Сто емисии, сто двочасовни шоуа со ултра квалитетна музика, време е за прослава и за слушање на Грејтес хитс, или Грејтес шитс, како сакате. Бидете со нас на 96ФМ!

Сто емисии, сто двочасовни шоуа со ултра квалитетна музика, време е за прослава и за слушање на Грејтес хитс, или Грејтес шитс, како сакате. Бидете со нас на 96ФМ!
Џони Штулиќ со интервју повторно ги разбранува страстите на екс-ЈУ просторите. Вечерва посветa на неговата Азра, но и на останатите музики кои ги сака(в)ме и со кои пораснавме и созреавме.
Real gone е новот музичко чедо на „лошото момче“ Том Вејтс, доволно причини да се потсетиме и посветиме на неговата богата дискографија.
Мистер мадрфакин мјузик Гад со неговата дружина има нов албум, и тоа двоен! Дами и господа, време е за прослава!!!
Португалските фадо легенди со новиот албум во меѓупросторот на Радио Равел. Емисија за вистинските музички сладокусци 😉
Во 51 издание на меѓупросторот на Радио Равел, многу пост-рок, со фокус на белградската уметничка атракција Чинч и нивниот албум „Понашање“.
Една од креативните сили на Велветите во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел. Вечниот џентлмен и шизик, г-нот Џон Кејл!
Иако е јануари, вечерва сме сончево расположени. Слушаме реге со новото откритие Bozoo Bajou, и секако, неизбежниот Боби Марли.
Во првото издание на меѓупросторот на Радио Равел, на 04 јануари правиме ретроспектива на албумите кои сметаме дека беа вредни за слушање во изминатата година. Стартуваме со мистер Лаврбој, г-нот Ник Кејв.
Во предјубилејното издание на меѓупросторот на Радио Равел во целост го преслушуваме амбиенталното ремек дело на др. Алек Патерсон пред 10 години, The Orb’s adventure beyond the ultraworld. Уживајте 😉