Авторска архива: Игор Анѓелков

Витали Мански – политика и филм!

Главна филмска „ѕверка“ на четвртото издание на „КинеНова“ е рускиот документарист Витали Мански. Тој пристигна во Скопје на 04 октомври, и веднаш од аеродром се појави на закажаната конференција за новинарите во очи на отворањето на фестивалот. Мански беше расположен за разговор, несебично впуштајќи се во објаснувања поврзани со неговиот филм „Путиновите сведоци“, кој минатата година победи во Карлови вари, и кој беше прикажан на „КинеНова“ како специјална проекција со присуство на авторот.

Читај повеќе

Богати програмски содржини на „КинеНова“ #4

Во засебен текст беа претставени седумте филмови во официјалната трка за наградите, но „КинеНова“ на филмофилите им нуди и останати атрактивни содржини на сребрениот екран. Еве што се’ содржат програмите на четвртото издание на фестивалот, кој стартува утревечер во киното „Милениум“ со двојна програма. Од 18 часот, за сите оние кои ја пропуштија „Петрунија“,  уште една проекција на наградуваниот филм на Митевска, а од 20 часот филмот на отворање, победникот во Карлови вари годинава, „Таткото“ на бугарскиот тандем Грозева/Валчанов. А пред нив – ексклузива, светска премиера на десетминутниот анимиран филм „Змијулче“ на Иванов/Гацова/Господиновски.

Читај повеќе

„Аб’т“ од Оливера Ќорвезироска

Денеска од печат излегува новата книга од Оливера Ќорвезироска насловена „АБ’Т“. По теориската „Еден текст и една жена“ (2016) и збирките раскази „(СО)шиени раскази“ (2017) и „Улиците што ги нема“ (2018), ова е четврта соработка на издавачката куќа „Или-Или“ со еминентната книжевна критичарка и писателка. По 14-годишна пауза и нејзиниот тогаш прв роман „Заклученото тело на Лу“ (Магор, 2005), Ќорвезироска повторно влегува во романескните води и ни го „подарува“ можеби нејзиниот најличен ракопис, како 175 книга во популарната едиција „ПРОаЗА“.

Читај повеќе

Седум фантастични деби филмови во трка за наградите на „КинеНова“

Драги љубители на седмата уметност,

четвртото издание на Интернационалниот фестивал на дебитантски филм „КинеНова“ ја има можеби најсилната програма досега. Ова особено важи за филмовите во официјалната конкуренција, кои се свет за себе. Со својот ангажиран став кон многу социјално-општествено-политички теми кои во моментов го тангираат светот, тие ќе ве воодушеват со својата брилијантност од секој аспект.

Еве ги сите седум филмови претставени на едно место, низ синопсис и трејлер, одлучете што ќе погледнете во Кинотека од 05 до 08 октомври, кога токму овие прекрасни остварувања на новите гласови во светскиот филм ќе бидат на фестивалската програма.

Читај повеќе

Overview – The Universal Nature of the Themes

in 25th Short Film Festival in Drama by Igor Angjelkov

As a long-standing fan and admirer of short films, I was very pleased to take part in the film festival in Drama. This beautiful small city in the eastern part of Greece, where you can feel and smell the sea salt in the air and in which the freshwater springs in the center give the city its tranquil and fresh atmosphere, was once again the host of the 25th edition of the renowned short film festival, which was full of film magic. The excellent organization did not leave room for any improvisation, the events were arranged impeccably, and the most fascinating thing was the energy of the attendants who had an opportunity to exchange their experiences, which might lead to future film project collaborations. The importance of this festival as part of the festival map in Greece was evidenced by the attendance of the new Minister of Culture, who, as any politician would, promised to establish a film university in Drama, alongside the restoration of the old tobacco factory into a modern cinema.

Читај повеќе

„Драма“ во Драма – премногу добри филмови на едно место!

42 издание на филмскиот фестивал понуди мноштво од квалитетни остварувања во сите конкуренции и навистина беше уживање  да се присуствува овие седум септемвриски фестивалски денови во Драма

Читај повеќе

Исклучителни филмови на 4-то издание на „КинеНова“

„КинеНова“ и официјално ја објави програмата на своето четвртото по ред издание на Интернационалниот фестивал на дебитантски филм, кој годинава ќе се одржува од 05 до 13 октомври во Кинотека. Исклучок е единствено отворањето на фестивалот во киното „Милениум“ на 04 октомври, со филмот-победник на годинашното издание на фестивалот во Карлови Вари, „Таткото“ на бугарскиот тандем Катерина Грозева и Петар Валчанов. Седумте филмови во официјалната селекција од кои на крајот жирито ќе ги избере најдобрите, надополнети со неколку возбудливи споредни програми, се вистински мамец за филмските сладокусци и оваа година да го посетат фестивалот и да уживаат во понудената порција од совршени филмски колачиња.

Читај повеќе

Награди на јубилејното, 40-то издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Синоќа во Битола беа доделени наградите за најдобрите кинематографери на 40-то издание на „Браќа Манаки“. Жирито составено од Ед Лакман, Калојан Божилов, Доминик Велински, Фејми Даут и Ненад Дукиќ ги донесе следниве одлуки:

Читај повеќе

Стрип и графити во Драма

Најпознат настан од областа на културата во Драма е Фестивалот на кратки филмови, кој годинава се одржува по 42 пат. Но, со своето прво издание и големиот интерес пред се’ од младите уметници и љубители на деветтата уметност, Стрип фестивалот има тенденција да стане традиционален и на едно место да ги собира како домашните, така и интернационалните стрип уметници. На неколку локации низ градот се поставени табли од грчките стрип мајстори од старата и новата генерација, како и оние на годинашните специјални гости од Италија. Еве ги стрип-таблите поставени во Археолошкиот музеј на тема – Втора светска војна:  

Читај повеќе

Кон 42-то издание на Фестивалот на кратки филмови во Драма

Септемврискиот филмски термин вообичаено со години наназад ме носеше во Битола на „Браќа Манаки“, но годинава ќе го скокнам неговото јубилејно, 40 издание поради поклопувањето на терминот со филмскиот фестивал во Драма, Грција, каде за прв пат ми беше укажана честа да бидам член на ФИПРЕСЦИ жирито. Интернационалното здружение на филмски критичари знае да ги препознае квалитетните фестивали и во соработка со нив да има свои претставници кои доделуваат една од наградите. Филмскиот фестивал на кратки филмови во Драма со својата богата програма и традиција е токму тоа.

Читај повеќе