На Денот на македонската азбука и на македонскиот јазик, денес точно напладне, во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ беше промовиран едукативно-документарниот филм „Бела книга – женско писмо“ на Снежана Младеновска Анѓелков.

На Денот на македонската азбука и на македонскиот јазик, денес точно напладне, во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ беше промовиран едукативно-документарниот филм „Бела книга – женско писмо“ на Снежана Младеновска Анѓелков.
Драги пријатели и читатели, со задоволство го најавувам објавувањето на мојот нов ракопис. Утре од печат излегува „Мина“, роман со мирис на чај од тегавец, вкус на палачинки со шеќер, завиен во плетен џемпер, со календарче под перница… како што гласи поднасловот. Книгата интензивно ја подготвував во изминатите две години, вклучувајќи го и престојот на книжевната резиденција во Пазин, Хрватска во јуни 2022 година. Веќе од утре „Мина“ ќе може да се најде во ИЛИ-ИЛИ, а од четврток и на нашиот штанд на традиционалниот пролетен Саем на книга во „Борис Трајковски“.
Вчера од печат излезе четвртото издание на „Единаесет жени“ од Снежана Младеновска Анѓелков, со освежена корица, на радост на читателите кои во меѓувреме бараа примерок од книгата со која авторката стана прва лауреатка на „Роман на годината“ за дебитантски ракопис во 2011 година.
Денеска од печат излегува „И други приказни“ од Георги Господинов, која пред десетина години првично ја издаде „Темплум“. Во очекување на ново дело од бугарскиот автор, актуелен со романот „Засолниште во времето“ кој доби многу меѓународни признанија, ИЛИ-ИЛИ се реши за ваков потег, на радост на многумина фанови на писателот.
Деновиве од печат излезе новото дело од работилницата на книжевниот мајстор Влада Урошевиќ, збирката раскази „Вонземјанки“, со поднаслов „Раскази од латинскиот кварт“, која пред читателите беше претставена на 18 април во киното „Фросина“ во МКЦ, со Гоце Смилевски како промотор. Ова е 221 издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, со што професорот на прекрасен начин го заокружува креативниот период во кој ја доби наградата „Роман на годината“ на Фондацијата „Славко Јаневски“ за книгата „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ (Арс либрис, 2022), а во меѓувреме Струшките вечери на поезијата објавија дека годинашен лауреат и добитник на „Златниот венец“ на манифестацијата е токму тој. Дефинитивно, ова е година на Влада Урошевиќ!!!
Денеска од печат излезе збирката раскази „Грбот на мажот“ од Аријан Лека, која е прв превод од албански на македонски јазик во едицијата „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ, благодарение на преведувачот Крешник Ајдини.
Денеска од печат излезе преводот на новиот роман на Горан Војновиќ насловен „Ѓорѓиќ се враќа“. По објавувањето на „Југославија, моја дежела“ и „Смоква“, ова е трето дело на регионалната книжевна ѕвезда кое излегува на македонски јазик во издание на ИЛИ-ИЛИ. Преводот од словенечки е на Давор Стојановски.
Денес од печат излезе новата збирка раскази од Влада Урошевиќ насловена „Вонземјанки“, со поднаслов „Раскази од латинскиот кварт“. Ова е 221 издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ. Воедно, вечерва во 20 часот во киното „Фросина“ во МКЦ истата ќе биде претставена пред читателската публика. Промотор ќе биде Гоце Смилевски.
Во вторникот, на 04 април, во рамките на кампањата „Читаме современи македонски автори“ која библиотеката „Браќа Миладиновци“ ја реализира од минатата есен, се случи разговорот кој одлично го водеше и модерираше книжевната критичарка Александра Јуруковска, долгогодишниот проследувач на сето она што е возбудливо на македонската книжевна сцена. Во фокусот беше збирката раскази „Двојна експозиција“, која е книга на месецот април во библиотеката, но чепнавме и други теми поврзани со издаваштвото, литературата и воопшто, со културата кај нас.
Во понеделник од печат излегува новата книга со скопски графити „(До)Живеј го Скопје“, која ја приредивме со Матеј Богдановски како долгогодишни страсни колекционери и графити-архивари. До сабота, 08 април, трае двонеделната кампања за време на која читателите купуваат ваучер по промотивна цена од 400 денари, а од 10 април книгата ќе можат да си ја подигнат во ИЛИ-ИЛИ, која оттогаш ќе се продава по редовна цена од 550 денари. Во продолжение можете да ги прочитате двата воведни текста на авторите како мотивација да го сторите токму тоа, книгата да стане дел од вашата домашна библиотека како ретко, ексклузивно и скапоцено издание кое содржи скопски графити-мудрости.