Архива за категоријата: Филм

Филмската критика кај нас не функционира како што би требало, но се обидувам сето тоа да изгледа пристојно, будно следејќи и пишувајќи за случувањата во македонската кинематографија, но и пошироко. Во оваа рубрика со неколку подрубрики ќе прочитате се’ што успеав да проследам во изминатите две декади, откако ја следам Седмата уметност, со напомена дека најголемиот дел од текстовите се интегрален дел од моите две филмски книги, „Филм.мкд“ и „Филмски град“, а дел од нив се објавувани и на веб страните kritika.mk, kinoteka.mk и сл.

Иво Трајков во „Филмополис“ 254

Новиот филм „Созерцание“ на Иво Трајков во вечерашниот магазин, во кој гледаме и содржини од Кан, вклучувајќи ги и новите остварувања на Вуди Ален и Стивен Содреберг.

Читај повеќе

„На изгрејсонце“ на Ставревски и „Плати и жени“ на Георгиев во „Филмополис“ 252

Фокус врз премиерите на краткиот филм „На изгрејсонце“ на Ѓорче Ставревски и документарниот филм „Плати и жени“ на Атанас Георгиев, кој освои и меѓународна награда. Нешто почнува да мрда во македонската кинематографија 😉

Читај повеќе

12. СФФ и „Непрофесионалците“ во „Филмополис“ 251

Случувањата на новото издание на Скопскиот филмски фестивал, каде може да проследиме прегледн ан „Истерн“ жанрот, како и оние на Државниот фестивал на непрофесионален филм, вечерва во новото издание на магазинот.

Читај повеќе

Комплетно македонско издание на „Филмополис“ 250

Во главните улоги: Атанас Георгиев („Плати и жени“), Евгенија Теодосиевска, Иван Ивановски, Иво Антов…

Читај повеќе

Разговор со Иво Трајков и екипата на филмот „СОЗЕРЦАНИЕ“

Сè започна од прекрасните инсерти што ги добив, со музика од сугестивните „Ентони енд д Џонсон“. За жал, на крајот не успеале да ги добијат правата за користењето на музиката, и истите сцени изгледаа сосема различно во рамките на филмот. Нејсе. По повод светската претпремиера на филмот, во КИЦ во Скопје прес-конференција за новинарите, која ја покривме во „Филмополис“ број 225, и на која беа присутни, покрај Иво Трајков и Верица Недевска-Трајкова, и тогашниот директор на Филмскиот фонд, Дејан Илиев, кој нагласи дека стратегијата е поддржување условно мали филмови со големо срце, алудирајќи на буџетот од 650 илјади евра со кои беше снимен филмот на Трајков. На пресот во Скопје присуствуваше и дел од чешката екипа во филмот: Јиржи Конечни – продуцент, Давид Швехлих – актер, и Клаус Фуксјегер – кинематографер од Австрија. По половина година, официјална кинопремиера на 12. издание на Скопскиот филмски фестивал, кој по кризата што го зафати, се бараше себеси, сместувајќи се моментно во Кинотеката на Македонија. Еве го и официјалниот кавер на таа фестивалска премиерна вечер на „Созерцание“ (или „Патот на Јозеф“, за оние што заборавија) во „Филмополис“ 251. 

Читај повеќе

Заводливите инспирации на мајсторот од Менхетн

Откако навлезе во осмата декада од својот живот, еден од најпознатите жители на Големото јаболко, Вуди Ален, откри дека освен границите на Њујорк, на планетата Земја постојат и други градови и држави вредни за почит и уживање. Луцидниот интелектуалец кој го мрази Холивуд исто толку колку што овој не го поднесува него (да, да, љубовта е взаемна!), конечно призна дека во Европа отсекогаш имал многу повеќе почитувачи на неговата уметност отколку во матичната земја. Затоа последните неколку негови проекти ги сними токму на Стариот континент.

Читај повеќе

Едноминутни филмови во „Филмополис“ 249

На Скопскиот филмски фестивал има еден интересен конкурс за едноминутни филмови, на кој се пријавуваат многу автори со своите филмски визии. Вечерашниот магазин е комплетно посветен на овие инстант остварувања, меѓу кои има од се’ по нешто и за секого по нешто. Ѕирнете 😉

Читај повеќе

Оливер Стоун во „Филмополис“ 248

Фокус врз работата на великанот Оливер Стоун, но и други интересни содржини поврзани со седмата уметност во вечерашниот филмски магазин на ТВ Телма.

Читај повеќе

Јиржи Менцл во „Филмополис“ 247

Славниот чешки режисер беше гостин во Кинотеката на Македонија, вечерва во фокус и во нашиот и Ваш филмски магазин на ТВ Телма.

Читај повеќе

Дивиот Запад во ново пакување

Најфилмскиот жанр во историјата отсекогаш имал сили за обнова, за читање на нов начин на приказните кои ги сакаат сите генерации. Речиси во секоја декада имаме филмаџии, нови или стари волци, кои сакаат да остават печат во најценетиот филмски жанр, пркосејќи им на легендарните наслови на Цинеман, Хокс, Форд и останатите мајстори од златната ера на Вестернот. Тоа се случува и во последниве години, кога сме сведоци на ревитализација на епските сцени од Дивиот Запад, на задоволство на филмофилите ширум светот.

Читај повеќе