Таг архива: иванов

Кон „Хомо“ на Игор Иванов Изи

По премиерната проекција на затворањето на годинашниот „Синедејс“ на кровот на ГТЦ во септември, новото остварување „Хомо“ на режисерот Игор Иванов Изи деновиве е на редовниот репертоар во „Синеплекс“. Нестварно делуваше последната вечерна проекција во „Сити мол“, кој по 22 часот веќе беше празен, а десетината филмофили во најголемата кино сала беа единствените гости во трговскиот центар во моментот.

Читај повеќе

Кон романот „Под усвитеност“ од Димитар Солев

Поминаа шеесет и три години од излегувањето на еден од првите урбани романи во македонската книжевност, „Под усвитеност“ од Димитар Солев, кој авторот го напишал кога имал дваесет и седум години. Солев и’ припаѓа на средната генерација повоени македонски писатели кои со своите први дела ги поставиле темелите на новата, современа македонска литература во втората половина од дваесеттиот век. „Под усвитеност“ е негов прв роман, но втора издадена книга, по збирката раскази „Окопнети снегови“ од 1956 година. И во обете книги „тематската преокупација се случувањата за време на Втората светска војна во Скопје под окупаторската чизма, и судбината на младоста во него што изминува под сенката на тие четири години од царството на смртоносната стихија“, пишува Александар Спасов во поговорот кон прозните дела на Солев, по кои набргу следат и новата збирка раскази „По реката и спроти неа“ (1960) и вториот роман „Кратката пролет на Моно Самоников“ (1964), во кои од сеќавањата на воените години авторот преминува во книжевно третирање на современоста.

Читај повеќе

Кон „ТМ“ на Ивица Димитријевиќ и Мартин Иванов

На актуелниот „Синедејс“ имавме можност да присуствуваме на скопската премиера на филмот „ТМ“ на веќе докажаниот тандем Димитријевиќ-Иванов. По нивниот прв самостоен проект „Копање“ од 2018 година, релативно бргу, тие ни подаруваат нов „no budget“ филм, на кој може да му позавидат многу домашни автори. Филмот е скапа играчка, но кога финансиите ќе го анулираат ентузијазмот, резултатот на големото платно е далеку од задоволувачки. Спротивно на тоа, (секако, не секогаш, но) кога работите со ентузијазам и со љубов кон филмската уметност, притоа добро владеејќи го филмскиот занает, резултатот на крајот од денот е неизбежен.

Читај повеќе

Огледало, расказ

Летото 1962 година започна со големи горештини. Од топлината сѐ се спепелуваше, добиваше сива боја, овде онде прошарана со бојата на исушено тревје. Па сепак, вели Мартин, – за мене и мојата жена почна едно убаво време. Вака-така, по неколку години, во заедница со некои пријатели, изградивме куќички во подножјето на Гази-баба, така ги заменивме изнајмените влажни собички со удобни живеалишта. По толку години откако се зедовме со жената, уште не ни беа дошле децата и денес се чини смешно дека сме биле толку несреќни талкајќи по старите скопски маала, во барање на некоја поудобна собичка, која, барем, не би била во сутерен и би имала нешто малку сонце. Колку и да ни е паметењето злопамтило, сепак се заборава на тие тешкотии, како што се заборава и на многу неубави нешта од младоста.

Читај повеќе

„Скопски дамари“ од Благоја Иванов

Денеска од печат излегува збирката раскази „Скопски дамари“ од реномираниот македонски писател Благоја Иванов, со поднаслов „автентичен книжевен вкус на старо и ново Скопје низ дваесетина антологиски раскази “. Се работи за 184 издание во едицијата „Проаза“, чиј визуелен дизајн е дело на Марија Смилевска, а излегувањето на книгата е поддржано од Град Скопје. Книгата на денот на излегувањето ќе може да се купи по промотивна цена во нашата и Ваша книжарница „ИЛИ-ИЛИ“.

Читај повеќе

„Скопски дамари“ од Благоја Иванов, предговор

„Некои лица, некои предмети, некои предели се јавуваат во сеќавањето како светли траги во примракот за да не’ потсетуваат на времето фатено во мрежата на старите улици, исчезнати меѓу новите бетонски блокови на сегашноста. Со глув ѕвон одѕвонуваат старите имиња, исчезнуваат тие заедно со старите предели. И само сеќавањето понекогаш ги спасува од суровоста на заборавот, за да ни се вратат несмело, небаре се сеништа што тешко ја поднесуваат дневната светлина. Па така, старите предели се губат полека и засекогаш, заедно со старите имиња. Потонуваат тие во длабините на заборавот и во вировите на секојдневноста, како бродови со драгоцен товар што залудно го очекуваат случајот да ги отпрета од немирното дно на водата“.

Читај повеќе

За „Медена земја“ во „24 Анализа“

За успехот на „Медена земја“ (Honeyland), Оскарите и филмската индустрија, со Мони Дамевски и Марина Костова кај Мишко Иванов во „24 Анализа“, со интро-интервју со прекрасната Атиџе Муратова.

Разговор со Игор Иванов Изи, „СОБА СО ПИЈАНО“

Како и снимањето на филмот на Поповски, „Балканот не е мртов“, и второто играно остварување на Игор Иванов се случуваше во една од халите на Скопскиот саем, каде што во камерна атмосфера исполнета со електрицитет токму за време на присуството на екипата на „Филмополис“, протагонистите во филмот, продуцентот и режисерот се обидуваа да останат ментално „во филм“ за да го истераат планираниот дневен план на снимање во целост. Сето ова го покривме во магазинот со реден број 397, преку чиј текст ги кажуваме речиси сите поединости за филмот. Секако, самиот прилог содржеше и изјави на режисерот Иванов и продуцентот, истовремено и директор на фотографија Томи Салковски, меѓутоа поради некои други настани што следеа, сметавме дека е посоодветно да оди целото интервју со Иванов по премиерата на филмот. Читај повеќе

„Фото синтеза“, корица

Келнерката ми го донесе нарачаното кафе. Убаво изгледа. Ми се насмевна. За момент погледна кон книгата што ја читам, но не ме праша за што се работи. И подобро. Кој ќе ѝ објаснува дека неодамна во мојата омилена книжарница наидов на ова непроценливо богатство, кое ме потсети на едни убави времиња кога мојот град дишеше сосема поинаку. Во моите пубертетски денови, слободата на движење низ градот за мене беше ултимативно правило. Начелата на панк движењето кон кое се стремев сè уште беа дел од мене, секако, во видоизменета форма, иако и на времето нив не ги сфаќав во буквална смисла, туку си ги толкував онака како што знаев и умеев. Тоа често пати ме доведуваше до конфликтни ситуации со ортодоксните, но мојата ќелава глава ги одвраќаше од намерите да ме подберат, иако и тоа во старт означуваше контрадикција, бидејќи скинхедсите и панкерите и не се мирисаа баш многу. Но, во нашиот град, под ова железно небо во боја на бамји, такви беа правилата на играта.

Читај повеќе

Во средиштето на современоста, рецензија за „Фото синтеза“

пишува: Благоја Иванов

Со најновиот ракопис, романот „Фото синтеза“, Игор Анѓелков несомнено го утврдува своето име на млад автор, чиј првенствен интерес е современоста, како и луѓето кои истата ја живеат, со сите свои животни премрежја. Сказната за животот на главниот лик од романов (раскажана во прво лице), кој живее во Скопје – уште еднаш укажува на тоа. Тој јунак е младич кој го обожувал панкот, што ќе се забележи од неговиот прекар Панк, како и од начинот на облекувањето и на созадавањето на својот општ имиџ. Некои белези од тој период на животот на младичот ќе му останат и кога безделничењето ќе го замени со работа, како фото уметник, обземен од местата од градот кои тој ги открива на инаков начин одошто погледот на незаинтересираниот минувач, како што и убавината на лицата на луѓето ја осветлува на посебен начин.

Читај повеќе