Во „Филмополис“ број 273 направивме прилог за снимањето на новото македонско остварување „Ова не е американски филм“, чија мобилност на екипата во тие денови се забележуваше на разни локации низ главниот град. Нам ни дозволија да ги снимаме на покривот на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, каде што се одвиваше една гангстерска филмска сцена, во чија реализација беше вклучен поголемиот дел од актерскиот ансамбл. На покривот, со скопското сонце над нас, позборувавме со истите протагонисти како и при подоцнежната премиера на филмот, па затоа одлуката падна да го претставиме интервјуто со екипата на веќе гледан филм, по кинопремиерата во „Милениум“, за разлика од зафркантските изјави за време на снимањето, кога многу работи во однос на филмот сè уште беа отворени и лебдеа во воздухот. Но, забележав и за време на тоа снимање дека работата некако лабаво делува, како да се снима телевизиска драма, а не игран филм. Токму тоа ќе се забележи и во крајниот производ. Но, да не должиме многу, следува интегралниот текст од најавениот прилог, вклучувајќи ги, секако, и изјавите на продуцентот, режисерот, „несудениот“ сценарист и актерите во филмот.
Архива за категоријата: Македонски филм
Ментална револуција за човечка еволуција
Интервју со ЈОРДАН СИМОНОВ и КАМКА ТОЦИНОВСКИ, главните актери во филмот “ПАНКОТ НЕ Е МРТОВ” на Владимир Блажевски
14 издание на Скопскиот филмски фестивал го отвори премиерата на филмот “Панкот не е мртов” на Владимир Блажевски, а веднаш потоа ова ново македонско остварување играше и во кината во неколку градови низ државата.
Интервју со Марија Џиџева и дел од екипата на омнибусот „НЕКОИ ПОИНАКВИ ПРИКАЗНИ“
Џиџева во своето портфолио има многу повеќе документарни од играни проекти, со кои неретко добиваше и награди на фестивалите, кои благовремено, низ разговор ги покривавме и во магазинот. За „Списокот на Тони Манџа“ и наградата на Блекбокс фестивалот во Берлин, со авторката зборувавме во „Филмополис“ број 32, а премиерата за битолските ергени во потрага по руски жени во „Барајќи ја среќата“ ја покривме во „Филмополис“ број 454. Џиџева рамноправно влегува во овој преглед, пред сè поради прекрасниот проект чиј составен дел беше и таа. Станува збор за остварување што својата премиера во Македонија ја доживеа на фестивалот „Браќа Манаки“, но ние разговорот со Џиџева го направивме следната пролет, кога филмот ја имаше својата кинопремиера во Кинотеката на Македонија. „Некои поинакви приказни“ е омнибус составен од пет приказни режирани од пет режисерки, кои доаѓаат од петте новонастанати држави од поранешна Југославија. Деловите едноставно насловени словенечка, хрватска, босанска, српска и македонска приказна ги потпишаа младите авторки Хана Слак, Ивона Јука, Инес Тановиќ, Ана Марија Роси, и секако, Марија Џиџева, која беше особено возбудена поради домашната премиера на филмот.
Со чесна манипулација до посакуваната реална илузија
Кон „Мајки“ (MOTHERS, 123 мин.) на Милчо Манчевски
улоги: Ана Стојановска, Владимир Јачев, Димитар Ѓорѓиевски, Салаетин Билал, Ратка Радмановиќ, Емилија Стојковска, Милијана Богдановска, Диме Илиев, Марин Поп Панкова, Горан Трифуновски, Петар Мирчевски
За разлика од претходните случаи, кога паузите меѓу снимањето и премиерите на филмовите „Пред дождот“ (1994), „Прашина“ (2001) и „Сенки“ (2007) беа и повеќе од доволни за да се фрли критички поглед врз задоволството или незадоволството од сработеното, овој пат режисерот Милчо Манчевски релативно бргу повторно ги засука ракавите и влезе во филмскиот ринг, за кратко време подарувајќи ни го неговото четврто долгометражно остварување. Овој проект започна со реализација носејќи го работниот наслов „Како бебе“, за на крајот да финишира како „Мајки“, така заокружувајќи го јасниот авторски концепт во кој, иако приказните што ги раскажува содржат многу потслоеви, сепак, краткиот и впечатлив наслов ја дава онаа основна рамка на самите филмови. Читај повеќе
REVIEW: Milčo Mančevski’s MOTHERS (МАЈКИ)
With Honest Manipulation to the Desired Real Illusion
Unlike the previous instances, when the time period between shooting and premiere for the films Before the Rain (1994), Dust (2001) and Shadows (2007) was more than enough to cast a critical eye on the (dis)pleasure with the product, this time the director Milčo Mančevski relatively quickly got down to business and entered the filmmaking ring, giving us his fourth feature-length creation shortly afterwards. This project was initiated under the working title of Како бебе (Like a Baby) and ended up entitled Mothers, thereby going full circle on the clear authorial concept in which, even though the stories he tells contain numerous layers, still, the brief, clear and impressive title gives the main thread and framework in the films themselves.
Интервју со Митко Панов, „ВОЈНАТА ЗАВРШИ“
2010 година исто така беше интересна на филмски план кај нас, бидејќи се случија премиерите на три сосема различни филмски остварувања. Едната од нив е премиерата на малиот-голем прв долгометражен игран филм на режисерот Митко Панов, „Војната заврши“ во киното „Рамстор“. Неколку денови пред тоа, на 27 октомври, светскиот ден на заштита на аудиовизуелното наследство, режисерот ги подари 35мм копии од својот наградуван краток филм „Ливада“ на Кинотеката на Македонија, како симболичен потег за кревање на свеста и кај другите филмски автори, дека Кинотеката е единственото место каде што негативите и треба да се депонираат и чуваат. Со краток прилог за овој настан и го започнавме магазинот, во кој скромниот Панов од еден сосема поинаков агол ни зборуваше за филмот и за идеите што го преокупираат, сакајќи да ги преточи во подвижни слики и да ѝ ги подари на публиката.
Интервју со Милчо Манчевски, „МАЈКИ“
По „Сенки“, Милчо во топ-форма! Премиерата на „Мајки“, кој прво имаше работен наслов „Како бебе“, се случи на новото издание на „Браќа Манаки“, каде што на отворањето ми се чини дека на повеќето од луѓето по проекцијата им се вртеше во стомакот, вклучувајќи ме и мене. Тоа чувство ми траеше и во текот на ноќта и не ми даваше мирно да заспијам, за сабајлето со колегите низ утринско кафе постојано да зборуваме за филмот и да го гледаме од различни аспекти, кој од кој повозбудлив. А Манчевски вечерта на отворањето, по проекцијата на „Мајки“, ноншалантно, во блуза со огромен Хомер Симпсон на неа, како да сакаше да ни ги види лицата и слатко да ни се насмее во очи. Филмот потоа почна да се прикажува и на редовниот репертоар во домашните кина, односно онаму каде што има барем минимални услови да се прикажува, како што Манчевски го започна интервјуто. „Мајки“ во киното „Милениум“ прво се прикажуваше само во терминот од 17.30 поради претставите на тогаш актуелниот „Синедејс“, но потоа остана на репертоарот уште најмалку еден месец. Јас одвај чекав да го направам интервјуто со Милчо, зашто директно сакав да го прашам многу нешта, кои по проекцијата и понатаму ме копкаа.
Интервју со Билјана Гарванлиева, драматург и режисер
Македонската документаристика во минатото ги испиша своите ѕвездени моменти во домашната кинематографија, неретко освојувајќи многу награди на светските фестивали. По долгогодишно затишје, се појавија неколку интересни млади автори на документарци, кои ветуваат дека малку подзаборавениот жанр повторно ќе се врати на старите патеки. Најсветла точка меѓу нив е драматургот-режисер Билјана Гарванлиева, која, соочувајќи се со неможноста авторски да се реализира во сопствената држава, замина во Германија. Таа со прекрасниот документарен филм „Девојчето со хармоника“ покажа и докажа дека Македонија е плодна почва за изнедрување на одлични филмски раскажувачи во најспецифичниот филмски жанр. Престижната германска награда „Златна Лола“ е вистински доказ за тоа
„Девојчето што бере тутун“ на Билјана Гарванлиева
Вториот документарен филм на македонската режисерка Билјана Гарванлиева „Девојчето што бере тутун“, посветен на животот на јуруците во Македонија, be{e del od компетитивната селекција на најзначајниот италијански Интернационален фестивал за краток филм Circuito Off, кој се одржуваше во Венеција заклучно до саботата, 4 септември. Филмот на Гарванлиева веќе беше прикажан во Италија на 59. Интернационален филмски фестивал во Тренто, така што неговото учество во Венеција го носи овој филм по втор пат на Апенинскиот полуостров.
Кон документарецот „Плати и жени“ на Атанас Георгиев
Документарниот филм “Плати и жени”, пак, беше причина после подолго време да проработи како што треба веројатно нашата најубава и најдобра кино сала, “Милениум” во ГТЦ во Скопје. Иако никогаш исполнето до последното седиште, сепак, киното испиша нова приказна во историјата на домашната кино-прикажувачка дејност, бидејќи никогаш досега еден документарец на редовен кино репертоар не предизвикал толкаво внимание како ова остварување на Атанас Георгиев. Но, и за тоа си има длабока причина, која лежи во провокативноста на самата приказна која авторот ја раскажува на искрен и разбирлив начин.