MGMT, Nick Cave, Fuck Buttons во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел. Врзете се, полетуваме 😉

MGMT, Nick Cave, Fuck Buttons во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел. Врзете се, полетуваме 😉
Во последното издание за 2008 година на меѓупросторот на Радио Равел, преглед на најдоброто во тековната година.
Како што обично се случува, еден квалитетен филмски проект, и покрај големата желба да биде снимен, обично го следат и непредвидливи малери. Но моќните филмски могули, браќата Вајнштајн, уште одамна почувствуваа дека популарниот роман „Читачот“ на Бернхард Шлинк е вистинско малечко богатство, и во ниту еден момент не се откажаа од проектот. Првиот пех се случи кога човекот кој првично се нафати да го режира филмот, оскаровецот Ентони Мингела, за жал, прерано замина од овој свет. Вториот клучен момент за застојот беше ненадејната блажена состојба на Никол Кидмен, која требаше да ја толкува главната женска ролја во филмот. За среќа, замените беа бргу пронајдени, кои и приватно се достојни почитувачи и познавачи на делото на германскиот писател.
Еден куп квалитетна музика во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел, со рок-хероини во фокусот. Уживајте!
Новиот албум „Интимност“ на модерните британски херои Блок парти во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел.
Македонската кинематографија остана без еден од своите најрепрезентативни филмски претставници, Бранко Гапо, режисер кој зад себе остави шест долгометражни остварувања и повеќе од четириесет документарни филма, со што се вбројува меѓу најплдоните автори на оваа почва.
Откачениот музички фрик со новиот материјал во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел. Да го славиме животот со сите негови подеми и падови! Блек ен вајт! Јин-Јанг!