Архива за категоријата: Македонски филм

Во овој фолдер ќе прочитате осврти, интервјуа и рецензии кон македонските филмови во новиот милениум, текстови претежно поместени во моите две книги „Филм.мкд“ (2016) и „Филмски град“ (2018)

Кон „Вода и оган“ на Киро Урдин

Премиерата на најновиот филм на Киро Урдин, насловен „Вода и оган“, во кој станува збор за човекот како врховно мислечко битие кое милиони години ја ползува земјата доведувајќи ја до деструкција, се одржa во киното „Фросина“. Базирајќи се врз претходните искуства на авторот со мега проектот „Планетариум“, кој беше сниман долги години низ целиот свет, и уште толку долги години промовиран во земјава и во странство по различни поводи, ова е само капка во морето од животот на овој филм, чие битисување на екраните штотуку претстои. „Вода и оган“ е документарен филм кој излегува од општите постулати на жанрот и се движи по свои сопствени насоки. Впрочем како што вели самиот Урдин, тој како автор, во било кој медиум, секогаш се обидува да работи слободно, непретенциозно и без наметнати правила.   Читај повеќе

Најплодниот режисер замина на најдолгиот пат

Македонската кинематографија остана без еден од своите најрепрезентативни филмски претставници, Бранко Гапо, режисер кој зад себе остави шест долгометражни остварувања и повеќе од четириесет документарни филма, со што се вбројува меѓу најплдоните автори на оваа почва.

Читај повеќе

Не, Чехов не живее тука!

Кон „Јас сум од Титов Велес“ (I AM FROM TITOV VELES, 102 мин.) на Теона Стругар Митевска

улоги: Лабина Митевска, Ана Костовска, Николина Кујача, Џевдет Јашари, Петер Мусевски


Читај повеќе

Холивудски домат по дождот

Кон „Сенки“ (SHADOWS, 107 мин.) на Милчо Манчевски

улоги: Борче Начев, Весна Станоевска, Сабина ајрула, Филарета Здравковиќ, Диме Илиев, Салаетин Билал, Ратка Радмановиќ  Читај повеќе

Интервју со Милчо Манчевски, „СЕНКИ“ (2007)

Сцена прва: конференција за новинарите во хотелот „Александар палас“. Најавата е бомбастична – композитор на музиката во новиот филм на Милчо Манчевски ќе биде големиот Збигњев Прајснер, авторот, меѓу другото, на музиката за филмовите на великанот Кшиштоф Кишловски. По прекрасното интервју со мајсторот на нотите, одличен кавер во „Филмополис“ број 116, со избрани парчиња од „Трите бои“ на Кишловски, емисија за вистински сладокусци Читај повеќе

Разговор со Теона и Лабина Митевски, „ЈАС СУМ ОД ТИТОВ ВЕЛЕС“

Како и „Сенки“ на Манчевски, и второто остварување на Теона Митевска „Јас сум од Титов Велес“ го следевме во неколку етапи. Првата од нив беше фестивалската премиера во Битола. Сестрите Митевски ги интервјуиравме во горниот хол, веднаш по импресиите од првата прикажувачка претстава на нивниот нов филм. И додека Лабина загрижено гледа и внимава што ќе каже нејзината сестра, Теона опуштено зборува за истражувањето, градот Велес и машко-женските односи во филмот. Еве ги интегрално текстот на прилогот и изјавите на соговорничките.  Читај повеќе

Превртена и анархична надеж на валканите скопски улици

Кон „Превртено“ (UPSIDE DOWN, 107 мин.) на Игор Иванов Изи

улоги: Милан Тоциновски, Сања Трајковиќ, Славиша Кајевски, Никола Ристановски, Инес Бојаниќ, Јордан Симонов, Елена Серафимович, Јовица Михајловски, Марија Кондовска, Ѓорѓи Јолевски

Читај повеќе

Интервју со Игор Иванов Изи, „ПРЕВРТЕНО“ (2007)

Од првата клапа на „Превртено“ во Дебар маало, која ја покривме во „Филмополис“ број 93, па сè до премиерата на филмот на отворањето на „Браќа Манаки“ („Филмополис“ бр. 177), Иванов како да имаше константна трема, загрижен како сето тоа ќе помине. И да, помина како што треба. Откако падна каменот од срцето, по проекцијата, во холот на Домот на културата во Битола направивме еден краток разговор со него и со Јовица Михајловски, еден од носителите на значајна ролја во филмот на дебитантот. Читај повеќе

Интервју со Иво Трајков, „ФИЛМ“ (MOVIE, 2007)

Овој филм иако е комплетно снимен во Чешка, сепак, претставува македонска копродукција, која соодветно беше промовирана и во нашата држава. Она што Трајков претходно го спомена во интервјуто за „Големата вода“, релативно набргу и се оствари. Недовршениот проект што беше тргнат настрана токму поради екранизацијата на романот на Живко Чинго, конечно ја виде светлината на сребрениот екран. „Movie e  експеримент пар екселанс, при чие гледање, без исклучок, треба да се вклучат сите сетила, бидејќи станува збор за филозофско промислување на филмската уметност преку концепт зад кој целосно стои Трајков, и како автор и како лик во филмот во кој (наводно) се игра себеси (режисерот). Поради специфичноста на овој едноиполчасовен филм, тој играше во терминот од 22.30 во киното „Милениум“, или во превод: исклучиво за филмофили, иако, ќе прочитате, Трајков не мисли баш така за своето интимно чедо.  Читај повеќе

Кон „Боли ли?“ на Анета Лешниковска

По долгогодишно учење на филмскиот занает во Холандија, минатото лето режисерката Анета Лешниковска ги окупираше улиците на Скопје, снимајќи го својот прв долгометражен филм со интересен наслов, всушност, прашање: Боли ли? Па да, боли кога се снима дебито, бидејќи од него зависи развојот на целата понатамошна кариера, а според она што можеме да го видиме на големото платно во киното “Фросина”, авторката е на добар пат кон остварување на својата цел.

Читај повеќе