Иако летото е вообичаено време кога во кината царуваат блокбастерите, сепак, кога зад себе имате признание „Победник на фестивалот Санденс“, надежите се движат во зоната на посакуваниот успех кај пошироката публика. Таков е случајот со „Зимска коска“ кој токму во моментов ја маѓепсува публиката со својата заводлива и сурова убавина.
Пионерот на панкот, Јан Дјури, можеби и не е оригиналниот кум на фразата „Секс, дрога и рокенрол“, но музичката тема со ист наслов од 1977 година ги освои музичките топ-листи, така одомаќинувајќи го овој израз во секојдневието. Тоа е всушност и насловот на новиот биографски документарец за британскиот музичар, режиран од Мат Вајткрос.
Потрагата по вистинско филмско летно освежување не’ одведе до едно остварување кое ги изгледавме со уживање. Станува збор за документарецот „Американско пиво“ од 2004 година на режисерот Пол Кермизијан, чија концепција е толку едноставна колку самиот наслов на овој интересен филм.
Според политичките аналитичари, по преструктуирањето на силите на светската сцена повторно се создава простор за нова Студена војна, можеби не директно помеѓу Истокот и Западот, но можноста постои, со закана дека ќе се случи најлошото можно сценарио. Поттикната од слични размислувања, авторката Луси Вокер во својот нов доку проект „Одбројување до нула“ истражува колку нуклеарното оружје кое го поседуваат големите светски сили, но и оние не толку моќните, е во сигурни раце.
Кон „Како го завршив ова лето“ на Алексеј Попогребски
Легендарниот Никита Михалков ова лето е актуелен со продолжението на „Изгорени од сонцето“, насловено „Егзодус“, со што ја продолжи приказната која му донесе светска слава, крунисана со Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје во 1994 година, кога меѓу петте финалисти беше и „Пред дождот“ на Милчо Манчевски. Злобниците коментираат дека продолжението на филмот можеби укажува на тоа дека рускиот режисер веќе нема добри идеи, но за среќа, тоа не е така со новата генерација на руски режисери, кои се се’ подобри и подобри. Алексеј Балабанов, Александер Сокуров и Андреј Звјагинцев во изминатите две декади ни подарија некои од најдобрите остварувања не само во руската, туку и во светската кинематографија, освојувајќи многу фестивалски награди. Новото име на кое треба да се внимава во иднина е Алексеј Попогребски, кој зад себе има веќе три одлични остварувања, но благодарение на последниот наслов, конечно излезе од локални рамки, поклонувајќи се пред светската филмска публика. Филмот „Како го завршив ова лето“ беше едно од пријатните изненадувања на последното Берлинале, каде неговите главни протагонисти, Григориј Добригин и Сегеј Пускепалис ја поделија наградата „Сребрена мечка“ за најдобар актер.
„На пат кон училиште“ на Озгур Доган и Орхан Ескиној
Првото издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ во Скопје повторно го врати во фокусот малку подзаборавениот жанр во нашата кинематографија, толку успешен во минатото. Навистина беше прекрасно да се биде дел од непретенциозната атмосфера во преубавиот Куршумли ан, под отворено небо, што од друга страна, го отвора прашањето за отворање на вистинско и наменско летно кино во метрополата. Но за таа тема во друга прилика, бидејќи во следните редови ќе се обидам да ги пренесам чувствата кои ги предизвика победникот на фестивалот, турскиот документарен филм „На пат кон дома“, кој ја доби наградата „Млад кромид“ за најдобар деби филм од тричленото жири, во кое покрај мојата маленкост тука беа и колегите од Србија и Хрватска. Конкуренцијата беше навистина жестока и изборот ни беше тежок, но по креативната дискусија и аргументие ставени на маса, ова остварување на крајот не’ освои со своето големо срце.
Доминацијата на еден куп американски документарни филмови кои во изминатите години ги окупираа нашите мисли и сетила со своите провокативни и истражувачки приказни, правејќи да се чувствуваме ангажирани граѓани со регуларно право на глас на планетата Земја, конечно, ја сруши еден малку поинаков тип на филм кој доаѓа од британскиот остров. Станува збор за 80-минутниот „Избришаниот Дејвид“ на Дејвид Бонд, кој бил испровоциран од државната бирократија која со писмо го известила дека во следните месеци нема да бидат во можност да испраќаат „детски додаток“ за нивната ќерка, бидејќи по грешка ги избришале податоците на дури 25 милиони Британци. Но, документарната форма дозволува широк дијапазон на делување, па авторот на филмот ја проширува зоната на истражување и уште на стартот го поставува прашањето: „Колку од информациите поврзани со нашиот живот се достапни во јавноста, и колку истата знае за нас?“
Почнувајќи од премиерата на фестивалот „Санденс“ во јануари, преку „Берлинале“ и њујоршкиот „Трибека“, па се’ до неговата официјална кино-премиера на почетокот од овој месец, новото остварување на почитуваниот британски режисер Мајкл Винтерботом не престанува да крева прашина меѓу филмофилите и критичарите. И со право, бидејќи „Убиецот во мене“ претставува хируршки прецизно отсликана состојба на убиецот кој, веројатно, чучи во секој од нас, неуморно барајќи излез и реализација на своите налудничави идеи.
Едно од највпечатливите остварувања на 13 издание на Скопје филм фестивал беше „Хадевич“, новиот филм на култниот француски филмаџија Бруно Димон. Предводникот на Новиот бран во француската кинематографија заедно со контроверзниот Гаспар Ное, неретко наградуван на светските фестивали, особено во Кан, 52-годишниот Димон и со своето актуелно чедо не’ води на патување во кое ние, како негови неми сведоци, се обидуваме да го сфатиме функционирањето на светот околу нас, иако истиот очигледно одамна го загубил својот компас.
Македонската документаристика во минатото ги испиша своите ѕвездени моменти во домашната кинематографија, неретко освојувајќи многу награди на светските фестивали. По долгогодишно затишје, се појавија неколку интересни млади автори на документарци, кои ветуваат дека малку подзаборавениот жанр повторно ќе се врати на старите патеки. Најсветла точка меѓу нив е драматургот-режисер Билјана Гарванлиева, која, соочувајќи се со неможноста авторски да се реализира во сопствената држава, замина во Германија. Таа со прекрасниот документарен филм „Девојчето со хармоника“ покажа и докажа дека Македонија е плодна почва за изнедрување на одлични филмски раскажувачи во најспецифичниот филмски жанр. Престижната германска награда „Златна Лола“ е вистински доказ за тоа Фотографија: Самир Љума Читај повеќе →