Архива за категоријата: Музика

Радиото е мојата прва медиумска љубов, и како долгогодишен водител на музички емисии на Канал 103 и Радио Равел (1997-2009) продолжувам да ја следам музиката во сите нејзини возбудливи форми на изразување, пишувајќи за моите минати и моментни музички фасцинации ;-)

Концепт за иднината на современата музика

Според многумина, носители на највозбудливата музичка слика во изминатата деценија беа бендовите што доаѓаа од бристолската сцена. Трип-хопот како нов израз, за релативно кратко време се искачи на пиедесталот како врвно естетско доживување, бидејќи ги содржи музичката иновативност, меѓусебното проникнување на различните музички стилови и, пред се’, целосниот артистички пристап не само во рамките на сцената, туку и воопшто, во секојдневниот живот, како начин на размислување, дишење и живеење.

Читај повеќе

Масив атак во „Мезанин“ 26

Новиот албум на бростолските трип-хоп волшебници во фокус во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел.

Читај повеќе

Денди Ворхолс во „Мезанин“ 24

Две рамноправни полувремиња во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел: музики од Смешинг Пампкинс стрејт фром Шикаго, и од Денди Ворхолс стрејт фром Протланд, Орегон. Енџој!

Читај повеќе

Ален Хаџи Стефанов во „Мезанин“ 21

Сопственикот на „Џез ФМ“ и „виновникот“ за многу звучни виртузоности поврзани со домашната музичка сцена, гостин во вечерашниот меѓупростор на Радио равел. Ексклузивно ќе слушнеме и раритетни снимки од њујоршката даунтаун сцена, и секако, омилените Соник јут, од неговата домашна аудио-колекција.

Читај повеќе

Talvin Singh во „Мезанин“ 18

Мадредеус во Скопје на ОФФест + еден куп квалитетни музики, меѓу кои и оние на Нитин Сони и Талвин Синг, во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел.

Are we OK!?

Читај повеќе

Филм што ја слави рап-музиката како начин на размислување

На музичката хип-хоп револуција што се случи во последниве дестина години низ светот, откако западна во мала креативна криза, и’ требаше некоја контроверзна фигура за да го врати нејзиниот сјај. На исклучиво „црниот“ урбан израз му се случи белиот мадерфакер – Еминем. Момчето од Детроит си има сопствена приказна која умешно ја претвора во стихови, намножувајќи ги издадените албуми, и потпомогнат од моќната машинерија, музичката индустрија, со текот на годините стана еден од највлијателните музичари, особено кај тинејџерите кои претежно ја следат музичката телевизија MTV. Додајте уште неколку пикантерии, како разни контроверзни изјави по медиумите, одвреме-навреме посета на судот поради различни причини, и идејата веќе се наметнала сама по себе: следниот чекор е експлоатација на успешната приказна и преку филмот, „братскиот“ медиум на музиката.

Читај повеќе