Новото остварување со авантурите на Џејмс Бонд и еден куп други филмски актуелности во новото издание на магазинот на ТВ Телма.

Новото остварување со авантурите на Џејмс Бонд и еден куп други филмски актуелности во новото издание на магазинот на ТВ Телма.

„По осумте фестивалски денови исполнети со, за разлика од претходните години, помал број филмови, и секако, релативно солидната посетеност од страна на домашната публика, 15-тото издание на Скопскиот филмски фестивал најдоброто го чуваше за последниот ден. Еден домашен фестивал мора во рамките на својата програма да има македонско целовечерно остварување, и ако лани тоа беше случај со ‘Панкот не е мртов’ на Владимир Блажевски на отворањето, овој пат го видовме ‘Жената што си ги избриша солзите’ на Теона Митевска на затворањето на фестивалот.“ Веројатно со воведот во емисијата сум кажал сè, па останува само да го пренесам комплетниот текст од прилогот во „Филмополис“ број 392, во кој ја покривме премиерата на третото остварување на сестрите Митевски. И овој пат свесен за одредени слабости на филмот, сепак, во однос на нејзините две претходни остварувања, „Жената што си ги избриша солзите“ е солиден филм, кој има европски шмек. Токму затоа и доби позитивна и преодна оценка во рецензијата во „Нова Македонија“. На крајот од краиштата, важно е работите да одат напред… или можеби само стареам и омекнувам? Којзнае.
Тозија, Сатрапи, Ривс, Хонг Конг и актуелна документаристика во новото издание на магазинот на ТВ Телма.

Еден од филмовите зад кој се крена голема медиумска прашина уште откако започна со снимањето беше „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, кој по сцените во Охрид и Битола се стационираше и во Бардовци. Пред неколку години, режисерот Иво Трајков во Хавзи-пашините конаци го сними поголемиот дел од екранизацијата на познатиот роман на Живко Чинго, „Големата вода“, а во 2011 година прекрасниот простор го инспирираше и режисерот Дарко Митревски токму овде да ги сними клучните, фудбалски сцени од неговиот најнов проект. Кога веќе Министерството за култура не успеа од овој историски објект да направи вистински споменик на културата (едно време се споменуваше и изградба на ателјеа за македонските уметници), тогаш барем се користи за снимање филмови.

Покрај скопската премиера на филмот на Митревски, прилози и за ДВД-то на „Мајки“, филмот на Киро Урдин, како и за програмата на Кинотеката на Македонија, која приредува ревија на филмови од Андреј Кончаловски.

Случувањата на отворањето на 33 издание на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, вклучувајќи ја и светската премиера на „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, како и портрети на годинашните лауреати.

Во фокус случувањата на најновото издание на најстариот филмски фестивал во светот, вклучувајќи ги и годинашните лауреати.

пишува: Благоја Иванов
Со најновиот ракопис, романот „Фото синтеза“, Игор Анѓелков несомнено го утврдува своето име на млад автор, чиј првенствен интерес е современоста, како и луѓето кои истата ја живеат, со сите свои животни премрежја. Сказната за животот на главниот лик од романов (раскажана во прво лице), кој живее во Скопје – уште еднаш укажува на тоа. Тој јунак е младич кој го обожувал панкот, што ќе се забележи од неговиот прекар Панк, како и од начинот на облекувањето и на созадавањето на својот општ имиџ. Некои белези од тој период на животот на младичот ќе му останат и кога безделничењето ќе го замени со работа, како фото уметник, обземен од местата од градот кои тој ги открива на инаков начин одошто погледот на незаинтересираниот минувач, како што и убавината на лицата на луѓето ја осветлува на посебен начин.

По повод стартот на третото издание на „Македокс“ (15-22 јуни 2012), магазинот е комплетно посветен на креативната документаристика.
