Архива за категоријата: Филм

Филмската критика кај нас не функционира како што би требало, но се обидувам сето тоа да изгледа пристојно, будно следејќи и пишувајќи за случувањата во македонската кинематографија, но и пошироко. Во оваа рубрика со неколку подрубрики ќе прочитате се’ што успеав да проследам во изминатите две декади, откако ја следам Седмата уметност, со напомена дека најголемиот дел од текстовите се интегрален дел од моите две филмски книги, „Филм.мкд“ и „Филмски град“, а дел од нив се објавувани и на веб страните kritika.mk, kinoteka.mk и сл.

Кон „Вода и оган“ на Киро Урдин

Премиерата на најновиот филм на Киро Урдин, насловен „Вода и оган“, во кој станува збор за човекот како врховно мислечко битие кое милиони години ја ползува земјата доведувајќи ја до деструкција, се одржa во киното „Фросина“. Базирајќи се врз претходните искуства на авторот со мега проектот „Планетариум“, кој беше сниман долги години низ целиот свет, и уште толку долги години промовиран во земјава и во странство по различни поводи, ова е само капка во морето од животот на овој филм, чие битисување на екраните штотуку претстои. „Вода и оган“ е документарен филм кој излегува од општите постулати на жанрот и се движи по свои сопствени насоки. Впрочем како што вели самиот Урдин, тој како автор, во било кој медиум, секогаш се обидува да работи слободно, непретенциозно и без наметнати правила.   Читај повеќе

Актуелните случувања во седмата уметност во „Филмополис“ 244

Том Тиквер, Клинт Иствуд и Џеки Чен во главните улоги во вечерашниот магазин. Но најпрво, за случувањата и ревиите во нашата Кинотека.

Читај повеќе

Мојот филм е и твој филм

Креативноста и отвореноста што ја овозможуваат новите технологии и медиуми од ден на ден оди се’ подалеку, и затоа последниве години се’ почести се полемиките на тема како сето тоа влијае врз филмот, од оној класичниот па се’ до новиот израз овозможен од современите технологии. Меѓу старите филмски волци се’ уште има автори кои воопшто не сакаат да го помирисаат новото време и кои своите дела се’ уште ги снимаат на „старомоден начин“. Златната средина им припаѓа на оние кои ги користат современите технолошки придобивки, но пристапот кон процесот на снимање на филмовите е оној од „старата школа“, додека последниве генерации со отворено срце ги гушнаа новите средства за реализација на филмските остварувања, и неретко гледаме прилично квалитетни филмови, кои понекогаш се снимени само со мала дигитална камера, и кои многу поефектно ја постигнуваат саканата цел од оние на кои се потрошено брдо пари. Лани, на пример, Скопскиот филмски фестивал како новина воведе конкурс на кој можеше да се ушествува со едноминутен филм на одредена тема изработен на мобилен телефон.

Читај повеќе

Деструкција и љубов

На кого во овој момент му требаше римејк на славниот ес-еф филм од 50-те години на минатиот век? Одговорот на ова прашање може да се бара во неколку насоки. Прво, ваков блокбастер со сигурност ќе донесе (и донесе!) добра заработка за продуцентската куќа „20-th Century Fox“. Второ, во недостаток на добри оригинални сценарија, особено ва научно-фантастичниот жанр кој долги години е во криза, буричкањето по старите проверени теми е особено добредојдено. Трето, но не и помалку битно: можеби луѓето „зад завесата“ конечно решија да не’ подготват за прифаќање на вистината за вонземјаните, кои одамна се меѓу нас… итн, итн. Всушност, попрецизно, ние го бараме одговорот на она меѓупрашање: зошто ваков филм со ваква тематика во овие моменти?

Читај повеќе

„Замена“ на Марија Џиџева во „Филмополис“ 240

Македонската режисерка Марија Џиџева е дел од балканскиот омнибус инициран од Ненад Дукиќ. Присуствувавме на снимањето на краткиот филм во Воената болница во Скопје. Во продолжение, фокус врз актуелното Берлинале.

Читај повеќе

Борба против најтешкиот противник – животот

Основното прашање кое веројатно многумина си го поставија кога слушнаа за снимањето на филм во кој се разголува животната приказна на еден кечер, беше: „Зарем некој може да сними квалитетен филм за оние „лажни шоумени“ кои само скокаат во и надвор од рингот, глумејќи лудило?“ Но кога се дозна дека зад проектот стои култниот Дарен Аронофски, работите се избистрија. „Кечерот“ уште при премиерниот настап го доби „Златниот лав “ во Венеција, а номинациите за Оскар потоа беа неминовност.

Читај повеќе

Тркалезна маса во Кинотека во „Филмополис“ 239

Новиот директор на Филмскиот фонд, Дарко Башевски, ги собра филмските работници на едно место, во Кинотека, за да дискутираат на многу теми кои ја засегаат филмската фела. До крајот на магазинот и други актуелни содржини од светските меридијани.

Читај повеќе

Болно соочување со вистината

Кон „Снег“ на Аида Бегиќ

Со длабоко понирање во психата на главните протагонисти, Аида Бегиќ успева да долови една потресна приказна од поствоена Босна во 90-те години

Читај повеќе

25. „Санденс“ во „Филмополис“ 238

Новото издание на најценетиот Independent film festival во фокус во вечерашниот магазин на Телма, во кој потсетуваме на неговата важност за седмата уметност.

Читај повеќе