„108×108“ на Весна Крмпотиќ

Не знам дали знаете, но на полиците во „ИЛИ-ИЛИ“ може да се најде примерок од официјално најголемата стихозбирка во светот. Се работи за поетската книга „108×108“ на славната писателка и преведувачка Весна Крмпотиќ, објавена од загрепскиот издавач „Профил интернационал“ во 2006 година во тираж од 1000 примероци.

Читај повеќе

Кон албумот „Памти па врати“ на „Нема лабаво“

По 52 дена чекање, конечно ми стигна едно драгоцено ЛП кое го нарачав на 1 декември. Со радост отидов во пошта, а љубезните службеници се извинија и ми кажаа дека дента штрајкуваат и дека не се во можност да ми ја дадат пратката. Не инсистирав на ништо, им посакав да ја истераат правдата и да добијат плата, бидејќи нивната егзистенција е далеку поважна од моето ЛП. Мислев дека се наоѓам во ситуација кога „ова ноќ није био мој дан“, ама се излажав, бидејќи малку подоцна ми пиша Шон и ме праша кога сум во книжарница за да ми донесе плоча. Брзо се договоривме да се видиме, и тогаш сфатив дека денес навистина е мојот среќен ЛП ден.

Читај повеќе

Патувањето и трансформацијата на една песна

Неодамна на своите профили на социјалните медиуми, ДПМ ја сподели песната „Улиште“ од стихозбирката „Ноември“, која е дел од конкурсот за годишните награди. Aвторот ја избра таа песна затоа што е единствената која опфаќа период на зреење од три децении. Овој текст низ (само)анализа ќе се обиде да ги долови патувањето на една песна низ времето, односно, трансформацијата од „цел“ во „улиште“.

Читај повеќе

Кон „Fiume o morte“ на Игор Безиновиќ

„Фиуме“ е италијанското име на денешна Риека. Малкумина знаат дека во 1919 година се случила најбизарната окупација на овој град во модерната европска историја. Хрватскиот режисер Игор Безиновиќ во креативниот документарец каков не сме виделе досега си поигрува со овој историски факт на многу луциден начин, истовремено потсетувајќи не’ на едни времиња кои и денес се наѕираат зад аголот. Или се веќе тука, меѓу нас, а се правиме дека не ги гледаме!? М?

Читај повеќе

Студиото „Бабелсберг“ и музејот во Потсдам

Едно од задолжителните места во распоредот при посетата на Берлин беше германската Кинотека и музејот во нејзините рамки. За жал, таа беше во процес на преселба и реновирање, и единствената алтернатива што остана е посетата на славното студио „Бабелсберг“ надвор од градот. Тоа значеше дека со супер организираниот јавен превоз требаше да се патува 30-40 минути до славното гратче Потсдам, во кое, да потсетиме, во 1945 година, по завршувањето на Втората светска војна, тројцата лидери Сталин, Рузвелт и Черчил ја кроеле судбината на светот. Oттаму студијата се оддалечени 5 километри. Речено-сторено!

Читај повеќе

Реј Бредбери за (не)читањето

Славниот американски писател Реј Бредбери еднаш изјави: „Не мора да горите книги за да уништите една култура. Само натерајте ги луѓето да престанат да ги читаат“.

Читај повеќе

Сонет 66, Вилијам Шекспир

Tired with all these, for restful death I cry,
As to behold desert a beggar born,
And needy nothing trimm’d in jollity,
And purest faith unhappily forsworn,
And gilded honour shamefully misplaced,
And maiden virtue rudely strumpeted,
And right perfection wrongfully disgraced,
And strength by limping sway disabled
And art made tongue-tied by authority,
And folly, doctor-like, controlling skill,
And simple truth miscalled simplicity,
And captive good attending captain ill:
Tired with all these, from these would I be gone,
Save that, to die, I leave my love alone.

Читај повеќе

„Reč i misao“ и „Атлас“. За важноста на издавачките едиции.

Минатиот месец во Музејот на современа уметност во Белград беше изложено делото насловено „Reč i misao. Velika apstraktna slika“ на уметницата Ирена Лагатор Пејовиќ, кое предизвика голем интерес кај посетителите. Интерактивната инсталација ги вклучува сите книги во култната едиција „Збор и мисла“ на издавачката куќа „Рад“, за која на шега се велеше дека доколку си ги прочитал сите изданија, или барем поголемиот дел од нив, тогаш тоа е сосема доволно за добивање на статусот „интелектуалец“.

Читај повеќе

Бела и Ласло. Ласло и Бела.

Денес, на 70-годишна возраст, почина унгарскиот филмаџија Бела Тар, еден од последните бастиони на европскиот уметнички филм, оној од стар ков. А само пред два месеци, неговиот вечен креативен сопатник, писателот и сценарист на клучните негови остварувања, Ласло Краснахоркаи, ја доби Нобеловата награда за литература. На тој начин, обајцата врвни уметници повторно се споија во една, заедничка приказна, во која триумфот и смртта се двете страни на огледалото. Впрочем, како што тоа постојано го потенцираа и во нивните дела во текот на целата нивна плодна кариера.

Читај повеќе

Торинскиот покров

*покров: sindone (итал), shroud (анг); 1. покривка, покривач; 2. ткаенина, чаршаф со кој се покрива телото на мртовецот (извор: Дигитален речник на македонскиот јазик)

Кога ме селектираа за учество во ФИПРЕСЦИ жирито на филмскиот фестивал во Торино, се израдував што ќе ми се оствари дамнешната желба да ги посетам музејот посветен на торинскиот покров и катедралата „Свети Јован Крстител“ каде се чува оваа надалеку прочуена реликвија. Светот е составен од приказни креирани од човекот, и без разлика дали се тие вистинити или не, без разлика дали сакаме да веруваме во нив или не, сепак е необично привлечно да се чуе и да се биде дел од една прекрасна сторија, а оваа за торинскиот покров дефинитивно е една од најубавите во човековата историја. Се надевам дека приказната што следи ќе предизвика сосема спротивен ефект од онаа за „торинскиот коњ“, која кај славниот германски филозоф Фридрих Ниче предизвикала зачеток на ментален слом. Ви посакувам пријатно патување 😉

Читај повеќе