„Воодушевување“ е мал збор за да се опише говорот на годинешниот лауреат, австрискиот сценарист, режисер и продуцент Улрих Зајдл, кој го прочита на отворањето на „КинеНова#9“, прецизно опишувајќи го духот на времето во кое живееме и она кое ни претстои. Затоа во продолжение го пренесувам во целост, за уште еднаш да се увериме во моќта на изговореното како храбар став, како бистар поглед врз загрозената слобода на уметноста и воопшто, како став за самиот живот кој треба да го живееме и обликуваме како што треба и доликува.
Читај повеќеАвторска архива: Игор Анѓелков
Интервју со Улрих Зајдл, лауреат на „КинеНова#9“
Кога станува збор за австриската кинематографија, несомнен суверен е омилениот и наградуваниот филмски автор Михаел Ханеке. Меѓутоа, паралелно со неговата работа течеше и онаа на Улрих Зајдл, ништо помалку квалитетен и провокативен автор, чии филмови, како и неговиот писател сонародник Томас Бернхард, ја соголуваат малограѓанска Австрија. Ја имав честа да го интервјуирам добитникот на наградата за исклучителен придонес во филмската уметност на годинешниот фестивал, чии филмови „Рај: Надеж“ и „Рај: Љубов“ ќе имате можност да ги гледате во среда (20:30) и во петок (22:30) во Домот на култура „Билјана Беличанец“ (Киноверзум) во Кисела вода.
Возбудливи филмови во трка за „Златна грива“ на „КинеНова#9“
Од 15 до 20 октомври, по деветти пат, „КинеНова“ го нуди најдоброто од остварувањата на новите автори. Со провокативните дизајн и слоган „Што е прво? Филмот или приказната?“, предјубилејното издание на меѓународниот филмски фестивал низ богатите содржини исполнети со проекции, мастеркласови, работилници… ќе се обиде да го задржи нивото на провокативност кое отсекогаш претставувал негов квалитет.
„Oasis“ времеплов
Откако објавија дека следната година ќе направат повратничка концертна турнеја, потсетувајќи ги фановите на нивните најголеми хитови, медиумската машинерија веднаш почна да работи и од „нафталин“ да ги вади сјајните моменти од кариерата на „Oasis“ (читај: браќата Галагер) од 90-те години на минатиот век.
Читај повеќеЧас по анатомија со Че Гевара
На денешен ден, 9 октомври, беше егзекутиран последниот вистински револуционер во 20 век, Аргентинецот Ернесто Че Гевара (1928-1967). На постојаната поставка во Музејот на град Скопје, пријатно-изненадувачки, може да се види една многу интересна слика на српската уметница Оља Ивањицки, насловенa „Час по анатомија“, како алузија на славната слика на Рембрант, на која се насликани последните мигови на овој свет на револуционерот, пред да му се загуби секаква трага.
Читај повеќеКон „Мегалополис“ на Ф. Ф. Копола
Вест на месецот: еден од најдолго очекуваните филмови во последново десетлетие конечно може да се погледне во домашните кина. „Мегалополис“ на Френсис Форд Копола, и покрај сите главоболки што му ги создаде, и покрај сите пробиени рокови и еден куп потрошени долари (сто милиони!), по канската премиера во мај, есенва е главен наслов во кината ширум светот. И со право, бидејќи „стариот лисец“ се’ уште има што да каже на големото платно. Вообичаено крајот на годината нуди мегаломански проекти (се сеќаваме, „Опенхајмер“ и „Наполеон“ во претходната сезона), а „Мегалополис“ на Копола дефинитивно спаѓа меѓу оние по кои ќе се памети годината, иако на прва топка не изгледа така: широката публика баш и не го сака, критичарите се бајаги резервирани, но, за добрите дела само времето е релевантен судија.
„Народен непријател“ од Ибзен во МНТ
Кога повторно го препрочитувам Хенрик Ибзен, сфаќам колку овој норвешки автор бил сплотен со времето во кое живеел, а истовремено бил и надвор од него. Е па сега, одлучи се, си велам. Дилемите во однос на втората констатација ми ги разреши гледањето на претставата „Народен непријател“ во МНТ, драма која иако е напишана пред дури 140 години (сиц!), таа совршено кореспондира со времето во кое живееме (или подобро, живуркаме).
Читај повеќеНеподнослива леснотија на постоењето
Деновиве уловив една слика, еден кус кадар од филмот „Неподносливата леснотија на постоењето“ на Филип Кауфман од 1988 година, екранизација на истоимениот роман на Милан Кундера, и читајќи го тоа кусо обраќање на Тереза (Жилиет Бинош) до љубениот Томас (Даниел Деј Луис), си реков: „Драга Бинош, драг Кундера, не сте свесни колку сте (биле) во право“. 🙂
Читај повеќеВторо издание на „Шрапнел“
Драги пријатели, денес од печат излезе второто издание на „Шрапнел“, во лимитиран тираж. Ова е убава можност за сите оние што го пропуштија и за оние кои во меѓувреме прашуваа за романот, да стане дел од нивната домашна библиотека. Реизданието како додатна вредност го содржи и поговорот насловен Прецизна вивисекција на генерацијата родена во ’70 и некоја на Ана Мартиноска.
Читај повеќеТврдината „Нехај“ во Сењ
Балканот изобилува со тврдини кои најчесто служеле за одбрана во време на војна. Една од најпознатите на јадранското приморје е онаа во малиот и симпатичен град Сењ. Тврдината „Нехај“ одиграла важна улога во одвраќањето на Турците-Османлии од продирањето кон централна Европа, каде со статус на херои се стекнуваат познатите хрватски Ускоци.