Aluminum group и The WorldInferno Friendship Society за прв пат во меѓупросторот на Радио Равел. Возбудлива музика 😉
Читај повеќеThe Strokes во „Мезанин“ 138
Новиот албум на њујоршките херои Д Строукс во целост во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел.
Читај повеќеДени те чува во „Мезанин“ 137
Интервју и свирка во живо со момците од Дени те чува. Ќе биде убаво 😉
Читај повеќеLast expedition во „Мезанин“ 136
За жал, според најавата/одјавата, „експедицијата“ го одржа нивниот последен концерт. Вечерва им посветуваме простор на музичките херои од 90-те 😉
Фолтин + Бодан & Кокан во „Мезанин“ 135
Вечерва македонско издание на „Мезанин“: во целост „Лолитату“ на Фолтин, но и „Скици од минатото“ на Бодан и Кокан од „Леб и сол“. Полна капа!
Кон „Хрониките на Нарнија: Лавот, вештерката и плакарот“ на Ендрју Адамсон
Изминативе неколку филмски сезони повеќе од успешна се покажа формулата за екранизирање на популарни литерарни серијали, кои се темпира да се појават пред или по Новогодишните и Божиќните празници. Трилогијата „Господар на прстените“ и серијалот “Хари Потер“ го наметнаа овој ритам, кој неминовно мораше да продолжи со зачнување на ново повеќеделно „филмско чудовиште“.
Читај повеќеКон „Кинг Конг“ на Питер Џексон
Вообичаено римејкот на еден класик никогаш не може да ги достигне неговите високо поставени естетски и кинематографски вредности, особено ако се работи за филм од далечната 1933 година, периодот на Големата депресија, и преминот на немиот кон звучниот филм. Како аргумент само би го спомнал фијаското на Гас ван Сент со римејот на „Психо“ на Алфред Хичкок од 1998 година. Башка фактот што на публиката одамна и’ здодеаја приказните за големите мајмуни, како новите верзии на „Годзила“ и „Моќниот Џо Јанг“, вклучувајќи го тука и првиот римејк на „Кинг Конг“ од не толку далечната 1976 година, кој во најмала рака беше исмеан.
Читај повеќеКон „Северна земја“ на Ники Каро
Пред неколку години вистинско изненадување на доделувањето на Оскарите беше номинацијата на Кејша Кесл-Хјуз за нејзината улога во филмот „Whale rider“, во режија на малку познатата Ники Каро. По неколкуте награди за истиот филм на филмските фестивали ширум светот во 2003 година, Каро мудро ја чекаше својата шанса. Ваквиот развој на настаните и’ помогна да биде една од најбараните режисерки од страна на холивудските студија. Можноста се појави прилично брзо и носи наслов „North country“.
Читај повеќеКон „Без правец кон домот: Боб Дилан“ на Мартин Скорсезе
Со години наназад љубопитните „злобници“, но и вистинските фанови на Боб Дилан се прашуваат: Кој е тој? Копија на Вуди Гатри? Нарцисоиден фолк трубадур? Легендарен рокенрол бунтовник? Предавник? Генијалец? И сите ќе го пласираат своето мислење, а всушност, вистината ја знае само еден човек, кој мудро ја чува за себе веќе 40-тина години.
Читај повеќеBest of 2005 во „Мезанин“ 134
Во првата емисија во новата година, најдоброто од минатата, 2005-та, според „Мезанин“. Enjoy yourself 😉
Читај повеќе