Откако го прочитав „Шрапнел“, среќнородената книга на Игор (бидејќи се појави во време кога читачките навики, се надевам, се враќаат во мода), би го нарекол монтажен роман. Ако не е тоа, тогаш тоа сигурно му е барем едно од имињата, што не е неочекувано од еден верен филмофил. Многуте кадри од кои е составена книгава се снимени во барем десетина плана и следат пет основни и повеќе епизодни дејствени линии, а кон нив се додадени и повеќе интертитри, текстуални карти што додаваат значење вредно за насочено читање на дејството.







