Таг архива: ќорвезироска

„Живот во 16 и пол часа – од 5:30 до 22 ч.“

Поговор за „Ветрилиште“; пишува: Оливера Ќорвезироска

„Ветрилиште“ е десетта книга на Игор Анѓелков за осумнаесет години колкава што
е временската отсечка од неговата прва книга од 2006 до најновата – денес, 2024. Mатематички, просечниот интервал на Анѓелков од книга до книга е 1,8 години, што самото по себе кажува дека се работи за творечки ритам за почит. Подвлекувајќи дека годинава е јубилејна за авторот (полни 50 години), го надополнувам вонлитерарниот контекст со уште еден факт: „Ветрилиште“ е негов петти роман (по „Крај-пат“, „Фото синтеза“, „Шрапнел“ и „Мина“) со што, на извесен начин, се заокружува, се „јубилеизира“ и романескната низа.

Читај повеќе

Фото галерија од промоцијата на „Ветрилиште“

ДПМ, 17.12.2024, 19ч.

Кога ќе видиш насмеани и задоволни лица по настанот, тоа е знак дека се’ поминало во најдобар ред.

Голема благодарност до Оливера Ќорвезироска, до сите присутни (и оние онлајн) кои одвоија време синоќешната промоција да ја направат незаборавна, и се разбира, до фотографот Горан Михајловски 😉

Читај повеќе

Промоција на „Ветрилиште“ во ДПМ

Драги пријатели, со големо задоволство Ве информирам дека утревечер, на 17 декември во 19 часот, во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи промоцијата на романот „Ветрилиште“. Чинам дека помина доволно време (5 ноември) од објавувањето на јубилејната, десетта книга, па редно беше да Ве поканам на гости и да почестам. Со драгата пријателка Оливера Ќорвезироска ќе се обидеме да ви ја приближиме книгата најдобро што можеме. Оваа дружба на „Максим Горки“ бр. 18 е одлична можност не само за колегите, туку и за сите оние што досега не зачекориле во храмот на книжевноста, конечно да го сторат тоа.

Читај повеќе

„Ветрилиште“, најава

Драги читатели, со радост и исполнетост го најавувам излегувањето на мојата нова книга следната недела. Додуша, романот од поодамна е готов, но сакав да спојам две убави работи – мојот 50-ти роденден со мојата 10-та објавена книга. А кога задлабив уште малку, дојдов до моментот дека ова ми е петти роман, што исто така претставува мал јубилеј, како и осумнаесетта година од излегувањето на мојата прва книга, збирката раскази „Кротки приказни“ (2006), што значи, и официјално влегувам во книжевно полнолетство. 50=10=5=18. Нумеролози, бујрум 🙂

Читај повеќе

„Светот што го избрав“ од Калина Малеска

Деновиве од печат излезе новата книга од Калина Малеска насловена „Светот што го избрав“. По збирките раскази, теориската книга и сликовницата за најмладите во издание на ИЛИ-ИЛИ, Малеска по десет години објавува и нов роман.

Читај повеќе

Книжевни разговори со Георги Господинов

Освен на промоцијата на романот „Засолниште во времето“ на 1 декември во МКЦ, Георги Господинов одвои време да одговори и на неколку прашања на Оливера Ќорвезироска поврзани со книжевноста. „Најубавото на овие средби е што секој си го наоѓа своето засолниште или прибежиште. И секој си ја раскажува својата приказна“.

Читај повеќе

Книжевни импресии за „Шрапнел“

Поминаа осум месеци од излегувањето на „Шрапнел“, а како да помина цела вечност. Ќе се памети како роман во време на пандемија, или, „пандемичен роман“ Минатиот месец „Шрапнел“ влезе во финалето за „Рациновото признание“, а претседателката на жирито, Катица Ќулавковва, на конференцијата за новинарите, набројувајќи ги финалистите, истакна: „…Игор Анѓелков, кој блеснува со еден прекрасен роман…“. Еве дел од импресиите на книжевните критичар(к)и и читателите во овој период, на кои сум им бескрајно благодарен за одвоеното време да ја прочитаат книгата и да напишат нешто за неа:

Читај повеќе

Живко Чинго, расказ

Скопска усвитена жега. Болскотна острица на летото ис­посекла и ослепила сѐ околу себе. Бавност и подзамижаност. Никој да мрдне, ништо да претне. Малкуто дрвца во уличето скржаво си ги чуваат скудните ладовинки. Само за своето проретчено лисје. Половина Дебар маало заминало да се капе во какви било води, другата половина ете ја заточена во своите затемнети, климатизирани зандани. Вештачка подносливост зад смекнатите за’рѓани решетки на запарата. Марјан ја тресна вратничката од дворот и со брзи чекори се упати кон „Идадија“. Да се напие едно кафе додека сврти некој телефон. Ги сакаше карираните чаршафчиња, особено кога ќе ги засука некој безобразен ветар, а пепелникот и ка­рафиндлот гордо ѝ ја чуваат честа на масата, не дозволувајќи да биде угол гола. Немаше ни најмало ветре, ама желбата за ненадејна алина му го помести непослушното перче на проќелавената глава.

Читај повеќе

„Аб’т“ од Оливера Ќорвезироска

Денеска од печат излегува новата книга од Оливера Ќорвезироска насловена „АБ’Т“. По теориската „Еден текст и една жена“ (2016) и збирките раскази „(СО)шиени раскази“ (2017) и „Улиците што ги нема“ (2018), ова е четврта соработка на издавачката куќа „Или-Или“ со еминентната книжевна критичарка и писателка. По 14-годишна пауза и нејзиниот тогаш прв роман „Заклученото тело на Лу“ (Магор, 2005), Ќорвезироска повторно влегува во романескните води и ни го „подарува“ можеби нејзиниот најличен ракопис, како 175 книга во популарната едиција „ПРОаЗА“.

Читај повеќе