Книжевни разговори со Миколај Гринберг

Збирката раскази „Еврејска работа“ ИЛИ-ИЛИ ја издаде пред неколку месеци, а токму овој август, гостин во Скопје ни беше полскиот автор чие дебитантско дело предизвика бура од реакции не само во матичната земја, туку насекаде каде што досега е преведено и издадено.

Читај повеќе

„Двојна експозиција“, промотивно

Драги пријатели, со задоволство го најавувам излегувањето на мојата нова прозна книга, збирката раскази “Двојна експозиција”. Овие приказни одамна ги носев во себе, дел од нив имаа потенцијал за роман, но сепак се одлучив за компактна збирка раскази, во која низ 12-те приказни раскажувам за растењето, созревањето, бизарноста, кризата на средните години и умирањето. Некако чувствувам дека ќе ви се допаднат, зашто ги напишав со кеиф и од срце 😉 Се гледаме од денес во книжарница… но пред тоа, да видиме што вели издавачката куќа 😄

Читај повеќе

Четири нови книги од ИЛИ-ИЛИ

За сите љубители на пишаниот збор, информација дека периодов во ИЛИ-ИЛИ бевме прилично активни на издавачки план, и во краток период на читателите им „подаривме“ дури четири нови возбудливи книги. Две од нив се дебитантски дела од домашни автори, а две се преводна литература. Одиме по ред со нивното претставување 😉

Читај повеќе

„Dirty“ на Соник јут денес слави 30-ти роденден!

Фан страната на мојот омилен њујоршки бенд сабајлево објави дека денес се навршуваат точно три децении од излегувањето на антологискиот албум „Dirty“. Кога добро размислив, сфатив дека ова дефинитивно е мојот најомилен и најслушан нивен лбум. Иако многумина најчесто се одлучуваат за „Daydream nation“ или „Goo“, сепак, љубовта на прв поглед, или подобро, „љубовта на прво слушање“ никогаш не ме напуштила.

Читај повеќе

Промоција на книгата за деца „Приказни од облаци“ на Кристина Тот

„Она што кај сопствените деца го гледам како нивен најголем страв е дека ќе бидат исклучени од околината, па макар тоа било преку „булинг“, задевање или потсмев. Тоа е она од што најмногу се плашат. Ова е еден мошне дамнешен страв кај човековите битија, кои доколку заостанат зад племето, разните животни-грабливци ќе ги стигнат и ќе ги растргнат. Поради тоа човекот претендира да се претопи со околината. Но што да правиме со оние деца кои имаат поинаков темперамент, поинакви замисли и потреби?“

Читај повеќе

Книжевни разговори со Кристина Тот

Кои се финесите кога се пишува поезија и проза, и особено литература наменета за најмладите? Ова е една од неколкуте теми кои Калина Малеска ги загатнува во разговорот со унгарската писателка Кристина Тот, која минатиот месец беше гостинка во Скопје.

Читај повеќе

Изложба „Новиот бран во Белград – Пакет аранжман 1981-2021“ во Загреб

Трамвајот со број 6 за десетина минути ме донесе од централната автобуска станица до предворјето на Музејот на современа уметност во Нов Загреб, каде деновиве може да се види изложбата насловена „Новиот бран во Белград – Пакет аранжман 1981-2021“. Автори на изложбата се Зорица Којиќ и Драган Амброзиќ, и таа содржи дела на фотографите Горанка Матиќ, Горан Вејвода, Бранислав Рашиќ и Бранко Гавриќ, кој е автор и на обвивката на славниот албум на новата генерација белградски бендови, после кој ништо не беше исто. Односно, на музичката сцена во поранешна Југославија се гледаше како на период пред и по излегувањеот на култниот „Пакет аранжман“.

Читај повеќе

Разгледница од Голи оток

Освен пишувањето и дружбите со прекрасните домаќини, времето на писателската резиденција во Пазин го пополнував со квалитетни прошетки низ Истра. Шетајќи низ центарот на симпатичниот истарски град, еден ден наидов на плакат на кој пишуваше дека туристичката агенција крај која поминував секој ден организира еднодневна посета на Голи оток. Не се премислував многу и веднаш го уплатив аранжманот кај сопственичката Ингрид, која најави дека ќе биде наш водич. Супер, помислив, конечно ќе можам во живо да ја видам и почувствувам приказната за најконтроверзниот остров во минатото, чија слава и значење единстено можеби ја засенува Вис. Но, за разлика од него, Голи оток и ден-денес како референца неретко се употребува во секојдневието и во политичките дебати на овие простори, метафорична сенка која веројатно никогаш нема да можеме да ја надраснеме.

Читај повеќе

Зип-лет за „Довидување Пазин“

Во текот на тринеделниот престој на книжевната резиденција во Пазин, мои драги соседи беа дечките и девојките кои работеа на зип-линијата чија патека ве вози над длабоката пазинска јама. Мојот балкон и првата платформа се оддалечени 5-6 метри, и во периодите кога подолго бев осамен работејќи на новите ракописи, баш ми беше драго кога ќе ја чуев екипата со новата група посетители, како врескаат додека адреналинот им шиба во срцето. Сето ова претставуваше добра психолошка подготовка за мојот писателски прелет над јамата, кој го оставив за претпоследниот ден, пред заминувањето.

Читај повеќе

Изложба „Добредојдовте“

Со изложбата насловена „Добредојдовте“, градот Пазин минатата година ја одбележал 75-годишнината од посетата на Меѓународната комисија за разграничување на Јулијската краина, односно Истра,  меѓу Италија и Југославија. Изложбата се отворила на 18 мај и било најавено  дека ќе трае до 31 декември 2021 година, но поради големиот интерес и посетеноста, како и поради важната тема која ја обработува, таа може да се посети во средновенковниот „каштел“  и во текот на оваа, 2022 година.  

Читај повеќе