Таг архива: париз

Музеј на Огист Роден во Париз

Едно од најпријатните места за посета во Градот на светлината е музејот на славниот скулптор Огист Роден, сместен во самото срце на Париз. Неверојатно е каков мир во овој простор може да почувствува човек, знаејќи дека насекаде околу него се простира еден таков динамичен град преполн со туристи. Стигнувањето до музејот е многу едноставно, со линијата број 13 се симнувате на фреквентната метро станица „Varenne“, каде уште на самата платформа ве пречекуваат неколку скулптури од уметникот; потоа, со RER линија „Це“, или пак ако сакате на скопски начин, со автобус, со линиите број 69, 82, 87 и 92 низ задолжителното викање „мајсторе, задња“ на француски јазик 😉

The Thinker, 1904
Читај повеќе

„Сплавот Медуза“ на Теодор Жерико

Најпосетена и најфотографирана слика во „Лувр“ дефинитивно е „Мона Лиза“ на Леонардо да Винчи. Дури и не може да се пристапи до неа од гужвата која ја создаваат Азијатите, кои штракаат на дистанца од неколку метри од неа со своите мобилни и фотоапарати. Но славниот париски музеј крие уште многу вредни дела кои треба да се видат во живо. Едно од нив е „Сплавот Медуза“ на генијалниот Теодор Жерико.

Читај повеќе

Градот на светлината како вечна инспирација

Многу светски метрополи во изминатите век и кусур од филмската историја им беа директна муза на филмските автори за снимање на нивните целовечерни остварувања. Француската престолнина се наоѓа на врвот меѓу посакуваните филмски сценографии, особено во последната декадаа, па оттаму одлуката за осврт кон овој филмски „феномен“ Читај повеќе

Салвадор Дали во Париз

Секако дека најдобар начин за запознавање одблизу на Надреализмот е посетата на „Театарот-музеј Дали“ во Фигуерес, Каталонија, меката за љубителите на откачената уметност на големиот Салвадор, но и неговата париска приказна не е за потценување. Иако скриен во пазувите на Монмартр, музејот „Espace Dali“ претставува врвно доживување за секој посетител, затоа што на едно место може да се видат дури 300 експонати од овој славен уметник, еден од најпознатите во минатиот, 20-ти век.

Читај повеќе

Книжарница „Shakespeare and Company“ во Париз

Една од неодминливите дестинации за пријатно поминати моменти во Париз дефинитивно е книжарницата „Шекспир енд компани“. Иако во градот на светлината има безброј книжарници кои ве привлекуваат да ги посетите, сепак оваа е со посебен шарм поради својот богат историјат. „Шекспир енд компани“ се наоѓа од другата страна на брегот на Сена, отспротива славната „Богородична црква“, и нема шанси да ја одминете. Ова место со постојана динамика секојдневно е посетено од стотици туристи кои поминуваат по половина час, еден час, а некогаш и многу повеќе, читајќи книги и дружејќи се со љубители на пишаниот збор од целиот свет.

Читај повеќе

Славните париски гробишта „Пер Лашез“

Кога си во Париз, една од неодминливите туристички атракции се славните гробишта „Пер Лашез“. Иако, според многумина, посетата на домот на мртвите спаѓа во т.н. „бизарен туризам“, бидејќи оние со послаб стомак не можат туку-така да се шетаат меѓу надгробните плочи, сепак на ова парче земја кое се простира на 44 хектари во 20-от париски арондисман се погребани славни имиња од француската и светската историја и токму затоа е вредно за посета, а тоа во просек го прават три ипол милиони туристи годишно, со што претставува најпосетувана некропола во светот.

Читај повеќе

Легендарната Француска Кинотека во „Филмополис“ 433

Во август 2012 година го посетив(ме) Париз, и една од задолжителните дестинации за посета, ако не и најпосакуваната, беше француската Кинотека. Материјалот кој го извадивме не е којзнае каков, но ми се чини дека со додатни материјали успеавме да направиме една квалитетна 30-минутна емисија посветена на легендарната Кинотека во Париз.

Читај повеќе

Жорж Мелиес во „Филмополис“ 424

Комплетна емисија посветена на еден од првите синеасти во историјата, и дефинитивно автор на првиот СФ филм „Патување на месечината“, Жорж Мелиес. Уживајте 😉

Читај повеќе