличен кавер во „Филмополис“ број 116, со избрани парчиња од „Трите бои“ на Кишловски, емисија за вистински сладокусци
Читај повеќе