Берлинскиот „Столб на победата“

Денес небото над Скопје е прекрасно, посакувам пријатното декемвриско време уште малку да си потрае. А кога станува збор за небото што како заштитничка мрежа надвиснува над некој град, првата асоцијација е антологискиот филм „Небото над Берлин“ на режисерот Вим Вендерс, кој германската метропола засекогаш ја вкотви во аналите на седмата уметност. Во продолжение ќе го посетиме популарниот монумент „Столб на победата“, од кој Вендерсовите ангели го набљудуваа градот.

Читај повеќе

Револуцијата не успеа. Само коњите можат да бидат слободни

Кон „Анатомијата на коњите“ на Даниел Видал Точа, „Фипресци“ лауреат во Торино

На 43-иот Филмски фестивал во Торино, наградата на Интернационалното здружение на филмски критичари „ФИПРЕСЦИ“ отиде во рацете на перуанскиот филм „Анатомијата на коњите“ на сценаристот и режисер Даниел Видал Точе. Жирито во состав Кјара Спањоли Габарди (Италија), Пол Рискер (Англија) и мојата маленкост, одлуката ја образложи на следниот начин:

„Филмот ја одразува неопходната вистина дека револуцијата содржи акција и крвопролевање, но таа е само состојба на умот осудена на неуспех. Ова чувствително истражување на домородната култура оживува преку магичниот реализам, црпејќи од духот на Едвард Мејбриџ. Како дело на визуелна поезија, кое е непропустливо во времето, филмот ни покажува дека она што човекот го поробил е послободно од самото човечко битие“.

Читај повеќе

The revolution failed. Only horses can be free.

Review: „The Anatomy of horses“ in 43rd Torino Film Festival

What is the most compelling aspect of a film festival? Certainly, watching an outstanding film. The excitement intensifies after seeing several exceptional films. Then you realise the festival’s selection is consistently impressive, assuring you that cinema’s future is promising. Ultimately, the greatest reward is discovering a new voice—a debut filmmaker from a little-known national cinema—who displays remarkable maturity. All these elements converge in the film The Anatomy of Horses, directed and written by Peruvian filmmaker Daniel Vidal Tocha.

Читај повеќе

Даборезот со ликот на Св. Климент

Денес се одбележува делото на првиот оригинален словенски писател и просветител, првиот словенски епископ и творец на Охридската книжевна школа, Свети Климент Охридски. Заедно со Наум Охридски, тој е најистакнат ученик на творците на словенската писменост, светите браќа Кирил и Методиј, две декади придружувајќи ги во просветителската мисија за одбрана на словенскиот јазик во Велика Моравија, потоа природно продолжувајќи го нивното дело. Во овој текст се потсетуваме на еден од најбитните артефакти поврзани со светецот, дрвената скулптура со неговиот лик.  

Читај повеќе

Секое издишување како еден стих

Ноември е книжуле што мириса на љубов, во секоја нејзина форма и проформа, со вкус и мирис на пита од тиква, печени костени, џем од кајсија… Иако има мешовита структура, на секоја страница и низ секој стих тлее отелотворувачка атмосфера. Ни дал, поетот дебитант на педесет плус, парче од себе, впрочем како би го потврдил својот авторски печат, ако не си ја разголи душата?!

Читај повеќе

Романите на Дарко Цвијетиќ во едицијата „ПРОаЗА“

Вчера оние што се’ уште го чувствуваат 29 ноември за близок го прославија на соодветен начин, а веќе утре од печат ќе излезат два многу битни романи за регионот на некогашна Југославија, и обата од авторот Дарко Цвијетиќ, кој неодамна за „Шиндлеровиот лифт“ во Вроцлав ја доби престижната награда „Ангелус“ за најдобра книга на автор од централно-европското подрачје. „Лифтот…“ е во превод на Елизабета Баковска, а „Зошто наземи спиеш“ на Калина Буневска Исаковска. Актуелниот роман „Премногу ми е тоа. Осум девојчиња“, кој ја заокружува неформалната трилогија, „ИЛИ-ИЛИ“ ќе го објави следната година.

Читај повеќе

Сокуров на Филмскиот фестивал во Торино

„Мајка и син”, „Татко и син”, трилогијата „Молох”, „Бик” и „Сонце”, потоа „Александра”, „Фауст”, „Бајка”… Сосема доволно за да се констатира дека најзначаен гостин на 43th Torino film festival оваа година е рускиот режисер Александар Сокуров.

Читај повеќе

Најважната дефиниција за поезијата

“Игор во своите стихови ја вметнал најважната дефиниција за поезијата: „и знам дека едноставните стихови се помоќни од сите други зборови“.

И сликите во кои можеме да се препознаеме, како оние во „Шума“, но и оние непознатите сонливи, како во „Бамји“ (во кои исто така можеме да се препознаеме дури и кога ни се незнајни), и тие се чувствуваат како блиски, а повторувањето на стиховите не претендираат да звучат како барање потврда, туку раѓаат ритмика.

Читај повеќе

Спајк Ли во Торино

И додека Италијанките нетрпеливо чекаа да се појави Тони Бандерас и да им ја облагороди саботната вечер, јас ја избрав соседната сала “Massimo” за да го конзумирам новиот “a Spike Lee joint”.

Читај повеќе

„Ноември“

„Не верувам во поезија која мириса на лаванда и лаги дека се’ ќе биде в ред. Поезијата што ја сакам се пие од валкани чаши. Рацете ти треперат, вриштат во празнината, а внатре има бучава која не можеш да ja поднесеш. Вистинската поезија не расте од светлината. Таа излегува од темнината на вашите коски, и подлабока е од улиците по кои некогаш сте оделе. Не прашувај се дали си добар, туку дали си искрен. И тоа е сосема доволно“. Дарко Митровиќ

Читај повеќе