Албум на неделата: „The Marshal Mathers“ на Еминем

Најактуелниот албум летово е новото студиско остварување „The Marshal Mathers“ на американската хип-хоп ѕвезда Еминем. Ова е негов втор албум, по дебито „Slim shady“ од минатата година, кога артистот го воодушеви светот со својот автентичен пристап кон овој популарен музички жанр. Можеби најшокантен е фактот што човекот кој многу пцуе и ги разобличува општествените аномалии во своите песни, не е Афро-Американец – туку белец!

Читај повеќе

Албум на неделата: „Silver and gold“ на Нил Јанг

На почетокот од летово излезе новиот соло албум на Нил Јанг насловен „Сребро и злато“ за Reprise records. Ова е негово трето студиско остварување за истата издавачка куќа во последнава декада по „Harvest moon“ (1992) и „Mirrorball“ (1995).

Читај повеќе

Албум на неделата: „NYC ghosts and flowers“ на Соник јут

„Вечните адолесценти“ од Њујорк, Соник јут, го издадоа своето 13-то по ред студиско остварување, посветено на „духовите и цвеќињата“ од нивниот матичен град. Албумот содржи девет теми во траење од 42 минути, што претставува можност за консумирање на материјалот во еден здив. Песните се компонирани во период од август до октомври минатата година, а снимени се во студиото на нивниот стар пријател Џим О’Рурк од октомври минатата до март оваа година. Албумот во музичките продавници се појави на 16 мај, а само по еден месец, критиките во музичките магазини се и повеќе од позитивни, што покажува дека „соничната“ работилница се’ уште има убави изненадувања низ специфични звуци за своите фанови ширум светот.

Читај повеќе

„Психо“ повторно меѓу нас

Квиз прашање: Како се вика филмот кој во 60-те години драстично ја промени перцепцијата на Холивуд кон хорор жанрот? Одговор: „Психо“ на Алфред Хичкок. Што да се каже после една ваква квалификација, освен, „се случи и тоа“. Да, се случи римејкот на најдобриот меѓу најдобрите, „Психо“, филм кој за оригиналниот автор значеше врв во неговата кариера (иако Хичкок и потоа направи маестрални дела како „Птици“ и „Лудило“), но за режисерот ван Сант, кој по четири децении се обиде да ја врати опсесивноста на Бејтс мотелот на филмското платно, дефинитивно претставува филм за расчистување со еден успешен период зад и започнување на нов пред себе.

Читај повеќе

Саспенз до крај

Едно од најпријатните изненадувања што оваа филмска сезона дојдоа од Островот е деби насловот „Lock, stock and two smoking burrels“ на режисерот Гај Ричи. Ова е филм кој успешно ги избегнува замките на се’ позачестената дежа ву појава, зашто во текот на филмот на неколку пати ќе помислите дека ова веќе сте го виделе во некој друг филм, но дали е баш така?

Читај повеќе

Чувајте ги вашите деца!

Дали во средно училиште сте излажале, за да го оправдате вчерашното отсуство, дека починала баба ви? Добро, ако не сте биле инфициран лажго, тогаш, сигурен сум, барем со еден професор(ка) сте биле на воена нога!? А зошто? Па едноставно, поради несимпатичност, поради несигурноста во тие тинејџ години, или поради бунтот и зовриената крв кај секој средношколец. Ваквите вибрации на почетокот од 80-те години Пинк Флојд ги претворија во химна која сите ние одвреме-навреме си ја потпевнуваме во себе: We don’t need no education… Teacher, leave a kids alone! Но, и покрај силната медиумска поддршка на албумот „Ѕид“, проследен со филм и светска турнеја, професорите не се променија. Тие и понатаму останаа оние истите студени, професионални и заљубени во правото токму тие, со една бројка, да го оценат знаењето на учениците. Што значи тоа? Можеби таквите потреби кај нив ги наметнала некоја друга, непозната интелигенција, надвор од планетава?

Читај повеќе

Ништо повеќе од експеримент

Во последниве години британската кинематографија конечно застана на нозе и на светот му понуди филмови кои одлично се носеа со доминантната холивудска понуда. Во овој период настанаа дела како „Trainspotting“ и „Shallow grave“ (и обата во режија на Дени Бојл), потоа „Velvet goldmine“, „Acid house“ и други наслови, кои го земаа рокенролот (или пак актуелните музички трендови) како основна подлога на филмот, или пак како главен носител на филмското сиже („Кадифен рудник од злато“ е полуавтобиографски филм за Дејвид Боуви и за случувањата на британската музичка сцена во 70-те, додека „Есид куќа“ е посвета на клупската сцена од актуелните 90-ти). Музиката и филмот отсекогаш оделе во пакет, а тоа Британците (и не само тие) мудро го искористија за да предизвикаат интерес кај новата генерација филмски уметници, настрана од она што го прават/правеа островските ветерани како Питер Гринавеј, Мајк Ли и (починатиот) Дерек Џарман.

Читај повеќе

Уверливо и животно

Осамени животни излегуваат надвор, во ноќта: дилери, курви, осаменици, зависници… Ова е само дел од впечатоците со кои Тревис Бикл, њујоршкиот таксист, во 1976 година го потресе светот во легендарниот „Таксист“, филм кој предизвика многу полемики и поделени мислења, филм кој широко ја отвори вратата на седмата уметност за два автора со сличен сензибилитет: Мартин Скорсезе и Пол Шредер. Овој пат ќе го величаме делото на Шредер, кој, по потписот на сценариото на споменатиот култен филм, стана еден од најценетите автори во светот. Не залудно Џон Милиус рекол: „Не ги почитувам многу денешните сценаристи. Но пред Пол Шредер длабоко се поклонувам“.

Читај повеќе

Матрикс – сајбер Хичкок

Доколку во последниве месеци сте приклучени на една од мрежите за комуникација на Интернет, стопроцентна е веројатноста дека нема да го избегнете прашањето: го гледаше ли „Матрикс“? Со тоа, и покрај падот на Берлинскиот ѕид, луѓето повторно се поделени на две страни: оние што не го гледале и оние што го гледале филмот. Слично како и поделбата на световите во самиот филм на: 1) Матрикс – или симулација на реалниот свет што го гледаме и уживаме насекаде околу нас, и 2) вистинската состојба на нештата, односно, светот од другата страна, светот без правила и пороци, во кој луѓето живеат слободно. вака поставените тези наведуваат на фактот дека најверојатно се работи за генерациски култен филм, но само доколку критериумите што владеат во изминатите век и кусур филмска историја малку опаднале, или напротив, драстично се изостриле. Одберете која пилула од овие две ја посакувате.

Читај повеќе

Спој на технологијата и човековото тело

Главен член на жирито на годинашниот Кански фестивал беше режисерот што, можеби, понуди најавтеничен пристап во историјата на филмската уметност, Дејвид Кроненберг. Со овој гест филмските работници конечно се смилуваа и некако тивко го признаа поразот на својата неразумност што траеше цели триесет години, од првиот снимен филм на Канаѓанецот, „Stereo“ (1969).

Читај повеќе