Архива за категоријата: Стрип

Уште од мали нозе читам стрипови. Во поранешна Југославија, секако, ги сакав јунаците на Бонели, а денес, кога Деветтата уметност е на зенитот од својот развој, љубопитен сум за многу различни нешта. Сепак, две работи се константи: никогаш не се „навлеков“ на Алан Форд како многумина на овие простори, а Корто Малтезе е мојата идеална претстава за омилен стрип (анти)херој.

Стрип и графити во Драма

Најпознат настан од областа на културата во Драма е Фестивалот на кратки филмови, кој годинава се одржува по 42 пат. Но, со своето прво издание и големиот интерес пред се’ од младите уметници и љубители на деветтата уметност, Стрип фестивалот има тенденција да стане традиционален и на едно место да ги собира како домашните, така и интернационалните стрип уметници. На неколку локации низ градот се поставени табли од грчките стрип мајстори од старата и новата генерација, како и оние на годинашните специјални гости од Италија. Еве ги стрип-таблите поставени во Археолошкиот музеј на тема – Втора светска војна:  

Читај повеќе

Светот без Корто

Еве еден одамна објавен текст кој секогаш ќе биде релевантен за читање, бидејќи како одминува времето, светот се’ повеќе се менува (на лошо), а без Корто Малтезе во него, тој од ден на ден останува и без смисла. Неговиот автор, Хравтот Игор Штикс, е писател со меѓународно реноме, чиј роман „Столот на Елијах“ (ИЛИ-ИЛИ, 2007, превод: Деспина Ангеловска) во Македонија предизвика голем интерес и тиражот беше прилично бргу распродаден.
Не знам оригинално во кој медиум е објавен овој текст за Корто, а јас го преземам од е-магазинот „Блесок“ на покојниот Игор Исаковски (во превод на Ана Димишковска – Трајаноска), објавен во бр. 34 на 01 септември 2003, што претставува уште една убава симболика. Многу, многу драг текст за мене.  Уживајте 😉

Кога Корто имал десет години, живеел во Кордоба со мајка си, шпанска Циганка, прочуената Ниња Гибралтарска, и со татко си, британски морнар. Едно попладне, мајчината пријателка Амалија посакала да ја прочита судбината на детето од неговата дланка. Со ужас забележала дека Корто воопшто не ја поседува линијата на среќата. Со цел да го надополни тој сериозен пропуст на природата и да одговори на оваа, можеби прва провокација на судбината во неговиот случај, момчето во истиот час посегнало по татковиот брич и си врежало долга и длабока линија на среќата која од тој миг ќе ја краси неговата дланка. Така, се тврди, почнале животните перипетии на овој знаменит морнар со обетка во левото уво, авантурист и анархист, според некои – непоправлив меланхолик и романтичар, а според други – обичен криумчар и гусар.

Читај повеќе

Номад во светот на Орвел

На патувањето во Венеција, градот на инспирации и илузии, во која беше актуелно 71. издание на венециската „Мостра“, најмногу се израдував поради можноста за посета на куќата-музеј посветена на Корто Малтезе, стрип-херојот на Хуго Прат, кој во овој контролиран свет во кој од секој агол нè набљудува Големиот брат, тој остана единствениот романтичен карактер преку чиишто авантури низ стрипот и филмските и ТВ-екранизации можеме да се потсетите на еден далечен и невин свет, во кој човечката доблест сè уште беше ценета.

Читај повеќе

Небулозен филм направен со „тешка“ рака

Во Холивуд ништо ново: приказната со масовните стрип-екранизации продолжува како резултат од недостигот на добри сценарија и издржани стории. Овој пат сме сведоци на една малку поинаква приказна која претставува одлична идеја, но само во рамките на стрипот, а не и на големото платно. Токму затоа во првиот дел од текстот поголем простор ќе му отстапиме на Алан Мур, човекот чие стрип-сценарио излуде многумина, и заедно со цртежите на неговиот соработник и пријател Кевин О’Нил, ги принудија филмските продуценти да водат борба помеѓу себе околу прашањето кој побргу ќе го купи тоа „шарено“ парче хартија за да го пренесе на сребреното платно.

Читај повеќе

За мутантите како чувари на цивилизацијата

Уште од своето прво појавување во трафиките, стриповите претставуваат алегорија на реалниот живот. Во почетокот луѓето се срамеле да кажат дека читаат стрипови, но во последниве декади, откако некои познати интелектуални имиња ги прогласија за легитимна литерарна форма, одеднаш тие станаа „ин“. А стана „ин“ и да се снимаат филмови според нив, бидејќи и двата медиума имаат безброј допирни точки.

Читај повеќе