Играта мачка-глушец низ визирот на Спилберг

Конечно, по долгогодишното режирање на филмови со сериозни, ангажирани и политички коректни теми, Спилберг си даде оддишка и сними релаксирачки и забавен филм. Во „Фати ме ако можеш“ нема ајкули, вонземјани, афро-американски робови, диносауруси, ниту пак луди типови, туку нормални луѓе, чија животна приказна е одлична подлога за еден интересен и гледлив филм. По СФ-експериментите во последниве две години, „Вештачка интелигенција“ и „Малцински извештај“, комерцијално најуспешниот холивудски режисер ни сервира американска мејнстрим „филгуд“ приказна базирана според вистинит настан, која филмските аналитичари ја поврзуваат со неговата вистинска животна приказна од детството, кога Спилберг, длабоко разочаран од разводот на неговите родители, задоволството го пронаоѓа во темните кино-сали, кадешто ги голта филмовите на Џон Форд.

Читај повеќе

Суровите ноти на Холокаустот

Човекот кој во младите, бунтовни денови сними некои од најпрекрасните кратки и целовечерни европски филмови (Нож во вода, Кул де сак…), исполнети со цинизам, мрачна атмосфера и насилство, а подоцна своите квалитети и интереси ги докажа и во филмовите снимени преку океанот, гротеската „Розмариното бебе“ и филм-ноар класиката „Кинеска четврт“, конечно, со „Пијанистот“, го смири детето во себе. Роман Полански беше (и се’ уште е) контроверзна личност поради секс скандалите и убиството на неговата свршеница Шерон Тејт во 70-те, но и поради неговата декадентност на филмски план во годините потоа, кога луташе низ жанровите („Горчлива месечина“, „Деветтата порта“). Денес, во годините на потполна зрелост, тој го заокружува својот филмски век со (злобниците би рекле) филмско дело кое се занимава со исклучиво оскаровска тема – Холокаустот.

Читај повеќе

Медиумска манипулација за публика гладна за сензации

Иако уште од „Брилијантин“ од 70-те години траеше големиот пост на филмскиот жанр „мјузикл“, пред две години „Мулен руж“ на Баз Лурман го најави неговото реактуелизирање на големото платно. Не требаше долго време за да се случи и „Чикаго“. Сепак, двата наслова имаат сосема различен пристап кон некогаш ултра-популарниот и ценет холивудски жанр. Додека филмот на Лурман си поигрува со денешниот мејнстрим произведувајќи поп-хитчиња и на тој начин постигнувајќи еден вид надреален ефект, „Чикаго“ не експериментира премногу со формата, задржувајќи одредени старомодни стандарди како симбиозата меѓу дејствието, танцот и музиката, основи што одамна ги постави мајсторот Винсент Минели, а ги надополни Боб Фосе.

Читај повеќе

Rage against the machine за заокружување на „Мезанин“ 10

Вечерва мал јубилеј, 10. издание на меѓупросторот на Радио Равел. По тој повод, два часа избор на супер квалитетна музика. Луѓе, играјте 😉

Читај повеќе

Пинк Флојд во „Мезанин“

Во осмото издание на меѓупросторот на Радио Равел, легендарните Пинк Флојд, но и нивната модерна реплика. Стиснете плеј за да дознаете за што се работи 😉

Читај повеќе

Hope Sandoval во Мезанин 07

Вечерашното седмо издание на „Мезанин“ се падна на 08 март, па затоа комплетно е посветено на женските вокали во современата музика. Една од нив е и вокалистката на бендот „Мази стар“, прекрасната Хоуп Сандовал, која е само еден мал дел од звукот во веќерашниот меѓупростор на Радио Равел.

Читај повеќе