Келнерката ми го донесе нарачаното кафе. Убаво изгледа. Ми се насмевна. За момент погледна кон книгата што ја читам, но не ме праша за што се работи. И подобро. Кој ќе ѝ објаснува дека неодамна во мојата омилена книжарница наидов на ова непроценливо богатство, кое ме потсети на едни убави времиња кога мојот град дишеше сосема поинаку. Во моите пубертетски денови, слободата на движење низ градот за мене беше ултимативно правило. Начелата на панк движењето кон кое се стремев сè уште беа дел од мене, секако, во видоизменета форма, иако и на времето нив не ги сфаќав во буквална смисла, туку си ги толкував онака како што знаев и умеев. Тоа често пати ме доведуваше до конфликтни ситуации со ортодоксните, но мојата ќелава глава ги одвраќаше од намерите да ме подберат, иако и тоа во старт означуваше контрадикција, бидејќи скинхедсите и панкерите и не се мирисаа баш многу. Но, во нашиот град, под ова железно небо во боја на бамји, такви беа правилата на играта.
Поговор со мастило во боја на бамји
пишува: Оливера Ќорвезироска
Игор Анѓелков е автор со одличен творечки ритам, и во буквална и во метафорична смисла. За шест години – три книги, во три книги – суверена дефиниција за сопствениот раскажувачки интерес, јасно одреден, уште појасно следен и развиван. Како да ги надоврзува насловите еден на друг, како да ги (о)пишува градот и светот, улица по улица, фотографија по фотографија, песна по песна, вистина по вистина… Исто – за да се утврди препознатливоста, различно – за да се прослави поинаквоста. „Кротки приказни“, „Крај-пат“ и „Фото синтеза“ се една неформална трилогија која беспрекорно функционира во сите можни комбинации: 1-2-3; 1-3-2; 2-1-3; 2-3-1; дури и 3-1-2, па и 3-2-1! И уште повеќе од тоа, неформалната трилогија сосем суверено си опстојува и на единечно ниво. Романот „Фото синтеза“ е фина можност да се запознаете или срдечно да се поздравите со Анѓелков. Сосем сеедно за книжевната „претстава“ е каква ќе биде вашата улога како читател.
63 Берлинале во „Филмополис“ 427
Случувањата на првиот А-фестивал во вечерашниот магазин, вклучувајќи го и доделувањето на берлинските „Мечки“.
Читај повеќеБерлинале 2013 + Гас ван Сант + Вуди Ален… во „Филмополис“ 426
Во 426 издание на филмскиот магазин на ТВ Телма го бележиме стартот на 63 Берлинале, а се надоврзуваме со новите проекти на автори како Гас ван Сант, за на крај да влеземе под туш со њујоршкиот невротик Вуди Ален 😉
При распад на системот, Анѓа сепак одбра љубов
Интервју со Драгана Костадиновска, актерка
Иако македонската и светска премиера “Балканот не е мртов” ја доживеа на последното издание на фестивалот “Браќа Манаки” во септември минатата година, сепак, домашната публика во филмот на режисерот Александар Поповски, по текст на Дејан Дуковски, ќе може да ужива дури во следниот период. Носечката женска ролја, онаа на Анѓа, ја игра младата и перспективна актерка Драгана Костадиновска, која за прв толкува главна улога на големото платно. Во следните редови, освен за ова искуство, со Драгана промуабетивме и на други интересни теми
Санденс 2013 во „Филмополис“ 425
Случувањата на најценетиот фестивал на независни филмови „Санденс“ во Парк сити, Јута во фокус на новото издание на филмскиот магазин “Филмополис“.
Читај повеќеЖорж Мелиес во „Филмополис“ 424
Комплетна емисија посветена на еден од првите синеасти во историјата, и дефинитивно автор на првиот СФ филм „Патување на месечината“, Жорж Мелиес. Уживајте 😉
Читај повеќеПортрет на Тим Бартон во „Филмополис“ 423
Најголем предизвик при реализацијата на филмскиот магазин „Филмополис“ ми беа тематските емисии. Во архивата го лоцирав изданието број 423, во кое сум го портретирал холивудскиот вундеркинд Тим Бартон. Причината беше посетата на неговата прекрасна изложба во француската Кинотека, а башка што таа 2012 година беше актуелен дури со две целовечерни остварувања. Лудак!
Празнично издание на „Филмополис“ 421
Новогодишните и Божиќните празници 2013 ги честитаме со специјално издание на магазинот во кое доминира квалитетната филмска музика. Уживајте 😉
Читај повеќеОд Тарковски до Гринавеј во „Филмополис“ 419
Емисија во која веројатно насловот објаснува се’ – лепеза од филмски содржини и во ова издание на магазинот 😉