Случувањата на 34 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола во новото издание на филмскиот магазин на ТВ Телма.
![](https://herojnaedenden.mk/wp-content/uploads/2023/02/0-5.jpg)
Случувањата на 34 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола во новото издание на филмскиот магазин на ТВ Телма.
Отворањето на 34 издание на „Браќа Манаки“, годинашните лауреати + премиера на македонскиот филм „Соба со пијано“ во новото издание на магазинот.
Филмовите за кои највеќе се коментираше, вклучувајќи ги и годинашните лауреати, во новото издание на филмскиот магазин на ТВ Телма.
Случувањата на отворањето на јубилејната 70-та венециска Мостра и оние на 19 издание на Сараевскиот филмски фестивал, во вечерашниот филмски магазин на Телма.
Уште од почетоците на Македокс, желбата на двоецот Петра Селишкар и Бранд Феро беше еден нивни авторски филм да биде дел од фестивалската програма. Желбата конечно им се исполни, и во петокот вечер 4-то издание на Македокс го затвори „Мама Европа“, нивниот нов доку проект. По „Бабички на револуцијата“, не’ интересираше каква е врската меѓу претходниот и актуелниот филм, a Селишкар изјави дека е точно оти има некаква суптилна врска меѓу претходниот и актуелниот филм, пред се’ во духот на она што го раскажуваат, исатовремено нагласувајќи дека и обата проекти се важни бидејќи во нив соработувале документаристи од Словенија и од Македонија. Читај повеќе
Минатата година проектот “Скопје ремикс” ги претстави новите сили во македонскиот филм. Еден од тие девет режисери е и Даријан Пејовски, деновиве актуелен со својот нов краткометражен филм “409”, на кого му претстои вистинска летна фестивалска авантура. Даријан најавува работа на уште еден краток филм,и тоа ни помалку ни повеќе – хорор, што е редок жанр во нашата кинематографија, а потоа, се надева, ќе следи и најголемиот предизвик, дебитантско целовечерно остварување, за кое веќе има сценарио
Случувањата на филмските фестивали во Кан и Битола + прес конференција по повод новиот филм на Антонио Митриќески „Деца на сонцето“.
Во 437 издание на филмскиот магазин на ТВ Телма, разговор со српскиот режисер Срдан Голубовиќ, чиј актуелен филм „Кругови“ го отвори Скопскиот филмски фестивал.
Во август 2012 година го посетив(ме) Париз, и една од задолжителните дестинации за посета, ако не и најпосакуваната, беше француската Кинотека. Материјалот кој го извадивме не е којзнае каков, но ми се чини дека со додатни материјали успеавме да направиме една квалитетна 30-минутна емисија посветена на легендарната Кинотека во Париз.
На прашањето: Кој е најдобриот режисер на сите времиња?, многумина филмаџии и филмофили би одговориле дека тоа е едниот, единствен и ненадминат – Алфред Хичкок. На прва топка, веднаш можеме да наброиме неколку негови култни остварувања, но колку знаеме за неговиот приватен живот, за неговите соништа и опсесии? На ова прашање се обидуваат да ни одговорат двата актуелни филма „Девојката“ и „Хичкок“, кои кон крајот на минатата и на почетокот од оваа година предизвикуваат многу коментари, возбудувања и спротиставени толкувања.