Таг архива: роман

Кон романот „Првобитните нешта“ од Бруно Виејра Амарал (ИЛИ-ИЛИ, 2017)

Првата асоцијација кога ќе се спомене португалската литература е Нобеловецот Жозе Сарамаго. Човекот кој доживеа длабока старост постојано пишувајќи прекрасни дела кои го воодушевија светот и ја претставија Португалија од сосема поинаков агол, сосема заслужено, по неговата смрт, доби книжевна награда која го носи неговото име. Токму таа награда неодамна ја доби и младиот португалски писател Бруно В. Амарал, истовремено добивајќи го и признанието за еден од десетте „Нови книжевни гласови на Европа“ за 2016 година. Овој талентиран момак во сабота го имаме во Скопје, а повод е преводот на неговиот дебитантски  роман „Првобитните нешта“, кој да звучи милозвучно од португалски на македонски јазик, сесрдно се потруди Наташа Сарџоска. И не само тоа. Ова е негов прв превод воопшто во светот. 
 
 

Читај повеќе

Кон романот „3 минути и 53 секунди“ од Берт Стајн

Добровечер, благодарност за поканата вечерва да кажам збор-два за книгата која се надевам дека веќе сте ја прочитале и сте уживале во неа. Доколку не, ќе се обидам да ве убедам што побргу да го сторите тоа. За да бидам јасен и прецизен во мислата, напишав еден не многу долг текст кој ќе го прочитам, и кој се надевам дека ќе ви се допадне.

Читај повеќе

Поговор со мастило во боја на бамји

пишува: Оливера Ќорвезироска

Игор Анѓелков е автор со одличен творечки ритам, и во буквална и во метафорична смисла. За шест години – три книги, во три книги – суверена дефиниција за сопствениот раскажувачки интерес, јасно одреден, уште појасно следен и развиван. Како да ги надоврзува насловите еден на друг, како да ги (о)пишува градот и светот, улица по улица, фотографија по фотографија, песна по песна, вистина по вистина… Исто – за да се утврди препознатливоста, различно – за да се прослави поинаквоста. „Кротки приказни“, „Крај-пат“ и „Фото синтеза“ се една неформална трилогија која беспрекорно функционира во сите можни комбинации: 1-2-3; 1-3-2; 2-1-3; 2-3-1; дури и 3-1-2, па и 3-2-1! И уште повеќе од тоа, неформалната трилогија сосем суверено си опстојува и на единечно ниво. Романот „Фото синтеза“ е фина можност да се запознаете или срдечно да се поздравите со Анѓелков. Сосем сеедно за книжевната „претстава“ е каква ќе биде вашата улога како читател.

Читај повеќе