Таг архива: расказ

Клупа

Во една сеопфатна енциклопедија посветена на републиките и нивните карактеристики во поранешна Југославија, посебен дел беше посветен на метрополите. Илустрирани со различни фотографии што ги претставуваа нивните најпознати знаменитости, главните градови Белград, Загреб, Љубљана, Сараево и Титоград, помалку или повеќе, го нудеа најдоброто што го имаа. Првата фотографија со која се претставуваше Скопје беа неколку дечки и девојки на една клупа, некаде низ една од населбите на Карпош. Двајца од нив седеа на неа, а двете девојки и уште едно момче, сите на возраст во своите рани дваесетти години, стоеја пред или покрај клупата, притоа, според погледите, поставеноста на телото и одредени ситни движења фатени со фотоапаратот, разговарајќи на одредена тема. Со тоа авторите на оваа богата енциклопедија, случајно или намерно, го овековечија вистинскиот симбол на градот на солидарноста во сите овие децении наназад, нејзиното величество – клупата.

Читај повеќе

Чоколадо

Шон беше панкер во душа. Ја сакаше слободата на движење низ неговиот роден град кога сака и со кого сака. Тој имаше бенд што во одредени кругови важеше за култен. „Малото семејство“, како што го нарекуваше, го делеше со уште двајца другари од средно. Претходно сите поминаа низ различни фази и низ различни групи, но на крајот некако се пронајдоа во оваа, која ја нарекоа „Д Џорџ“. Едноставно и ефектно.

Читај повеќе

„Последната ноќ на светот“, Реј Бредбери

„Што би сторила кога би разбрала дека ова е последната ноќ на светот?“

„Што би сторила? Сериозно мислиш?“

„Да, сериозно“.

„Не знам, не сум размислувала“.

Читај повеќе

Чернобил

Црешата во дворот на мајка ми рацветала до крајност. Ветува сочна пролет. Нејзиниот раскош ме враќа 35 години во времето. Мај, доцна пролет, црешите просто мамат да бидат вкусени. Но, советот е да не се јадат поради случувањата со Чернобил.

„Знаете минатиот месец што се случи во Русија!? Радиоактивните облаци се насекаде околу нас. Немојте да ги јадете, ќе се разболите“, беше предупредувањето кое, на наша зачуденост, го добивавме од родителите.

Читај повеќе

„Кога заминав од Карл Либкнехт“, расказ

Ирена, 21, Скопје, Македонија – Тирана, Албанија

Од „Карл Либкнехт“ во Скопје заминав лани, штотуку дипломирана на студиите по меѓународно право, со познавање на англиски, германски, француски и албански јазик, и без поинаква иднина. Сето време се пријавував на конкурси за работа, и во Македонија и во странство, и на крај ми беше понуден едногодишен проект во канцеларијата на една германска фондација во Тирана, Албанија. Фондацијата се труди во албанскиот правен систем да имплементира повеќе закони од законодавството на Европската Унија и работи пред сѐ на поврзување на албанското општество со соседните.

Читај повеќе

„Небо без ѕвезди“, хаибуни

КОМАРЕЦ СО СЛУХ

Утрово преку мобилниот ми стигна одлично тазе хаику од еден пријател: Еј комарецу, / дај прво да заспијам, / потоа касај. Можеби не би инсистирал да го цитирам, ако не стигнеше баш во моментот кога го чистев ѕидот.

Читај повеќе

Беба

Од високата кула, во која често навратував за да се возам со лифтот до кровот, имаше најубав поглед врз околните згради, паркот и кривулестиот тек на реката Вардар. Легнував на стомак, цврсто прилепена до жешкиот катран на самиот раб од педесетметарскиот лет кон смртта, и набљудував. Некогаш носев и семки од кајсии за да се пошегувам со минувачите. Тука, од високо, работите изгледаат поинаку, можеби заради стравот. Тополите не се толку високи, а јајцата во гнездата на враните и страчките се на дофат. Ги сакав овие висински прошетки и не ги кажував никому, заради девојчето од полициската зграда, чиј лик се најде на банкнотата од 10 динари кога успеа да го преживее падот од петтиот кат, благодарение на живата ограда. Не сакав да ја ставам на испит мојата среќа.

Читај повеќе

„Сите наши тела“, четири куси раскази

Лупење јаболка

Има движења што го будат минатото. Бавно лупам едно јаболко со џебно ноже (џебно ноженце, го викаа некогаш), набљудувам како се вие спиралата на кората, го бришам јабол­ковиот сок по ножето. Мојата рака се сети за раката на татко ми која се сети за раката на дедо ми. Не јас, туку мојата рака помни. Не јас, туку дедо ми ги лупи јаболката. И сите тројца подголтнуваме задоволни.

Читај повеќе

Живко Чинго, расказ

Скопска усвитена жега. Болскотна острица на летото ис­посекла и ослепила сѐ околу себе. Бавност и подзамижаност. Никој да мрдне, ништо да претне. Малкуто дрвца во уличето скржаво си ги чуваат скудните ладовинки. Само за своето проретчено лисје. Половина Дебар маало заминало да се капе во какви било води, другата половина ете ја заточена во своите затемнети, климатизирани зандани. Вештачка подносливост зад смекнатите за’рѓани решетки на запарата. Марјан ја тресна вратничката од дворот и со брзи чекори се упати кон „Идадија“. Да се напие едно кафе додека сврти некој телефон. Ги сакаше карираните чаршафчиња, особено кога ќе ги засука некој безобразен ветар, а пепелникот и ка­рафиндлот гордо ѝ ја чуваат честа на масата, не дозволувајќи да биде угол гола. Немаше ни најмало ветре, ама желбата за ненадејна алина му го помести непослушното перче на проќелавената глава.

Читај повеќе