Овој филм иако е комплетно снимен во Чешка, сепак, претставува македонска копродукција, која соодветно беше промовирана и во нашата држава. Она што Трајков претходно го спомена во интервјуто за „Големата вода“, релативно набргу и се оствари. Недовршениот проект што беше тргнат настрана токму поради екранизацијата на романот на Живко Чинго, конечно ја виде светлината на сребрениот екран. „Movie“ e експеримент пар екселанс, при чие гледање, без исклучок, треба да се вклучат сите сетила, бидејќи станува збор за филозофско промислување на филмската уметност преку концепт зад кој целосно стои Трајков, и како автор и како лик во филмот во кој (наводно) се игра себеси (режисерот). Поради специфичноста на овој едноиполчасовен филм, тој играше во терминот од 22.30 во киното „Милениум“, или во превод: исклучиво за филмофили, иако, ќе прочитате, Трајков не мисли баш така за своето интимно чедо.
Читај повеќе →