Легендарниот Која и неговиот бенд во фокусот на вечерашниот меѓупростор на Радио Равел, вклучувајќи и интервју со г-нот Душан Којиќ.
Анархо-спиритуален сон за животот
На актуелното издание на Скопскиот филмски фестивал (29 март – 6 април) една од програмските содржини што предизвикува особен интерес кај публиката е „Sound and fury“, во чии рамки изминативе две години можевме да ги видиме прекрасните рок-документарци за „Пиксис“, „Рамоунс“, „Секс пистолс“… Оваа година фестивалскиот селектор ни ги подарува приказните за Филип Глас, Бридерс, Едо Маајка, Фадо музиката… И генерално, последниве години претходно малку подзаборавениот жанр како повторно да се враќа на сцената, веројатно поради промената на поимањето на музиката, кадешто Интернет-мрежата одигра голема улога, па бидејќи луѓето станаа гладни за вистински херои во чии ставови и светогледи и самите ќе се препознаат, започна екранизирањето на животот и делото на старите бунтовни музички волци како Боб Дилан, Џони Кеш, Леонард Коен… а во моментов и една дама е во фокусот, панк хероината Пети Смит.
Читај повеќеНил Јанг во „Мезанин“
Во 230 издание на меѓупросторот на Радио Равел, посвета на албумот Chrome dreams на ветеранот Нил Јанг.
Четири силни машки вокали во „Мезанин“
Во 229 издание на меѓупросторот на Радио Равел, четири фантастични машки вокали: како основа на сите нив – господинот Ник Дрејк, а како негови поклоници и продолжувачи на делото – Џеф Бакли, Бен Харпер и Том Бакстер.
Не, Чехов не живее тука!
Кон „Јас сум од Титов Велес“ (I AM FROM TITOV VELES, 102 мин.) на Теона Стругар Митевска
улоги: Лабина Митевска, Ана Костовска, Николина Кујача, Џевдет Јашари, Петер Мусевски
Silver jews и Hot chip во „Мезанин“
Во 228 издание на меѓупросторот на Радио Равел, фокус врз музиките на инди-рок бендот Silver jews и New disco атракцијата Hot chip.
Буквар за гангстери
На последното издание на фестивалот „Браќа Манаки“, еден од угледните гости во Битола беше и познатиот холивудски продуцент Бранко Лустиг. Хрватот со американски пасош се прослави по соработката со Стивен Спилберг на „Шиндлеровата листа“, по што следеа неколку интересни проекти, од кои најдобро помина „Гладијатор“ на Ридли Скот. Соработката со режисерот продолжи и во следните неколку остварувања, и токму затоа Лустиг беше најповикан да каже збор-два за човекот зад култниот филм „Блејдранер“. Почитувајќи го нивното големо пријателство, продуцентот, крајно искрено, го опиша Скот како еден од оние филмаџии кои во секој момент сакаат да бидат во центарот на вниманието имајќи мегапроект во ракавот, бидејќи паузата од еден до друг негов успешен филм знае да биде прилично голема. Токму затоа Скот сака до крајот на кариерата постојано да биде зафатен со снимање на филмови за кои публиката ќе зборува. Во последниве месеци еден од тие наслови е „Американски гангстер“, блокбастер кој на едно место собра ѕвездена актерска екипа, со очигледна нагласеност на повторната соработка на режисерот со Расел Кроу по „Гладијатор“, како и со Дензел Вашингтон по филмот „Дежа ви“.
Читај повеќеСтапица за балканскиот лавиринт
Кон „Стапица“ на Срдан Голубовиќ
Одамна на големото платно се нема појавено толку вознемирувачки филм како „Стапица“, можеби уште од времето на рускиот лауреат во Венеција во 2003 година, „Враќање“ на Андреј Звјагинцев. Семејната драма и специфичните меѓучовечки односи, доколку се работи за добро напишано сценарио, отсекогаш претставувале полн погодок, токму како што тоа е случај со ракописот на брачниот пар Срѓан и Мелина Кољевиќ, кои успешно го адаптирале истоимениот роман на Ненад Теофиловиќ. Балканската транзиција како меѓупростор во кој паралелно левитираат новите капиталисти и скромните граѓани е одлична почва за филмска лавиринт-приказна од која нема излез, нешто што во ниту еден момент нема никого да остави рамнодушен.
Лајбах и Андерворлд во „Мезанин“
Во оваа емисија фокус врз два актуелни албуми: музичкото крило на „Neue Slowenische kunst“, секогаш контроверзните Лајбах со актуелниот албум „Volk“, како и перјаницата на британската електронска сцена, Underworld, со одличниот „Oblivion with bells“, одличен камбек по петгодишна пауза.
NIN, Arctic monkeys & Interpole во „Мезанин“
Најн инч неилс во меѓупросторот на Радио Равел, но прво загревање со Арктик манкис и Интерпол, но и со Бет Гибонс. Уф!