Таг архива: документарен

16. Меѓународен фестивал на документарен филм „ЗагребДокс“

По минатогодишното деби во септември како член на ФИПРЕСЦИ жирито на Интернационалниот фестивал на кратки филмови во Драма, Грција, набргу стигна и втората селекција, овој пат како член на жирито на угледниот Меѓународниот фестивал на документарен филм „ЗагребДокс“, кој беше закажан од 15 до 22 март. Меѓутоа, знаеме што се случи токму на средината на месец март, кој во овој момент се чини толку далеку од нас. Вредните организатори мудро ја чекаа есента и го поместија одржувањето на фестивалот од 04 до 11 октомври. На мејлот дали останувам член на жирито секако дека одговорив позитивно, иако желбата да го истражам Загреб во несудените седум фестивалски денови, освен што ќе гледав добри филмови, ќе остане за во иднина. Како и да е, 16. издание на „ЗагребДокс“ ќе се одржи на две локации со редуцирана публика, и веројатно со малку гости, кои претежно ќе се обраќаат од онлајн платформите. Впрочем, како и ФИПРЕСЦИ жирито, во кое заедно со колешките Мирјана Јаковљевиќ од Хрватска и Зане Балчус од Летонија ќе одлучиме кој од 14-те документарни филмови од регионалната конкуренција ја заслужува наградата на најстарото здружение на филмски критичари во светот.  

Читај повеќе

„Мама Европа“ на Петра Селишкар и Бранд Феро

Уште од почетоците на Македокс, желбата на двоецот Петра Селишкар и Бранд Феро беше еден нивни авторски филм да биде дел од фестивалската програма. Желбата конечно им се исполни, и во петокот вечер 4-то издание на Македокс го затвори „Мама Европа“, нивниот нов доку проект. По „Бабички на револуцијата“, не’  интересираше каква е врската меѓу претходниот и актуелниот филм, a Селишкар изјави дека е точно оти има некаква суптилна врска меѓу претходниот и актуелниот филм, пред се’ во духот на она што го раскажуваат, исатовремено нагласувајќи дека и обата проекти се важни бидејќи во нив соработувале документаристи од Словенија и од Македонија.  Читај повеќе

Луцидно патешествие во источна Турција

„На пат кон училиште“ на Озгур Доган и Орхан Ескиној

Првото издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ во Скопје повторно го врати во фокусот малку подзаборавениот жанр во нашата кинематографија, толку успешен во минатото. Навистина беше прекрасно да се биде дел од непретенциозната атмосфера во преубавиот Куршумли ан, под отворено небо, што од друга страна, го отвора прашањето за отворање на вистинско и наменско летно кино во метрополата. Но за таа тема во друга прилика, бидејќи во следните редови ќе се обидам да ги пренесам чувствата кои ги предизвика победникот на фестивалот, турскиот документарен филм „На пат кон дома“, кој ја доби наградата „Млад кромид“ за најдобар деби филм од тричленото жири, во кое покрај мојата маленкост тука беа и колегите од Србија и Хрватска. Конкуренцијата беше навистина жестока и изборот ни беше тежок, но по креативната дискусија и аргументие ставени на маса, ова остварување на крајот не’ освои со своето големо срце.

Читај повеќе

„Девојчето што бере тутун“ на Билјана Гарванлиева

Вториот документарен филм на македонската режисерка Билјана Гарванлиева „Девојчето што бере тутун“, посветен на животот на јуруците во Македонија, be{e del od компетитивната селекција на најзначајниот италијански Интернационален фестивал за краток филм Circuito Off, кој се одржуваше во Венеција заклучно до саботата, 4 септември. Филмот на Гарванлиева веќе беше прикажан во Италија на 59. Интернационален филмски фестивал во Тренто, така што неговото учество во Венеција го носи овој филм по втор пат на Апенинскиот полуостров. Читај повеќе

Кон „Без правец кон домот: Боб Дилан“ на Мартин Скорсезе

Со години наназад љубопитните „злобници“, но и вистинските фанови на Боб Дилан се прашуваат: Кој е тој? Копија на Вуди Гатри? Нарцисоиден фолк трубадур? Легендарен рокенрол бунтовник? Предавник? Генијалец? И сите ќе го пласираат своето мислење, а всушност, вистината ја знае само еден човек, кој мудро ја чува за себе веќе 40-тина години.

Читај повеќе