Како и снимањето на филмот на Поповски, „Балканот не е мртов“, и второто играно остварување на Игор Иванов се случуваше во една од халите на Скопскиот саем, каде што во камерна атмосфера исполнета со електрицитет токму за време на присуството на екипата на „Филмополис“, протагонистите во филмот, продуцентот и режисерот се обидуваа да останат ментално „во филм“ за да го истераат планираниот дневен план на снимање во целост. Сето ова го покривме во магазинот со реден број 397, преку чиј текст ги кажуваме речиси сите поединости за филмот. Секако, самиот прилог содржеше и изјави на режисерот Иванов и продуцентот, истовремено и директор на фотографија Томи Салковски, меѓутоа поради некои други настани што следеа, сметавме дека е посоодветно да оди целото интервју со Иванов по премиерата на филмот.
Читај повеќе
Интервју со Игор Иванов во „Филмополис“ 456
Разговор со режисерот на новиот актуелен македонски игран филм „Соба со пијано“, кој својата премиера ја имаше минатиот месец на „Браќа Манаки“.

Изабел Ипер во „Филмополис“ 455
Фокус на животот и делото на единствената Французинка, една од најдобрите европски актерки во последниве пар декади, со која имав чест да помуабетам за време на нејзиното гостување на битолскиот фестивал.

34. ИФФК „Браќа Манаки“ во „Филмополис“ 454
Случувањата на 34 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола во новото издание на филмскиот магазин на ТВ Телма.

Стартот на 34. Браќа Манаки во „Филмополис“ 453
Отворањето на 34 издание на „Браќа Манаки“, годинашните лауреати + премиера на македонскиот филм „Соба со пијано“ во новото издание на магазинот.

Лауреатите на 70. Мостра во „Филмополис“ 452
Филмовите за кои највеќе се коментираше, вклучувајќи ги и годинашните лауреати, во новото издание на филмскиот магазин на ТВ Телма.

Филмските фестивали во Сараево и Венеција во „Филмополис“ 451
Случувањата на отворањето на јубилејната 70-та венециска Мостра и оние на 19 издание на Сараевскиот филмски фестивал, во вечерашниот филмски магазин на Телма.

„Мама Европа“ на Петра Селишкар и Бранд Феро
Уште од почетоците на Македокс, желбата на двоецот Петра Селишкар и Бранд Феро беше еден нивни авторски филм да биде дел од фестивалската програма. Желбата конечно им се исполни, и во петокот вечер 4-то издание на Македокс го затвори „Мама Европа“, нивниот нов доку проект. По „Бабички на револуцијата“, не’ интересираше каква е врската меѓу претходниот и актуелниот филм, a Селишкар изјави дека е точно оти има некаква суптилна врска меѓу претходниот и актуелниот филм, пред се’ во духот на она што го раскажуваат, исатовремено нагласувајќи дека и обата проекти се важни бидејќи во нив соработувале документаристи од Словенија и од Македонија.
Читај повеќе
Интервју со Даријан Пејовски, режисер
Минатата година проектот “Скопје ремикс” ги претстави новите сили во македонскиот филм. Еден од тие девет режисери е и Даријан Пејовски, деновиве актуелен со својот нов краткометражен филм “409”, на кого му претстои вистинска летна фестивалска авантура. Даријан најавува работа на уште еден краток филм,и тоа ни помалку ни повеќе – хорор, што е редок жанр во нашата кинематографија, а потоа, се надева, ќе следи и најголемиот предизвик, дебитантско целовечерно остварување, за кое веќе има сценарио
Кан + Манаки + Митриќески во „Филмополис“ 440
Случувањата на филмските фестивали во Кан и Битола + прес конференција по повод новиот филм на Антонио Митриќески „Деца на сонцето“.

